JOHN NEWMAN во арена Борис Трајковски - 21.06.2016

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.402
Поени од реакции
13.719


JOHN NEWMAN ВО МАКЕДОНИЈА!
Почитувани,
Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека после „One Republic“, кои публиката имаше можност да ги види во јуни 2015 година, Авалон продукција се погрижи Скопје, Македонија и целиот регион во 2016-та, да видат уште една голема и актуелна глобална музичка атракција.
На 21 јуни во Скопје доаѓа извонредниот John Newman, едно од најпопуларните и најактуелни светски музички имиња во моментов, артист кој во изминатиов период има три UK No.1 синглови.
John Newman со своите 25 години за многу кратко време стана англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата. За неговата кариера клучна е соработката со групата „Rudimental“ и заедничката песна „Feel the Love“ која за кратко време стана светски хит. По вториот заеднички сингл со оваа група, насловен „Not Giving In“, набрзо следи и неговиот прв самостоен сингл „Love me Again“ каде се искачува на првото место на британските и светски топ листи, обезбедувајќи си влез и на американскиот музички пазар.
Во 2013 го издава својот прв деби албум насловен „Tribute“, од кој се издвојуваат неговите песни „Losing Sleep“, „Out of my Head“ и „Cheating“. Овој албум достигнува врвот на британските топ листи, симболично пред легендарниот Paul McCartney.
Минатата година, John Newman заедно со најбараниот диџеј и продуцент на денешницата Calvin Harris го снимија планетарниот хит „Blame“. Спотовите за горенаведените мегахитови во збир имаат речиси милијарда прегледи на „Youtube“, додека само Newman во изминативе две години има забележлив тираж од импресивни четири милиони примероци.
Неодамна, Newman го издаде својот втор студиски албум насловен „Revolve“, во кој се вклучени познатите песни „Come and Get it“ и „Tiring Game“. Во рамките на неговата летна турнеја во која го промовира албумот „Revolve“, John Newman ќе биде хедлајнер на неколку музички фестивали, каде ќе го посети и Скопје.
Авалон продукција ова лето ќе направи неколку концерти на John Newman во регионот, од кој што првиот ќе биде во Скопје на 21 јуни.
Сите детали за концертот на John Newman во арена „Борис Трајковски“ ќе бидат познати во среда во 21 часот. Влезниците, пак, ќе бидат во продажба од 8-ми февруари.
Авалон продукција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom