Јавен интерес

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Член 56 од Уставот вака ги дефинира добрата од општ интерес:
.........................
Член 56
Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата
во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско
значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат
посебна заштита.
Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и
уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите, како и на добрата
кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.
Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес
за Републиката можат да се отстапат на користење.
........................
Meѓутоа под јавен интерес не се само ствари, туку и човечки активност.
На пример, дали некој наш спортист ќе победи или изгуби на некое такмичење - тоа за сите нас значи.
Затоа предлагам Litajko да поблиску дефинира за што ќе дискутираме
Само за Пандев не важи (од спортистите )
 
И сега каде е интересот на Наум од Охрид за имотот на Трајче во Струмица
Коа веќе вака арбитрарно го постави прашањето:
Наум од Охрид сака да извезува за Бугарија преку граничниот премин* кој ќе се изгради на имотот на Траче. Преминот ќе придонесе за побрзо движење на стоките и помали трошоци на транспортерите, а со тоа и помали издатоци кај Траче од Охрид, Петко од Скопје, Саше од Кавадарци.
Ако алудираш на некој конкретен пример биди попрецизен.
Ако сакаш да развиеш филозофска дискусија за улогата на државата или пак јавноста во животото на поединецот, слободно наведи не натаму.
Интересна тема за дискутирање , што подразбирате вие под јавен интерес , кој одредува кои дела се од јавен интерес ?​
Вака во темава само ќе се "шалтаме" во екстреми.

*Имотот на Траче од Струмица се наоѓа на самата граница со Бугарија.
 
Примеро е шо владата смени законо за земјиштето на црквата да го напраа од јавен интерес, и после даде го на Субрата Рој... ;)
Сменија оште 2 други закони само и само он да дојде...
 
И сега каде е интересот на Наум од Охрид за имотот на Трајче во Струмица

Јавен интерес не се дефинира како интерес на поединецот туку сеопшт. Го дефинираат закони кои ги донесува и спроведува институција за која гласал народот.
 
Јавен интерес не се дефинира како интерес на поединецот туку сеопшт. Го дефинираат закони кои ги донесува и спроведува институција за која гласал народот.

Дали кога таа легитимно избрана власт смета дека е од Јавен интерес да се убијат сите роми во Македонија , тоа ќе биде навистина јавен интерес......
 
Дали кога таа легитимно избрана власт смета дека е од Јавен интерес да се убијат сите роми во Македонија , тоа ќе биде навистина јавен интерес......

Се што не е илегализирано со закон е легално. Доколку населението смета дека некоја одлука на власта е неоправдана истото поседува уставно право на протести. Самиот јавен интерес е дефиниран исклучиво законски.
 
Не заборавај дека и уставот и законите се менливи.... И се што моментално е нелегално лесно може да стане легално и тоа од ЈАВЕН ИНТЕРЕС преку институциите на власта..
 
Дали кога таа легитимно избрана власт смета дека е од Јавен интерес да се убијат сите роми во Македонија , тоа ќе биде навистина јавен интерес......
Да, доколку јавноста смета дека тоа ѝ е од интерес и го подржува процесот. Има доста примери низ историјата за ова.
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 18:13 ---
Не заборавај дека и уставот и законите се менливи.... И се што моментално е нелегално лесно може да стане легално и тоа од ЈАВЕН ИНТЕРЕС преку институциите на власта..
Да бе да, така е во демократски систем. Со тоа што кај сите случаи се јавува јавна дебата за и опозиција на процесот во прашање.
 
Да, доколку јавноста смета дека тоа ѝ е од интерес и го подржува процесот. Има доста примери низ историјата за ова.

На пример доаѓа на власт некоја централно ориентирана партија. И сега со самото тоа што е легитимен претставник на волјата на гласачите може да прави што сака ?
 
законите се носат у парламент со гласање и воедно не смеат да се судрат со основните закони за човековите права (живот итн)...пошто ќе ти влезат НАТО со се ЕУ и ако убиваш цигани, ќе те силуваат. Малце потешко им иде со шериатскиве земји околу тоа, али мање више напредуваат... Секако може да ги избркаш ромите, како у Франција што направија:P. И не, Судството секогаш го има последниот збор. Така да практично не можеш да носиш било каков закон и потоа да го спроведуваш во името на јавниот интерес.
 
Не заборавај дека и уставот и законите се менливи.... И се што моментално е нелегално лесно може да стане легално и тоа од ЈАВЕН ИНТЕРЕС преку институциите на власта..

Во добро осмислени устави како тој на САД, промените се скоро невозможни. А од друга страна, иако си во право сепак за да се постигнат радикални промени во дефинициите на што се спаѓа во јавен интерес треба измените да пројдат низ триста одобренија.
 
На пример доаѓа на власт некоја централно ориентирана партија. И сега со самото тоа што е легитимен претставник на волјата на гласачите може да прави што сака ?
Во принцип секој на власт може да прави шо сака, ама делата имаат цена. Ако наведената партија дојде на власт и повика на етничко чистење, кога тогаш ќе дојде до промена кај сфаќањата на мнозинството и истата ќе одговара за своите дела.
Затоа го имаме Уставот, јавниот поредок, законите, узансите. Сѐ се тоа правила на игра. Кој се држи до нив, неговите постапки стекнуваат одреден степен на легитимитет.
Аналоген пример на твојов е Чика Адолф со Евреите или пак Слобо.
 
Абе Пирате , зошто мора преку мојот имот на пример да минува патот. Кој е интересот на јавноста ( т.е ЈАВЕН ИНТЕРЕС ) патот да минува преку мојот имот.
Не знам дали си бил во Штип, за идниов мандат планираат да прошират еден пат кој сега е едносмерен и има место колку за едно тико да помине. За да се прошири треба да се срушат 12 куќи покрај патот. Ете ти пример :)
 
Во добро осмислени устави како тој на САД, промените се скоро невозможни. А од друга страна, иако си во право сепак за да се постигнат радикални промени во дефинициите на што се спаѓа во јавен интерес треба измените да пројдат низ триста одобренија.
Кина има устав кој ја гарантира приватната сопственост, индивидуалните права и ја ограничува цензурата. Истиот е игнориран веќе повеќе од 50 години. Значи во прашање е системот , кој повторно е одобрен од граѓаните и е она што го сметаат од интерес.;)
 
???
Колку што знам законски земјиштето и припаѓа на државата во Кина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom