Изненадени сте самите од себе (како, кога, зошто)?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dj_Madness
  • Време на започнување Време на започнување
Сaм да се изненадам неможам,оти знам какво говедо сум си.Оставам другите да бидат изненадени од моите постапки.
 
...увек ај ем супрајс од самата себе..хаха...ама тоа е тоа:vozbud:..а и увек се изненадуаа од мене:toe:
 
Не се изненадувам туку се плашам самата од себе...
За многу работи што ги имам направено ама не се плашам зашто сум ги направила истите туку се плашам затоа што не бев свесна како/зашто и поради што а богами и уште не сум свесна и не ми е јасно...:)))
 
Се изненадувам и тоа најчесто кога сум у цајтнут (читај кога ќе дојде јајцето на газот)Правам чекори толку брзи а толку спретни што понекогаш и ме плаши тоа.
 
Се изненадувам. Полна сум со изненадувања како киндер јајце - никогаш не знам што ќе добијам.

Ќе направам некоја постапка и се чудам, си викам не сум ова јас. Изгледа не се познавам доволно себеси.:pipi:
 
Се има случено, додуша ретко.
Еден од случаите кога се изненадив од сам себе е кога успеав на приемниот испит на факултет да ги имам сите максимум бодови, од причина што одаааааааааааамна немав имано таков максимален успех (на тестови, контролни и сл.) освен на диктатите по германски јазик :pos:

Друг пат, кога му вратив на татко ми за некои здодевни животни лекции, едноставно ми се собра и ми прекипи и морав да вратам, а се однесуваше на доста долго солење памет :)

Трет пат, се изненадувам како тоа од доста дружељубиво и отворено дете со куп познанства, се сведов на минималност, затвореност и рамнодушност кон се.
 
Не ме запрепастуваат толку моите дела, колку што може да ме запрепасти реакцијата од околината на истите.
Ал шо ми е гајле:pipi:
 
Се изненадив како ми беа се` петки со моето (не)учење :pipi:
 
Еве баш преска се изненадив колку добро сум играл билјард, го победив најјакиот таму што кисне по цели денови на билјард. А ја еднаш месечно играм само, како што бев ја изненаден тој беше уште повеќе пошто сите ме знаеа како "дупка", али не повеќе хехехех:baeh:
 
Има моменти коа сум многу храбра за некои постапки, покасно се чудам на самата себе си од каде толкава храброст, си велам не сум тоа јас, неможам да направам такво нешто. Ова обично коа сум нервозна и ќе направам нешто, најчесто непромислено
 
Ооууууу го знам чувството, кај мене најчесто е проследено со гоооооолемо изненадување и среќа ... !!!* :wink:
 
ке се изненадам кога ке си најдам добри другари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom