Изместени пршлени / крива кичма

  • Креатор на темата Креатор на темата Pirana_1996
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум со дијагноза дископатија и ишијалгија.
Закажав кај еден физиотерапевт терапии. Бидејќи ме боли, ми рече прво ќе почнеме ао електротерапија, па после со физикална за да ја намалиме болката.
Дали сте биле на електротерапија? Како е? Дали боли, дали може да наштети повеќе или не? Поздрав
 
Физикална терапија со ултразвук апарат

1000011681.jpg

...во физикалната терапија важно место завзема и ултразвук апаратот, еве моментално го користам неговиот бенефит врз долниот дел на кичмата.:P

...да се потсетиме како работи самиот апарат и како приклучокот на електрична струја во апаратот генераторот на наизменична струја и сондата во која се наоѓа пиезоелектричен кристал кој во контакт со струја овие кристали ја трансформираат електричната енергија во ултразвучен бран .

...разликуваме површинско и длабинско дејство на тој ултразвук зависно од фрекфенциите кои ќе бидат употребени.

... трапевтските ефекти на ултразвукот се механички кога вибрациите на молекулите во ткивата создаваат механички ефект кој може да навлезе длабоко во тикивата од 3-5cm и по неколку минути да предизвика локално зголемување на темпретатурата кој води до вазодилитација и забрзување на лимфниот проток , дополнително и кружното микромасажно делување на кружните движења на сондата што го прави физиотерапевтот.

... зголемување на температурата локално на местото каде претходно се става гел со лек диклофенак поминуваме кружно со сондата ги има следниве терпевтски придобивки;

1000011680.jpg

- подобрување на циркулацијата после вазодилитација на ткивата
- намалување на активноста на симпатикусот кое води до намалување на мускулниот тонус и намалување на болката.
- апсорбцијата на ултразвук доведува до зголемување на еластичноста на ткивата и нивна полесна регенерација, потади зголемување на пермеабилноста на клеточната мембрана.

- подобрување на оксидациските и репродукциски процеси во ткивата , го стимулира дејството на фамаколошките активни супстанци во ткивата како физичко хемиски бенефит од ултразвук.

- интензитетот, фрекфенцијата и времетраењето на терапијата придонесува до видливи биолошки ефекти, во состојба на вазодилатација и хиперемија се зголемува транспортот на воспалителните и распадни продукти, а со механичкото дејство се одвиваат важни промени во колагенските влакна, така да општото дејство на ултразвукот е преку вегетативниот нервен систем .

... вибрациското дејство на ултразвукот на симпатичките нерви води кон спазмолитичко дејство, односно го намалува тонусот на симпатикусот.

...примена на апаратот со ултразвучна терапија при мускулни грчеви и болни состојби, ограничени движења во зглобовите, хроничен артритис, воспалителен реваматизам, фиброза, мускулни хематоми, хронични болести на периферните крвни садови (вазоспазам), акутни спортски повреди на мускули,зглобови и тетиви.

... со примената на повисоки фрекфенции ефектот на ултразвукот не толку длабок од 3- 5 cm и кинетичката енергија на ултразвучните бранови се разнесува во кожата и подкожата, па со ова всушност може да се третира оштетена кожа, хронична рана, лузни и за козметички цели .

1000011683.jpg

1000011682.jpg
П.С.
...за козметички естетски цели и за релаксирање на мускулите во домашни услови си купив еден со две сонди- 30Е,
 
Последно уредено од модератор:
Дијадинамските струи - Дијадинамик апарат

1000011809.jpg images.jpgtre.jpg

...интересно да нив ги дизајнирал и воедно ги применил францускиот стоматолог Пјер Бернар, поради тоа се нарекуваат и Бернарови струии, иако последната модулација не е создадена од Бернар, но е дел од оваа серија на нискофреквентни струи.

... дијадинамските струи претставуваат еднонасочни нискофреквентни струи со фреквенција од 50 и 100 Hz и траење на импулсот од 10 ms, овие модулации се комбинираат со галванска струја (база) која е со низок интензитет од најмногу 2-3 mA, и со кратко траење, кое е обично во периодите на менување на половите на електродите.

1000011808.jpg Estfire-9.jpg

...е сега искористеноста на овие струи во физикална терапија се: аналгетско, вазодилатација, хиперемија, ја подобрува трофиката на ткивата и ја подобрува ресорпцијата на отокот и хематомот, го намалува тонусот на попречно пругастата мускулатура со што наоѓаат примена кај: невралгии, неврит, цервикален и лумбален синдром, радикулопатии, миофасцијален синдром, мијалгии, периартрити, епикондилит, ентезит, артрози, артрит, посттрауматски состојби (дисторзии, контузии, ликсации, сублуксации).
 
Последно уредено:
Галванизација методи на лекување - Галван апарат

1000011842.png

...галванска струја е еднонасочна константна струја која не ја менува насоката, јачината и напонот, примена на галванска струја во лекување се нарекува и медицинска галванизација, галванска терапија или галванотерапија.

... во тераписки цели се применува галванска струја со напон од 30 до 60 V и јачина на струјата од 0 до 80 mA, при физикална терапија на низа трауматски и дегенеративни состојби на зглобовите, нервите, крвните садови, мускулите.

1000011846.jpg

- преку две електроди се применува ефект на кожата и ткивата на телото под влијание на електролитска дисоцијација користејќи ги својствата на постојана фреквенција, низок напон и мала моќ со што се распределува на јони како сложен збир на физичко-хемиските процеси кои резултираат во промена во клеточната пропустливост на мембраната, на ниво на ензимската активност на метаболички процеси.

1000011847.jpg

... апаратот за галванизација има две електроди - катодна, со што се намалува способноста на ткивото на стимулација и анодна, со што се зголемува оваа способност, но применливо само кај оние кои се способни за спроведување на галванска струја.

...за разлика од другите апарати, кај галван треба да се внимава и индивидуално да се применува кај пациентите и интензитетот и времетраење на приклучените електроди, не се применува;
-при гнојни и воспалителни процеси во акутната фаза.
- преосетливост на ефектот на електрична струја.
- болести на крвниот систем.
- механичка траума на кожата на наменетата местото на поставување електрода.
- периодот на бременоста.
- присуство на малигни заболувања.
- тешка хипертензија (крвен притисок со епизоди до 180/100 mm Hg).
- атријална фибрилација.

1000011848.jpg

.. во текот на постапката на примена на галван апарат при физикална терапија, мора да го следат укажувањата на уредот, спречување на вишокот на струја инсталирана моќност, како и субјективна подносливост на пациентот за да се спречи било каква болка до иритација и можни изгоретини.

1000011844.jpg

... субјективно време на галванизација процедурата е кога пациентот при правилно дадена ампеража чувствува грчеви, парестезии во форма на ,,игли" и вибрации на кожата под електроди со што треба да се намали јачината.

...под влијание на катодната електрода, можна е иритација повеќе отколку во местото на анодна електрода.

... кога има сензации во форма на чувство на горење или болка треба постепено да се вклучи апаратот и повторно да се продолжи со постапката со поставување со помал интензитет.

...дури има случаеви за да се спречи луштење на горниот слој на кожата во текот на третманот се препорачува мачкање на тенок вазелин.

1000011845.jpg

... по 5-6 третмани може да биде влошување на хронична болест со интензивирање на симптомите, па треба пациентите да бидат информирани дека овој ефект не е влошување на текот на болеста, како и доказ за позитивен ефект на постапката за третман.

1000011843.jpg

...лично, галванот третманот го имам со една електрода на стапалото со друга на кичмата и баш не ми е пријатен 15 минутен проток на струја токму појачувани други симптоми кои не се поврзани со физикална терапија, а се предизвикани појачано од истата, така да лично ич не го сакам овој галван апарат, ама кога се мора- се мора, ќе издржиме :D
 
Последно уредено:
Инфрацрвено зрачење - Инфрацрвена ламба

1000011875.png
1000011873.jpg

... сите знаеме дека природен извор на термичко инфрацрвено зрачење е Сонцето, покрај термичките (топлински) ефекти, постојат и други ефекти на инфрацрвеното зрачење, поради што се користат практични вештачки извори како што се инфрацрвените ламби наменети за физикална терапија.

...примена и во домашни услови на една средно голема инфрацрвена ламба која може да се купи до 2000 ден.

... инаку примената на инфрацрвени зраци на површината на кожата ги стимулира метаболичките процеси во областа на загреаното ткиво, најзначајниот и највидлив ефект е хиперемијата, т.е. појава на црвенило на кожата, кое се јавува како резултат на ширењето (вазодилатацијата) на капиларите во кожата и поткожното ткиво, со локално зголемување на температурата на кожата и поткожното ткиво може да трае неколку часа.

1000011876.jpg

... инфрацрвените зраци продираат во кожата и поткожното ткиво до 5 cm, што доведува до подобрена циркулација на крвта на местото на загревање, а со тоа и до намалување на мускулната напнатост (тонус) и мускулна релаксација.

примена наоѓа при :
-болки во мускулите, мускулни грчеви со зголемена мускулна напнатост,

- кај болки во зглобовите предизвикани од артритис и остеоартритис
во случај на хронични проблеми со синусите (потребно е да се заштитат очите при нанесување)
- за закрепнување на стегнати периферни нерви
- при болка во 'рбетот, како кај мене сега :D

1000011877.jpg

... директен контакт светилката треба да се постави на околу 30 см од површината на кожата, за да се постигне пријатно чувство на топлина и затоплување, а не ,,да изгориме", третманот може да трае од 15 до 30 минути во зависност од индивидуалните потреби, а нанесување на лицето, потребно е да се заштитат очите со очила за сонце или да се затворат очите. :ljubove:
 
Aj da ne se machis od romani pishuvanje,
Crvena Lamba koristam redovno za muskulni i zglobni tegobi kako i za glavobolki.
Odlichna rabota.

Za zglobovi or Arthrose i Bigor vo zglobovi podobro od ECHO terapija ne postoi.

I ushte edna rabota koja shto pomaga a imame pishuvano BIOPTRON Lamba dokolku nekoj mozhi da si ja dozvoli ( ca. 1000€) da ja kupi ili vo nekoja Ambulanta
 
Веќе 5 години ме боли рамото едвај спијам на левата страна,тоа ми е од што го дигав син ми дур беше бебе, да го бањам во лавабо со една рака,со левата го држев а со десната го бањав,да напоменам дека син ми како бебе брзо накачи килажа, и веќе во 6 тиот месец беше 11 килограми, што не е многу за да држиш со една рака, но ете изгледа мојов зглоб е осетлив,или што и да сум истегнала, важно дека еве веќе 5-та година ме боли хронична е болката. Чаре? Само без исмевање сега ако се може.
 
...не се мачам да пишувам, а најмалку се ,,фермани" , а тоа го правам додека временски ја поминувам физикалната терапија некако веднаш поминува 15мин на секој апарат, а не е лошо да чита народ, не знам зашто не е позитивно прифатено од твоја страна мојот труд. :(

...прво што треба да направиш е РТГ снимка, без тоа не почнуваш ништо!
 
Ne mislev da te navredam i te pochituvam.
Samo gledash kako i sekoj den che dojdi nekoj drug i pak ce ti kritikuva.

Sakav samo da se nadovrzam so moeto iskustvo.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom