За многу банална и едноставна ситуација отвараш цела тема на форумов,а реално нема потреба од многу мудрувања и советувања бидејќи работата е многу лесна.
Јас би ти одговорил со прашање-дали ти сметаш дека не е добро да излезеш со девојката која ти се допаѓа и дали јас сум фактор во твојот живот и дали би ме послушал ако ти кажам дека не е воопшто добро да го направиш тоа и најубаво би било да си седиш дома и да не се замараш со својата среќа?Со ваква самодоверба не очекувај женска да ќариш.
Ако веќе имаш мобилен од девојката,бидејќи спомна пораки,земи слободно јави и се,направете си ред муабетчиња и покани ја да излезете на кафе.Ако немаш,јас би ти препорачал да создадеш ситуација да те викне другарката кај неа дома на кафе или измисли било што за да наминеш до кај неа(на пример итно ти треба некоја книга или штотијазнам) и побарај број од девојката додека другарката ти вари кафе или ја бара книгата(карикирам).Многу е важно да не ја прашаш дали она може да ти го даде бројот,туку машки побарај го,да сфати дека ти тоа од неа го очекуваш како нешто нормално,а не чекаш од неа да ти одоброволува.