kajgana.com
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го отвори прашањето за повлекување на САД од НАТО, овој пат со многу посериозен тон отколку порано, во услови на војна со Иран и зголемени тензии на Блискиот Исток. Во интервју за The Telegraph, тој рече дека сериозно размислува за таков потег, нарекувајќи го НАТО „хартиен тигар“ и тврдејќи дека алијансата повеќе не функционира како што треба.
„
НАТО денес е непрепознатлив. Никогаш не ме убеди. Секогаш знаев дека се хартиен тигар, а и Путин го знае тоа“, рече Трамп.