И од 
мерка 7 мислам можеш за такви работи
Промоција на 
руралниот туризам – (сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, готвење и служење на храна, соби за дегустација/продажба, рурални музеи, простории за семинари/обуки, едукативни фарми, рекреативни активности за туристите)
Инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат 
традиционалниот стил на градба.
Доколку барателот е 
физичко лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:
- 10 соби (20 гости);
 
- 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости);
 
- 50 гости за ресторански услуги.
 
Доколку барателот е 
правно лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:
- 20 соби (50 гости);
 
- 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости);
 
- 150 гости за ресторански услуги