Баткава ги збунува на сите доктори. Тврди дека не јаде и не пие со децении а е во добра здравствена состојба и тоа со 83 години..
Yogi Prahlad Jani тврди дека живее без храна и вода над 70 год. и тоа благодарение на медитацијата и како што тој вика благословот од господ.
Во местото Ахмедабад, северо западно од Мумбаи лежи во болница за испитување. Цел на испитувањата е да ја разјаснат оваа мистерија. Му даваат само 100 мл вода за миење на устата и ја мерат после плунката да проверат дали чоеков голтнал некоја капка.
Го испитува директорот на институтот за физиологија и наменети науки на министерството за одбрана.
Со оваа студија се надеваат да изнајдат стратегии за преживување во екстремни ситуации, при природни катастрофи или при мисии во космосот, како на пр. патување до месечината или марс.
Го донесле прошлиот четврток и од тогаш не се напил ни капка вода ни јадел а и не го користел тоалетот.
Следни тестирања ќе бидат скенирања на телото, и активноста на срцето и мозокот.
Први тестирања со баткава се направени 2003..
Иначе нормални луѓе можат во екстремни ситуации според експертите максимално до 60 дена да изджат без храна и ама под услов да земаат течности. Без теќности само неколку денови се издржува.
Целиот текст со видео на англиски овде:
http://english.ntdtv.com/ntdtv_en/ns_offbeat/2010-04-28/655735647279.html
Еве фотка од „штрајкувачов со глад„