Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ne e do mudata, tuku e do ak'lot!
ТВ дуел, нека има, нека нема, се исто ми е мене.

Ништо ново нема да чујам.

И на ТВ дуелот ќе биде како на кајгана, ќе биде како Сувисајд да полемизира со Битуше.

Помалку ме интересира кој ќе биде новиот кандидат за лирџет или кингер несреќа, повеќе ме интересира што правиме на локално??
 
Проблемот е шо фрчле се однесува како некое аздисано маалско дерле па само лае ли лае за се’ и секого.
Така си е, нема збор!
Аргумент за да се одбие дебата е лесно да се најде. Барањето извинување за наводни навреди, тврдењето дека ривалот се обраќа на недостоен начин, како што тоа своевремено го направи Глигоров, а сега и Иванов, повеќе е тактика за неправење грешки, за зихерашки настап, отколку вистински аргумент за одбегнување дуел. Впрочем, дуелите се прават токму за јавноста да добие целосна слика какви се личностите што претендираат да носат одлуки за важни државни прашања. Може ли одредена личност да се бори за функцијата претседател, а да нема елементарна храброст и доблест да се соочи со своите противкандидати? Не може. Тоа е освоен демократски стандард и враќање назад - нема!
 
ФРЧКО БЕГА ОД ДУЕЛ??

Љубомир Данаилов Фрчкоски, претседателскиот кандидат на СДСМ и на НСДП, нема посебна желба да дебатира со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Sega koj bega od kogo?
Не бре Garfield, тоа Трн се служи со комуњарски финти и се обидува да манипулира... Од 200 збора, си издвојува 10-тина што нему му се допаѓаат!
Еве ја целата вест:
По предавањето во Академијата за обука на обвинители и судии, за постапките пред меѓународните судови, Фрчковски рече и дека нема посебна желба да дебатира со Иванов, за кого вели дека, освен мерак да биде претседател, нема никакви посебни познавања ни од внатрешната ниту од надворешната политика, но јавните дебати, нагласи, се должност на кандидатите пред гласачите.
- Ние нема да се жениме или мажиме еден за друг, па да му се извинувам, дуелите се наша обврска пред гласачите. Александар Бичиклиски, кој секојдневно се појавува во јавност, повеќе личи на кандидат од Иванов, кого ВМРО ДПМНЕ се обидува на носилка да го истурка низ кампањата, рече Фрчковски.

И независниот кандидат Љубе Бошкоски има слично гледиште во однос на јавните дебати. тој изјави дека ќе прифати тв дуел со било кој противкандидат или пак јавна дебата.
- Ние не бираме фикус за претседател, дебатите се начин да се претстави нашата програма, изјави Љубе Бошкоски.
 
Sega koj bega od kogo?
Ivanov od Frle i toa kako poparen

FirstHamiltonBurrDuel1.jpg
 
:tv:
Не бре Garfield, тоа Трн се служи со комуњарски финти и се обидува да манипулира... Од 200 збора, си издвојува 10-тина што нему му се допаѓаат!

Хуахаухааа си ги издаваш методите а :smir:
 
Нема да има дуел сигурно. Фрчковски не се извинува за глупостите што ги има истресено, а на Иванов не му одговара затоа што е во предност.
 
Нема да има дуел сигурно. Фрчковски не се извинува за глупостите што ги има истресено, а на Иванов не му одговара затоа што е во предност.

Ако треба 100 пати ќе повторам. Нека не се заведува јавноста, НЕМА ПОТРЕБА ОД ДУЕЛ. Треба соочување на претседателските кандидати а ги има СЕДУМ, а ДУЕЛ значи соочување на двајца.

Еве денес Љубе, Мируше и уште кој беше, тројца веќе прифатија. И Селмани мислам дека е за, и Нано. Или да поедноставам нема тие што да прифаќаат, тие се должни да се претстават на јавноста и да ги соочат своите ставови, а не со прес конференции на конференции па на нив пак конференции. Освен за оние кандидати кои не знаат што значи демократија, а такви не и требаат на демократска земја.

Мене не ме интересира што има да каже ниту Бичиклиски ниту Емилијан ниту Панде, мене ме интересираат кандидатите.
 
кој не би бегал од таква мифка како Фрле?

(инаку јас би да гледам дуел, поготово со фрле у комбинација...сеир невиден)
 
Ако треба 100 пати ќе повторам. Нека не се заведува јавноста, НЕМА ПОТРЕБА ОД ДУЕЛ. Треба соочување на претседателските кандидати а ги има СЕДУМ, а ДУЕЛ значи соочување на двајца.

Еве денес Љубе, Мируше и уште кој беше, тројца веќе прифатија. И Селмани мислам дека е за, и Нано. Или да поедноставам нема тие што да прифаќаат, тие се должни да се претстават на јавноста и да ги соочат своите ставови, а не со прес конференции на конференции па на нив пак конференции. Освен за оние кандидати кои не знаат што значи демократија, а такви не и требаат на демократска земја.

Мене не ме интересира што има да каже ниту Бичиклиски ниту Емилијан ниту Панде, мене ме интересираат кандидатите.
Да направат нешто на елиминации, двајца по двајца, па победниците, а Мируше како женско да се вклучи во некоја подоцнежна фаза :)

Иванов се понаша како Црногорците...

Он ме јури ка кукавица, а ја бијежим ка сокол!

Јас би рекол повеќе дека Фрчкоски се однесува како камиказа.
Или како коцкар со последните пари во џебот.
 
Со таква конкуренција, би било чудно да не е во предност.

Неговата конкуренција пред 7 години му беше сопартиец и тој беше поддржувач на неговата идеологија. Затоа само дуел може да ги разреши сите дилеми околу Бившиот Социјал Демократ и неговото вработување на Правниот Факултет. Ама нормално ќе се бега како од Женски Фустан шо се бегаше на времето.
 
НЕ Е ТОЛКУ ДОБАР ИВАНОВ КОЛКУ ШТО МУ Е МИЗЕРНА КОНКУРЕНЦИЈАТА!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom