Партиски неопределени не влегуваат на подфорум за политика. Одат обично во љубов и секс, играчница...чим си влегол овде и критикуваш/браниш некоја политичка опција, во ист бубањ си ко другите.
И тоа не е ништо страшно, напротив, лошо е човек да нема сопствен став. А уште полошо е неговиот став да е секогаш идентичен со ставот на партијата која ја брани. За некое чудо, таквите неопределени секогаш бранат иста партија.
Нема неопределени. Има определени кои се членови, и определени кои се само симпатизери. Има и мал број кои се само критизери, без симпатии кон некоја партија, но кои од дно на душа мрзат некоја партија. Но, и тоа ги прави определени, против некого.