Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Бошкоски рече на интервју на Алфа дека нема да се кандидира на изборот на ВМРО зашто смета дека веќе еден од кандидатите е фаворизиран (Иванов) со тоа што сите министри го поддржале и нема логика да се пријавува.

Тоа е позитивно за СДСМ, на тој начин дел од гласачкотот тело на Вмро, како што рече Бошковски најголем дел од месните и општинските заедници на Вмро ќе го поддржат, а тоа ќе доведе до намалување на гласовите за Иванов, кој реално ѓи добива благодарение на моментално големиот рејтинг (колку вистинит) на владејачката партија.
Евентуално ако СДСМ оди со Ќерим, тогаш трката станува навистина мртва, а нема да е чудо за мнозинството (според рејтингот де) ако победи СДСМ.
 
Епа реален-07 еве имам предлог за тебе, доколку секој од нив ни сервира обланди, што викаш да се откажеме од поддршката кон сите нив.

Зашто да се делиме и бираме кога сите се иста боја само различни нијанси?

:wink:

З'ш бе ... сум изигнориран вака политички :jaj:

Не пушта срце...да сљомјемо Бранково...
 
Бошкоски рече на интервју на Алфа дека нема да се кандидира на изборот на ВМРО зашто смета дека веќе еден од кандидатите е фаворизиран (Иванов) со тоа што сите министри го поддржале и нема логика да се пријавува.

па ѓорѓе воопшто не се пријави на јавниот конкурс за кандидат за претседател. го пријави ставревски со група инелектуалци од партијата. овој независниов нели воопшто не знаел. што ми глумат сега тука конкурс ова, она. сега тргнаа во акција па од демек независни интелектуалци од типот на ѓорѓе почнаа да збират потписи, за да му речат на народот еве глејте колку нашиов кандидат е поддржан од превртливци, а такви ги има еден куп кај нас.

абе ако треба за кандидат на дуи ќе гласам, за оваков безличник не се брукам.
 
Тоа е позитивно за СДСМ, на тој начин дел од гласачкотот тело на Вмро, како што рече Бошковски најголем дел од месните и општинските заедници на Вмро ќе го поддржат, а тоа ќе доведе до намалување на гласовите за Иванов, кој реално ѓи добива благодарение на моментално големиот рејтинг (колку вистинит) на владејачката партија.
Евентуално ако СДСМ оди со Ќерим, тогаш трката станува навистина мртва, а нема да е чудо за мнозинството (според рејтингот де) ако победи СДСМ.

Хехе, наивноста на СДСМ не им дозволува да ја видат скриената опасност, но секој има право за еуфорија :)

Затоа што Љубе ќе се кандидира како „независен„ и така ќе сосема еднакво пропорционално ќе одземе гласови и од СДСМ :) чии симпатии ги доби со “обете ручки“.

И досегашнава дискусија тоа го потврдува.
 
па ѓорѓе воопшто не се пријави на јавниот конкурс за кандидат за претседател. го пријави ставревски со група инелектуалци од партијата. овој независниов нели воопшто не знаел. што ми глумат сега тука конкурс ова, она. сега тргнаа во акција па од демек независни интелектуалци од типот на ѓорѓе почнаа да збират потписи, за да му речат на народот еве глејте колку нашиов кандидат е поддржан од превртливци, а такви ги има еден куп кај нас.

абе ако треба за кандидат на дуи ќе гласам, за оваков безличник не се брукам.

Ама и кај Ристевски биле истиот оној Ристевски комуњарот што не вредеше :pos2:
 
Хехе, наивноста на СДСМ не им дозволува да ја видат скриената опасност, но секој има право за еуфорија :)

Затоа што Љубе ќе се кандидира како „независен„ и така ќе сосема еднакво пропорционално ќе одземе гласови и од СДСМ :) чии симпатии ги доби со “обете ручки“.

И досегашнава дискусија тоа го потврдува.

Подобро Бошковски, отколку некој човек кои за мнозинството во Македонија е Анонимец, а повеќе од јасно е дека ќе биде само маскота во претседателската фотелја.
 
Разговор со Ѓорѓе Иванов

БиБиСи разговараше со Ѓорѓе Иванов за мотивите зошто се кандидирал, за неговиот став кон македонскиот модел на демократија, за односите со Грција.

БиБиСи: Дали сметате дека можете да бидете претседател на сите граѓани независно од етничката припадност?

-„Со самото тоа што се сум се нафатил да бидам кандидат се потврдува тоа. Во сите мои излагања приоритет била Македонија без разлика за кого станува збор.“

БиБиСи: Каков ви е ставот за Охридскиот договор?

-„Охрид стана наш устав. Влеговме во друг концепт по Охридскиот договор и концептот на мултиетничка демократија е на сцена.“

БиБиСи: Доколку победите на изборите ќе имате одредени овластувања во спорот за името со Грција. Дали имате разработено стратегија за ова прашање?

-„Такви прашања се' уште се во надлежност на актуелните политичари, они решаваат.“

БиБиСи: Каде се гледате себеси во политичката дебата за европската перспектива на Македонија и за националниот идентитет?

-„Самото тоа кои луѓе застанаа зад кандидатурата покажува дека има еден круг на луѓе кои сакаат Македонија да успее, да биде нормална држава, европска држава, во која се вреднуваат врз основа на принципи кои се изградени во модерни демократии. Се согласив со нивниот предлог бидејќи конечно се вршат промени во државата кои одат на добро, покрај сите тие напади клевети, се' што ги има од тие што ги губат привилегиите?“

БиБиСи: Значи чувствувате дека не е завршено расчистувањето со стариот систем?

-„Па тие структури уште живеат кај нас. И тоа ни е тој баласт, олово на нозе што не дозволува Македонија да биде дел од нормалните држави и демократии. Старите структури уште владеат, старата инфраструктура. Земете ја цела јавна сфера наша. Така што тука сме многу, многу назад и затоа ни е таква состојбата во јавниот простор. Нема визии, нема концепт, туку само плукање, омаловажување и зошто некој не ја држи главната линија што ја промовира Б.Ц.“

БиБиСи: Каде ги гледате вашите политички идоли? Чиј пример би сакале да го следите?

-„Хавел беше периодот кога се рушеше комунизмот и он собра околу него интелектуалци кои беа на маргините на општеството од комунистичките структури собрани. И тие се собраа и покажаа дека со 'кадифена' револуција може да се смени системот. Ние тоа го почнавме, но не го завршивме. Јас бев дел од тој почеток, на крајот на социјализмот, затоа бев толку активен. Ние ги отворивме темите преку 'Млад Борец', преку 'Студентски збор', преку 'Младински форум', јас лично го донесов Ѓинѓиќ во Македонија во '86-'87. Ова е тоа што го почнавме во таа, да кажеме демократска пролет на Македонија, крајот на 80-те на некој начин да го продолжиме“, вели Ѓорѓе Иванов, еден од можните кандидати за претстојните претседателски избори во разговор за БиБиСи.

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/01/090115_vmro_ivanov.shtml
 
(боите и промената на величината на фонтот се од мене)

овој не е токму, бившиот член на ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО на сојузот на социјалистичката младина се споредува со Хавел???!!!??? Па Хавел беше чист како солза во однос на комунизмот и претходниот режим.

1000 пати чуено
нема став
егоцентрик
хипокрит

уште хавел кога го спомна, скриј се бруко и најарно трај си
 
Не бил да плаче...туку да подигне нови инструкции за што понатака...

Список на инетлектуалци и истакнати личности кои го подржаа Ѓорги Иванов за кандидат за претседател на Република Македонија

Вилма Трајковска,

Цветан Грозданов, Академик

Блаже Ристевски, Академик

Гане Тодоровски, Академик

Божин Павловски, Академик

Томе Бошевски, Академик

Ѓорѓи Ефремов, Академик

Љупчо Коцаре, Академик

Раде Силјан, Писател

проф-др Велимир Стојковски Ректор на Универзитетот”СВ Кирил и Методиј”

проф-др Саша Митрев, Ректор на Универзитетот “Гоце Делчев”, проф-др Златко Жоглев, Ректор на Универзитетот “СВ Климент Охридски”

проф-др Веле Смилевски

проф-др Димитар Ќорнаков

проф-др Гордана Сиљановска

проф-др Танас Вражиновски

проф-др Марко Китевски

проф-др Светомир Шкариќ

проф-др Бранислав Сркањац

проф др Витомир Митевски

проф-др Љубомир Кекеновски-професор на Економскиот Факултет-Скопје

Паско Кузман, Археолог

Игор Џамбазов, Актер

Весна Гинова Илкова, Првенка во македонската опера

Цветан Стојановски, Првенец во македонската опера

Братислав Димитров, Режисер

Ванчо Петрушевски, Актер

Александар Шехтански, Актер

Сашо Миленковски, Режисер

Синиша Ефтимов, Режисер

Индира Кастратовиќ, Ракометарка

Валентина Радуловиќ, Ракометарка

Мики Јовановски Џафер, Естраден уметник

Славица Галиќ, Првенка во македонската опера

Михајло Куфојанаќис, Виолинист

Горан Сотиров, Солист

Горан Начевси, Солист

Ѓорѓи Чучковски, Солист

Бобан Ковачевски, истакнат солист во македонската опера и балет

Мирјана Поп Алексова, истакнат солист во македонската опера и балет

Тоа што СДСМ сакаше да го направи со Керим овие од ВМРО-ДПМНЕ го направија со Иванов.
Оваква општонародна мобилизираност околи еден кандидат за претседател немало до сега во Македонија.
Немој само да ми кажете дека Блаже Ристевски и Гане Тодоровски се од ДПМНЕ.
 
1000 пати чуено
нема став
егоцентрик
хипокрит
Чекај бе батка...па не ли ти пред неколку страни праша кој е Ѓорѓе Иванов, и кажа дека не го познаваш?
ве молам може некој да ми објасни која е персонава, бидејќи јас не студирам правен па ми е анонимус, која во последниве денови падна како гром од ведро небо за кандидат
Од каде сега ти испадна експерт за ликот и делото на Иванов?
За што конкретно тврдиш дека нема став?
егоцентрик
Епитет кој што го тврдиш а ќе го докажеш со...?
Епитет кој што го наметнуваш, а ти е основан на...?

Ајде познавачу на ликот и делото на Ѓорѓе Иванов...за неполни 24 часа извонредно е како брзо запознаваш човек...:kesa:

Кажи си што те мачи конкретно...
 
уште хавел кога го спомна, скриј се бруко и најарно трај си

Хавел беше 13 години Претседател, до 1992 на Чехословачка, а до 2003 на Чешка.

Под негово водство, Чешка стана и членка на НАТО и на ЕУ.

Ќе објасниш што е лошото во изјавата на Иванов дека би сакал да го следи примерот на Вацлав како политички идол?

Дискутабилно е колку ти воопшто си запознаен со Хавел, али ќе бидеш љубезен и ќе објасниш.
 
баш пред некој ден кажав дека многу добро го знам ѓорѓе, и реков зошто во претходната порака напишав дека воопшто не го знам, алудирајќи на тоа дека за пошироката јавност е анонимус.

а јас во случајот ѓорѓе сум многу добро упатен, бидејќи ме интересирале некои работи кои повеќето луѓе не ги интересираат, исто како што некои други луѓе знаат многу повеќе од мене за некои работи кои мене не ме интересираат, а нив ги интересираат (значи не тврдам дека сум многу паметен).

ако некој почне да ми збори за квалитет на фрижидери сигурно нема да му се правам паметен пошто појма немам од таа работа која за пошироката јавност е непозната. за овој безрбетник многу знам.

Хавел беше 13 години Претседател, до 1992 на Чехословачка, а до 2003 на Чешка.

Под негово водство, Чешка стана и членка на НАТО и на ЕУ.

Ќе објасниш што е лошото во изјавата на Иванов дека би сакал да го следи примерот на Вацлав како политички идол?

Дискутабилно е колку ти воопшто си запознаен со Хавел, али ќе бидеш љубезен и ќе објасниш.

ќе бидам љубезен и ќе објаснам, и не за да добијам време за да гуглам, ама сега морам да одам и се враќам во сабота т.е. утре навечер, до тогаш поздрав
 
Јао немој таква мистериозност, поштеди не од драми.

Ако сакаш да кажеш нешто кое само тебе ти е познато, кажи.. дотогаш обиди се барем да водиш основана дискусија наместо тресење од ракав.

Ѓорѓи Иванов е советник и веројатно еден од творците на политиката на ВмроДпмне во врска со спорот со нашето име ... тој го застапува ставот за непопуштање во нешто што неможе да се попушти, бидејки нашето име е одраз на нашиот идентитет ... и често во последно време вели дека и да сакаме некаде да попуштиме ние само се залажуваме бидејки Грција е таа која не попушта ни за јота, така всушност ја злоупотребува позицијата која ја има во меѓународната заедница, НАТО и ЕУ ... За Грција е поразно да станеме членка на НАТО, бидејки тогаш ке и отпадне главниот аргумент за нејжиното противење во ЕУ интегрирањето на Македонија а тоа се добрососедските односи и територијални претензии ... бидејки Иванов вели во една трибина :
http://video.google.com/videoplay?docid=8157215523637864976
 
За кого ќе гласам...
Го земам ливчето пред мене...и има една игра која оди отприлика вака ... еци-пеци-пец-....... па кај ќе застане пенкалото .... :kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom