Италијанско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
ТАБЕЛА
E3E66B0BE05D4749829D7D790CCD0841.jpg
 
Nema so da se kaze za italijanskoto prvenstvo!!!!
Najmesteno i najdosaden fudbal ali milan se zakon
 
СЕРИЈА "А" - 27. КОЛО

Нова римска војна

Ди Канио повторно ќе биде во центарот на вниманието

Дваесет и седмото коло од Калчо-лигата ќе мине во знакот на големото градско дерби меѓу Лацио и Рома.

Тимот на нашиот Горан Пандев ќе се обиде да ја продолжи серијата од четири меча без пораз од градскиот ривал, но и да стави крај на низата на "римската волчица" која изнесува фантастични десет победи. Ќе биде многу интересно да се види и како играта на Рома ќе функционира без капитенот Франческо Тоти, кого го очекува пауза од околу два месеци од фудбалските терени.

Во отсуство на Тоти Спалети ќе се врати на формацијата со двајца напаѓачи, Монтела и Мансини, кои ќе се обидат да ги искористат слабостите на одбраната на "лацијалите", која на последните три меча прими пет гола.

Јувентус не би требало да има никакви проблеми на дуелот со Лече. Фабио Капело на овој меч ќе одмори неколку стандардни првотимци, но во секој случај на располагање има доволен број квалитетни фудбалери за да го "прегази" претпоследниот тим на табелата.

Интересно ќе биде и на натпреварот меѓу Палермо и Милан, каде "росоњерите" ќе се обидат да му го нанесат првиот пораз во Серија "А" на Џузепе Пападопуло и да се одмаздат за елиминацијата од националниот куп на Италија.
 
redzina - livorno

Сабота, 18ч

РЕЏИНА

Домашниот тренер не може да смета на повредените Бјанки, Канарса, Пелицоли, Место и Коца.

Шест од последните седум средби на Реџина во Серија "А" завршија 3+.

Реџина забележа една победа, две реми и два порази во последните пет кола.

ЛИВОРНО

Карло Мацоне за овој натпревар не може да смета единствено на суспендираниот Белери.

Марко Амелиа не прими гол на последните три средби во Серија "А".

Само една победа во последните осум кола (шест реми и еден пораз).
 
parma - fiorentina

Сабота, 20.30ч

ПАРМА

Паоло Канаваро е суспендиран, повредени се Сави, Писану и Делвекио.

Само еден пораз во последните шест средби (три победи и две реми).

Само еден примен гол на последните три меча во Серија "А".

ФИОРЕНТИНА

Броки е суспендиран, на повреди се жалат Фреј и Гамберини.

Забележа победи на последните четири натпревари против Парма.

Одигра 0-2 гола на девет од 12-те гостувања во оваа сезона.
 
juventus - lece

Недела, 15ч

ЈУВЕНТУС

Ѕамброта и Зебина се жалат на повреди, Фабио Канаваро е суспендиран.

Последните два меча со Лече ги доби со по три гола разлика (3:0 и 5:2).

Дванесет победи и едно реми на домашен терен сезонава (само 4 примени гола).

ЛЕЧЕ

Плејмејкерот Ледезма е суспендиран, поради повреда нема да настапи Пинарди.

Само шест постигнати погодоци на 13-те гостувања сезонава.

Само два постигнати гола во последните десет кола од Серија "А".
 
inter - udineze

Недела, 15ч

ИНТЕР

К. Занети и Адриано се суспендирани, на повреди се жалат Верон и Рекоба.

Круз и Мартинс ќе стартуваат во нападот на Интер на овој натпревар.

Единаесет победи и два порази (од Рома и Јуве) е скорот на Интер на домашен терен во оваа сезона.

УДИНЕЗЕ

Кандела е суспендирани, повредени се Мота, Хуарез, Пинци, пјери, Масиело, Натали и Пепе.

Последните четири гостувања на Удинезе на Џузепе Меаца завршија 3+ (една победа и три порази).

Без победа на последните пет гостувања (три победи и две реми).
 
kaljari - kievo

Недела, 15ч

КАЉАРИ

Домаќините ќе настапат комплетни на овој натпревар.

Само осум примени гола на 12 натпревари на Сардинија сезонава.

Пет победи и едно реми на последните шест средби на домашен терен во Серија "А".

КИЕВО

Косато и Самарко се повредени, Џунти нема да игра поради суспензија.

Една победа на последните пет натпревари против Каљари (две реми и два порази).

Една победа, две реми и еден пораз во последните четири кола од Серија "А".
 
empoli - trevizo

Недела, 15ч

ЕМПОЛИ

Тренерот на Емполи нема проблеми со повредени и казнети играчи за овој натпревар.

Три победи, едно реми и еден пораз на последните пет меча со Тревизо.

Во последните две кола претрпе порази од по 1:0 (дома од Палермо, на гости од Рома).

ТРЕВИЗО

Пинга е суспендиран, на повреди се жалат Малус и Делафиоре.

Само девет постигнати гола на 13 гостувања во оваа сезона.

Еден освоен бод во последните пет кола од Серија "А".
 
siena - sampdorija

Недела, 15ч

СИЕНА

Фалсини, Богдани и Паро се повредени во таборот на домаќините за овој меч.

Само три победи на домашен терен во оваа сезона, четири реми и шест порази.

Без победа пред своите гледачи уште од 10 декември 2005 година, кога го совлада Емполи со 1:0.

САМПДОРИЈА

Големи проблеми со нападот, Флаки е суспендиран, Бацани и Бонацоли се повредени.

Без победа на последните четири средби со Сиена (три реми и еден пораз).

Само еден постигнат погодок на последните три гостувања во Сиена.
 
askoli - mesina

Недела, 15ч

АКОЛИ

Кај домаќините ќе недостигаат повредените Кудини, Адани и Кристијано.

Само еден примен погодок во последните три кола од Серија "А".

Три победи, едно реми и еден пораз (од Јуве) на последните пет средби на свој терен.

МЕСИНА

Копола е суспендиран, на повреди се жалат Зоро, Паризи и Д'Агостино.

Претрпе порази на последните две гостувања против Асколи (1:0 и 2:1).

Само една победа во последните осум кола од Серија "А" (пет реми и два порази).
 
palermo - milan

Недела, 15ч

ПАЛЕРМО

Тренерот Пападопуло нема проблеми со повредени и казнети играчи во пресрет на овој меч.

Две победи и две реми во последните четири кола откако Пападопуло седна на клупата на овој меч.

Три порази и две реми на последните пет средби со Милан во рамките од Серија "А".

МИЛАН

Дида, Малдини, Амброзини и Кафу нема да можат да настапат за "росоњерите".

"Росоњерите" загубија со 3:0 на Сицилија сезонава, по што беа елиминирани од Купот на Италија.

Само еден примен гол на последните три гостувања (против Реџина, Лацио и Сиена).
 
lacio - roma

Недела, 20.30ч

ЛАЦИО

Фирмани, Пиколо и Инзаги се повредени кај "лацијалите".

Пандев е најавен како резерва, Ди Канио и Роки ќе стартуваат во нападот на домаќините.

Лацио е без пораз како домаќин во оваа сезона (шест победи и шест реми).

РОМА

Тренерот Спалети не може да смета на повредените Тоти и Нонда.

"Волчицата" се наоѓа во фантастична серија од десет победи по ред во Серија "А".

Без победа на четирите последни римски дерби (три реми и еден пораз).
 
marketar напиша:
Недела, 20.30ч

ЛАЦИО

Фирмани, Пиколо и Инзаги се повредени кај "лацијалите".

Пандев е најавен како резерва, Ди Канио и Роки ќе стартуваат во нападот на домаќините.

Лацио е без пораз како домаќин во оваа сезона (шест победи и шест реми).

РОМА

Тренерот Спалети не може да смета на повредените Тоти и Нонда.

"Волчицата" се наоѓа во фантастична серија од десет победи по ред во Серија "А".

Без победа на четирите последни римски дерби (три реми и еден пораз).
mislis ke tepa roma?neznam dali da ja uplatam!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom