Исус или исис, кој Пат е Вистинскиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
Драг Шпиро.

Исус едвај до Голгота стигна (и тоа пешки со крст) а ИСИС долу низ Ирак, Сирија се развозаваат по аутоалакакбарбаните со Хамери и ефтин бензин...

Незнам зошто воопшто спомнуваш патови...
 
Драг Шпиро.

Исус едвај до Голгота стигна (и тоа пешки со крст) а ИСИС долу низ Ирак, Сирија се развозаваат по аутоалакакбарбаните со Хамери и ефтин бензин...

Незнам зошто воопшто спомнуваш патови...
башка најмодерно превозно средство со кое се возел Исус е магаре а обичен борец на исис се вози во хамери, џип тенк, камион, кола....
 
Спирос,
верувам во Бог, но на мој начин.
Но од такви како тебе, ми се гади.


Да, знам дека дури и демоните (кои се гадат од Евангелието) веруваат ... но верата Христова ја негираат. :(



Зошто мислиш дека она што црквата те учи е апсолутна вистина, и дека твојата религија е најисправна?

Затоа што вечната Милост (Мудрост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - е Совршената Вера и Религија.

Во споредба со Него/Неа се’ друго е само сенка! Кога еден ден - иншалах - ќе Го доживееш и осознаеш, ти гарантирам дека повеќе нема во тој факт да се сомневаш и вакви прашања да поставуваш, туку мисијата на Месијата ќе ја поддржуваш!

Ако мислиш дека Бог е толку праведен и секој она што го прави ќе биде суден за тоа, тогаш зошто во светот злобните успеваат?


Не само што мислам и верувам, туку и знам дека Совршениот БОГ е праведен, додека лажните богови на кои им служат злобните, неправедните, алчните ... тоа со сигурност не се!

Зошто невини страдаат? Затоа што Бог ги сака? Тоа ли е љубов?


Невините страдаат бидејќи широката маса е слепа за Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Христа, чија што природа е чиста Љубов и Праведност!


Што со луѓето што никогаш не чуле за бог? Тие не се вредни?

Не постои човек кој што не е вреден, исто како што не постои човек кој не Го слушнал сведоштвото на Евангелието за Милоста БОЖЈА чиста, ако не од устата на Чедата БОЖЈИ, тогаш барем преку сонцето, цвеќињата, водата, изворите, птиците, ... лебот, грозјето, виното, ... бидејќи се’ е од Неа, преку Неа и за Неа, и се’ што постои сведочи за Тоа вечно Евангелие!


Нив не ги очекува нешто после смртта? Смрта е само крај за нив, а на останатите им е ветен некој рај?


Блажени се сите коишто Го прифатиле и прифаќаат Евангелието на Милоста БОЖЈА!

Тешко и горко на сите коишто Го одбиле или Го одбиваат!



Тебе, мене и на сите луѓе, од длабината на срцето Ја посакувам Вечната Милост БОЖЈА чиста, Која е Совршената Вистина и која од Љубов кон сите постана човек во Господа Исуса Христа!


Поздрав


.
 
Последно уредено:
Спики, ти со твојата заслепеност, не би го препознал Бог, макар да пројде и пред твоите очи.
Слеп си Спики, слеп до немај дека.
Макар шо си слеп, и глуп си успат.
 

Е па кога ти (и твоите истомисленици) тоа го велиш, тогаш мора да е абсолутна вистина. :icon_lol:







Во тоа време, Исус одговори и рече:

„Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата,
зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните,

а си го открил на младенците.
Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе.
Сè Ми е предадено од Мојот Татко,

и никој не Го познава Синот, освен Таткото;
ниту некој Го познава Таткото, освен Синот,
и оној кому Синот сака да му открие.”




”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети,
и Јас ќе ви дадам одмор.
Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене,
зашто Јас сум кроток и понизен по срце;
и ќе најдете одмор на своите души;
зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”


(Според известувањето на Св.Апостол Матеј 11:25+)




healthy-kids.jpg






.
 
Бидете будни и пазете се од Исус

“Ако не бидеш буден, ќе дојдам врз тебе како крадец, и нема да узнаеш, кога ќе дојдам над тебе“
Исус Христ
 
.

Да се биде буден за Мудроста БОЖЈА чиста - Која за спасение на сите стана човек во Исуса Христа - е Живот!
Да се биде небуден или дури да се игнорира Истата/Истиот, е спротивното на животот!

.
 
Исто како и ИСИС и ИСуС се заканува со смрт и истребување на оние шо не постапуваат по нивни наредби и желби

И секоја душа, што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.

И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.

Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: »Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.
И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.

А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на тој град.

А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен.

Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете

Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.

оговарачи,клеветници,богомрасци,силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,
неразумни,неверни,недружељубиви, непомирливи, немилостиви.
Тие, иако ја знаеја правдата Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонаклони и кон оние што ги вршат.

во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос
 
абе спирос оти стварно Исус на магаре се возел а овие од ИСИЛ на хамери и тенкови..........слабо брат,качи го на џип барем и да прајме муабет,вака ветер во магла ми продаваш :(
 
абе спирос оти стварно Исус на магаре се возел а овие од ИСИЛ на хамери и тенкови....

.

Уникатното Чедо БОЖЈЕ нема потреба со хамери и тенкови да лечи комплекси на мала вредност. Тој си ја знае сопствената вредност!... ;)


.
 
ceкој колку вреди, кој на магаре кој во џип
 
.

Воздигање на терористички водачи и здруженија е злосторство против човештвото, кое би требало да биде адекватно санкционирано од секој свестен и нормален човек, а посебно од правните држави и нејзините органи!



.
 
Како што Римјаните го санкционирале Исус кој сакал да ги бунтова евреите против Римската власт, римскиот закон и држава
 
.

Има ли некој од администраторите на порталот Кајгана кој што е одговорена за правни прашања?


.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom