Историски развој на Intel микропроцесорите

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
1. ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Првата генерација микропроцесори се користеле во најстарите машини , оригиналниот IBM PC и XT и првите клонови. Овие машини биле примитивни споредени со денешните PC-а (персонални копјутери) и процесорите кои тие ги користеле биле со ограничени способности. Првата генерација микропроцесори работат со иста брзина како и системската магистрала и ги користат најстарите процесорски технологии.

1.1 Интел 8086/8088

Првиот чип (микропроцесор) користен во PC е Интел 8088 направен во јуни 1979 година. Во тоа време ова не беше Интеловиот најдобар CPU (Central Point Unit). Всушност Интел порано го имаше направено 8086 кој беше многу помоќен и побрз. Тој работи на фрекфенција од 5,8 и 10 MHz наспроти 8088 кој достигаше фрекфенции од 4,77 и 8 MHz. 8088 беше избран од економски причини. Неговата 8 битна податочна магистрала бараше поевтини матични плочи отколку 16 битната на 8086. Исто така во тоа време повеќето интерфеис чипови кои биле достапни биле наменети за употреба на 8 битно коло.

sl1.jpg



2. ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Единствениот микропроцесор претставник на втората генерација микропроцесори е 80286, направен 1982 година. Највеќе заради недостатокот на подобрување на перформансите спореден со 286, а исто така и заради компатибилни проблеми со чиповите за поддржка, 80186 никогаш не беше користен во PC. Но, и покрај тоа тој игра важна улога во дизајнирањето на вградени микроконтролери се до ден денес.


2.1 Интел 80286

Интел 80286 процесорот беше користен во IBM-овиот AT (Advanced Technology) систем. 286 беше првиот голем чекор напред во PC процесорите. Тој имаше значајни покачувања на перформансите во однос на 8088 и 8086 (двојно појаки перформанси на иста фрекфенција на процесорот). Кај 286 исто така беше проширено адресирањето на меморија дури до 16 MB и беше воведен заштитен начин на работа. Тој беше достапен во верзии од 6 MHz и 8 MHz, а подоцна и во побрзи верзии до 20 MHz.

sl2.jpg
 
3. ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Третата генерација процесори (386 фамилијата) презентира уште еден чекор понапред од втората генерација. Интел, правејќи процесори со различна моќ, во оваа генерација започна да прави “подфамилии”, користејќи ги ознаките “DX” и “SX”.


3.1 Интел 80386DX

Интеловиот 80386DX беше првиот 32 битен процесор користен на PC платформа, направен во 1985 година. Големината на внатрешниот регистер беше зголемена на 32 бита, дуплирајќи ја големината на податочните магистрали на процесорот и зголемувајќи ја теоретски можноста за адресирање меморија до 4 GB. Вака подобрените перформанси на 386-ката, го поттикнаа воведувањето на новите, GUI (Graphic User Interface) базирани, оперативни системи како на пример Microsoft Windows (иако работи многу споро на 386). Инструкцискиот сет на 386-ката ги постави стандардите на “x86” инструкциите, кои не се променети се до денес. Исто така кај овој процесор беше за прв пат воведено “pipelining”.

Интел произведе 386 процесор со најголема фрекфенција до 33 MHz (најверојатно за да спречи преклопување со следнита генерација), додека AMD и Cyrix кои го копираа овој процесор, претставија и верзија од 40 MHz.

3.2 Intel 80386SX

80386SX процесорот е послаба верзија на 80386DX чипот. Тој користи само 16 битна податочна магистрала, истата големина на надворешената магистрала како и кај 80286, а исто е и адресирањето на максимална меморија до 16 MB. SX верзијата на 386 чипот беше направен неколку години после DX чипот и беше наменет за да го истисне од пазарот 286 процесорот, со кој имаше ист интерфејс, но подобри перформанси.

Интеловиот 386SX процесор беше достапен во верзии од 16 до 33 MHz, додека копираниот 386 од страна на AMD и Cyrix беше достапен и во верзија од 40 MHz.

sl3.jpg
 
4. ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Четвртата генерација микропроцесори имаа рапиден пораст на брзината и способностите на CPU-то и исто така беа вовед во неколку нови технологии. AMD и Cyrix ги имаа првите вистински успеси, не само во емитирањето на Интеловите дизајни, туку и во производството на свои-нови микропроцесори кои ќе бидат речиси на врвот на таа генерација. Во тоа време исто така почна да преовладува новиот феномен на надградливи процесори и стадардизирани лежишта за процесорот на матичните плочи.

4.1 Интел 80486DX

Интеловиот 80486DX беше првиот член на четвртата генерација микропроцесори (486), која имаше многу повеќе членови од претходната. Тој имаше многу голем скок во однос на моќноста од својот претходник-386DX (100 до 150% поголеми перформанси на иста брзина-фрекфенција). 486DX е најслабиот процесор кој повеќето луѓе го сметаа како “корисен” за работа со оперативен систем како Microsoft Windows.

Интересно е тоа што кај 486 процесорот, перформансите не беа зголемувани со проширувањето на магистралите, како што беше случајот со претходните две генерации. Значи, иако тој е 32 битен процесор со 32 битна податочна магистрала исто како и 386DX процесорот, сепак постојат големи подобрувања во однос на 386DX како што се:

:arrow: Помало време на извршување на инструкциите: Јадрото на процесорот може да ги извршува инструкциите за многу пократко време од поранешните процесори
:arrow: Примарна кеш меморија : 486 процесорот беше првиот процесор кој имаше интегрирана Level 1 кеш меморија.
:arrow: Интегриран Floating Point Unit (FPU) : Чипот содржеше интегриран математички копроцесор.
:arrow: Подобрена архитектура : 486 матичните плочи беа многу поефикасни од 386 и почнаа да користат секундарна кеш меморија. Ова значително ја зголемуваше брзината на процесорот.

Интел произведе 486DX верзии од 25, 33 и 50 MHz. AMD и Cyrix исто така го копираа и овој тип на процесор, но тие не беа големи конкуренти на Интел се додека не се појавија појаките верзии на 486 (DX2 и DX4).

4.2 Интел 80486SX

Интеловиот 80486SX процесор е истиот чип како и 80486DX само со еден исклучок-недостаток на интегриран математички копроцесор (FPU). 486SX процесорот ги имаше истите предности во однос на 386 како и 486DX. 486SX верзиите беа достапни со помала брзина (16,20,25 и 33 MHz), за разлика од 486DX ( кој беше достапен само во верзиите од 25,33 и 50 MHz).

486SX процесорот може да се каже дека беше маркетингшки трик на Интел, чија цел беше да се задоволи и оној дел од потрошувачите кои сакаат low-cost компјутери, а воедно да не се менува цената на 486DX.

sl4.jpg


4.3 Интел 80486DX2

486DX2 беше првиот микропроцесор што ја користеше т.н. “clock doubling” технологијата, каде што процесорот работи со двојно поголема брзина од мемориската магистрала. Ова беше направено за да овозможи брзината на процесорот да биде зголемувана многу полесно без да се зголемува брзината на матичната плоча.

Интел произведе 50 и 66 MHz-ни DX2 процесори со 25 и 33 MHz-на системска магистрала соодветно. Овие чипови беа наменети за употреба во новите компјутерски системи, но и за во постарите 486 системи (486DX и 486SX) кои имаа 168 пинско лежиште. Интеловиот 486DX2 е првиот процесор на кој навистина му е потребен ладилник поради зголемената брзина, но и поради работата на 5V-тен напон.

Системите кои користат ваков тип на процесор станаа многу популарни и се продаваа во големи количини. Токму поради нивната универзалност се користат и ден денес во некои претпријатија.

4.4 Intel 80486DX4

80486DX4 процесорот го продолжи трендот што беше почнат со неговиот претходник - 80486DX4. DX4 чипот ја користеше т.н. “clock tripling” технологија во која процесорот таботи со тројно поголема брзина од мемориската магистрала на матичната плоча и покрај ознаката DX4.

Интеловиот DX4 беше достапен во две верзии од 75 MHz (со 25 MHz-на магистрала) и 100 MHz (со 33 MHz-на магистрала). За да ја намали потрошувачката на струја и греењето, Интел овие процесори ги направи за работа под напон од 3,3V. За разлика од Интел, AMD и Cyrix направија и DX4 процесори кои работеа со брзина од 120 MHz (40 MHz-на магистрала) и што беше најважно, тие можеа да работат и на 3 и на 5V-тен напон.

sl5.jpg
 
5. ПЕТТА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Петтата генерација микропроцесори имаше неколку измени во однос на поранешните CPU фамилии. Процесорите продолжија да стануваат се побрзи и побрзи, а со развојот на архитектурата на процесорот доведе да се зголеми брзината на целиот систем. AMD и Cyrix наместо да ги копираат Интеловите процесори, развија свои со кои почнаа да водат во повеќе делови на пазарот. Оваа генерација процесори им ги отвори светот на компјутерите на милиони корисници и го однесе програмирањето во следното ниво.

5.1 Intel Pentium (“P5” / “P54C”)

Следејќи ги Интеловите претходни правила на именување на процесорите, се очекуваше новата генерација микропроцесори да се вика 586. Меѓутоа, со порастот на AMD и Cyrix, Интел сакаше своето име за процесорот да го заштити. Но, бидејќи броевите не можат да бидат заштитени (патентирани), Интел го одбра името Пентиум кое се користи до ден денес и е едно од најпознатите ознаки во светот на компјутерите.

Пентиум процесорот најмногу ги зголеми перформансите над своите претходници (486-ките). Грубо кажано, Пентиум чипот е два пати побрз од 486-ката на иста фрекфенција на јадрото. Тоа се должи на промените во архитектурата што ги направи Интел во однос на стариот 486 процесор:

:arrow: Суперскаларна архитектура : Пентиум е првиот суперскаларен процесор кој користи две паралелни извршни единици.
:arrow: Поголема податочна магистрала : Податочната магистрала на Пентиумот е дуплирана на 64 бита со што е зголемен трансферот на податоци од меморијата.
:arrow: Многу побрза мемориска магистрала : Повеќето од Пентиумите работат брзина на системска магистрала од 60 или 66 MHz, за разлика од 486-ките кои работат на 33 MHz. Ова значајно ги ја зголемува брзината на процесорот. Исто така матичните плочи за Пентиум имаа зачудувачки карактеристики како што беше pipelined burst cache. Пентиум процесорот исто така беше првиот специјално дизајниран да работи со новата PCI магистрала.
:arrow: Подобрен Floating Point Unit (FPU) : FPU-то на Пентиум е значајно побрзо отколку на 486-ката.

Пентиум процесорите се достапни во интервал на фрекфенции (од 75 до 200MHz), како и различни начини на пакување. Пентиумите се вградуваа во три различни лежишта (socket-и). Оригиналните Пентиум 60 и 66 се вградуваа во Socket 4, Пентиумите од 75 до 133 или во Socket 5 или во Socket 7; Пентиум 150с, 166с и 200с во Socket 7. Исто така Интел направи и Пентиум OverDrive процесори кои можеа да се користат и на постари матични плочи.

sl6.jpg


5.2 Интел Пентиум MMX (“P55C”)

Во јануари 1997 Интел го произведе својот најнов и најверојатно последен процесор од петата генерација, Пентиум со ММХ технологија. Тоа беше еволуционен дизајн, додавајќи неколку новости на “класичниот” Пентиум. Главната разлика помеѓу Пентим ММХ и обичниот Пентиум е содржењето на ММХ податочни екстензии. Работата со софтвер направен за ММХ, перформансите се зголемуваат дури до 70%. Дури и работата со обичен софтвер резултира со 20% зголемени перформанси во однос на обичниот Пентиум.

Пентиум ММХ е пин-компатибилен со обичниот Пентиум и се вградува во Socket 7 исто како него. Меѓутоа има една важна разлика меѓу двата типа на процесори. Интеловиот ММХ користи разделена волтажа: 3,3 V за надворешите компоненти и 2,8 V за јадрото.

Пентиум ММХ процесорот беше достапен во три варијанти: 166, 200 и 233 MHz, по што Интел го запре производството на Socket 7 процесори.

sl7.jpg
 
6. ШЕСТА ГЕНЕРАЦИЈА МИКРОПРОЦЕСОРИ

Шестата генерација микропроцесори е карактеристична по тоа што во неа се вградија многу иновации во поглед на архитектурата на дизајнот на процесорот, што допринесоа за многу полесно проширување на податочните магистрали, како зголемување на фрекфенцијата на јадрата на процесорите.

6.1 Интел Пентиум Про (“R6”)

Интел Пентиум Про беше претставен на пазарот во 1995 година како наследник на стариот Пентиум. Тој имаше неколку уникатни карактеристики во неговата архитектура, кои ги немаше во ниеден претходен процесор. Овој процесор е првиот кој има интегрирана Level 2 кеш меморија, која работи на иста брзина како и јадрдото на самиот процесор. Пентиум Про имаше приближно 50% повисоки перформанси од обичниот Пентиум на истата брзина на јадрото (фрекфенција). Пентиум Про најчесто се правеше во верзиите со 180 и 200 MHz, но можеше поретко да се најде и со брзина од 150 и 166 MHz.

sl8.jpg



6.2 Интел Пентиум II (“Klamath” & “Deschutes”)

Со процесорот “Klamath” (наречен по река во Орегон), Интел официјално го претстави на пазарот новиот Пентиум II во мај 1997. Пентиум Klamath има 7,5 милиони транзистори и не е многу поразличен од Пентиум Про (слично х86 емулаторско јадро). Единствена видна разлика има во поглед на архитектурата на самиот процесор, каде новиот Пентиум II има дуплирана Level 1 кеш меморија од 16 на 32 KB (килобајти).

Klamath-от беше достапен во верзии од 233, 266 и 300 MHz и имше одлични перформанси. Единствена “маана” на овие процесори беше нивната превисока цена.

Во почетокот на 1998 година, Интел ја претстави и верзијата на Пентиум II со 333 MHz, означен под името “Deschutes”. Ова беше првиот Пентиум работен во т.н. 0,25 микронска технологија, но воедно беше и последниот процесор со брзина на системска магистрала од 66 MHz. Следните процесори што ги направи Интел беа со брзина од 350, 400 и 450 MHz, и работеа на новата 100 MHz-на системска магистрала.

Овие процесори имаа 512 KB Level 2 кеш меморија, но за разлика од кеш-от кај нивните претходници, таа работеше на половина брзина од јадрото на процесорот.

sl9.jpg



6.3 Интел Пентиум (“Celeron”)

Бидејќи Пентиум ИИ процесорите (Klamath & Deschutes) беа прескапи за купувачите на low-cost пазарот, а исто така и се загреваа многу, Интел во април 1998 година го произведе новиот процесор од генерацијата Пентиум ИИ наречен ”Celeron”. Всушност Celeron-от не е ништо друго туку “осакатен” Пентиум II. Тие имаат исто јадро, а разликата е само во L2 кеш меморијата која кај Celeron-от ја нема. Со тоа Интел ги реши своите два најголеми проблеми со овој тип процесори. Отстранувајќи ја L2 кеш меморијата значително ја намали цената како и загревањето на процесорот. Исто така Celeron-от се покажа одличен при оверклокувањето (Celeron на 266 Mhz, можеше да се оверклокува и да работи дури на 400 Mhz).

Овој Celeron иако даваше слични перформанси како и Pentium II, сепак се чувствуваше недостатокот на кеш меморија. Затоа Интел ја поправи оваа грешка враќајќи ја назад на процесорот кеш меморијата, но овој пат намалена од 512 KB на 128KB. Исто така оваа 128 килобајтна кеш меморија работеше на иста фрекфенција како и јадрото на процесорот, за разлика од онаа кај Пентиум ИИ која работеше на половина фрекфенција. Новиот Celeron со новотo ”Mendocino” јадро ја носеше ознаката А, која го означуваше присутството на кеш меморијата на самиот процесор. Ова Mendocino јадро ќе биде основа на сите процесори од типот Celeron изработени во 0,25 микронска технологија, почнувајќи од првиот 300A па се до последниот 533A.

sl10.jpg


Следниот чекор Интел го направи во март 2000 година, кога ја претстави новата генерација Celeron процесори со новото “Coppermine” јадро изработено во 0,18 микронска технологија. Исто како и во претходниот случај, кога Celeron-от го користеше јадрото на Пентиум II, така и овој процесор користеше јадро кое беше основа за “понапредните” PIII процесори. Главното подобрување на новиот Celeron беше вградувањето на SEE (Streaming SIMD Extension) инструкции и намалениот јадрен напон од 2,0 V на 1,5 V, што овозможи уште полесно и поголемо оверклокување на Celeron процесорите.

Celeron Coppermine беше достапен во верзии од 533 до 766 MHz со 66 MHz-на системска магистрала и од 800 до 1,1 GHz (1100 MHz) со 100 MHz-на системска магистрала.

sl11.jpg


Како одговор на добриот пробив на AMD Athlon и Duron на пазарот, Интел премина на новата 0,13 микронска технологија, претставувајќи го во јули 2001 новото “Tualatin” јадро, кое ќе биде основа на новите Celeron и Pentium III процесори. Намалувањето на производната технологија овозможи да се зголеми бројот на транзистори во јадрото на процесорот, да се намали загревањето и да се достигаат повисоки фрекфенции од дотогашните 0,18 микронски Coppermine процесори. Исто така кај Celeron-ите се зголеми L2 кеш-меморијата од 128 на 256 KB. Единствена “маана” на Tualatin процесорите е тоа што и покрај истата системска магистрала од 100 MHz кај Celeron-ot и 133 MHz кај PIII, тие работат на новиот Интел 815 Solano чипсет и не пасуваат на старите матични плочи со BX чипсет.

sl12.jpg
 
6.4 Интел Пентиум III (“Katmai”, “Coppermine” & “Tualatin”)

Пентиум III procesorot, кој беше направен врз основа на новото “Katmai” јадро, беше претставен за прв пат во февруари 1999 година. Пентиум III не беше многу поразличен од неговиот претходник-Pentium II. Единствената разлика беше тоа што тој имаше 9,5 милиони транзистори и 70 нови инструкции (SEE инструкции) , кои ги зголемија перформансите на процесорот при 3D обработка и обработка на слики, стриминг аудио и други апликации. Тој беше дизајниран значително да ги зголеми перформансите при Интернет “сурфањето”, овозможувајќи им на корисниците слободно движење низ online музеи и продавници, како и да download-ираат високо квалитетни видео клипови.

Katmai-то беше произведен во четири верзии, од 450 MHz до 600 MHz, со 100 MHz-на системска магистрала и 512 KB Level 2 кеш меморија, која работи на половина од фрекфенцијата на јадрото на процесорот.

sl13.jpg


Пентиум III Katmai, не се покажа како популарен на пазарот. Тој поради 512 KB-ната Level 2 кеш меморија беше премногу скап за low-cost потрошувачите. Токму поради тоа, Интел во октомври 1999 година ќе го претстави новиот Пентиум ИИИ со “Coppermine” јадро. Ова јадро содржеше околу 29 милиони транзистори и беше изработено во новата 0,18 микронска технологија. Тоа имаше двојно помала Level 2 кеш меморија од својот претходник (256 KB), но за сметка на тоа, таа работеше на иста фрекфенција како и јадрото на процесорот. Исто така кај новиот Пентиум III, податочната магистрала беше зголемена од 64 bit-на на 256 bit-на (Advanced Transfer Cache), што го направи далеку помоќен од својот претходник.

Пентиум III Coppermine беше достапен во верзии од 500 до 1000 MHz, во зависност од лежиштето (Slot-1 и Socket 370) и системската магистрала (100 i 133 MHz). Тој како и неговата послаба варијанта - Celeron Coppermine, беа најпродаваните процесори ширум светот.

Slot-1 процесори:
sl14.jpg


Socket-370 процесори:
sl15.jpg


За да ја усоврши 0,13 микронската технологија, наменета за Пентиум 4, а воедно и да создаде помоќен процесор од од претходниот Пентиум III, Интел во јули 2001 година го претстави новиот Пентиум III со “Tualatin” јадро. Овој процесор главно е наменет за новите сервер компјутери, а додека мал број верзии се наменети и за обичните десктоп компјутери. Обичните Пентиум III Tualatin имаат по 256 KB L2 кеш меморија, а додека сервер верзиите, кои ја носат ознаката S, имаат по 512 KB. Tualatin Пентиум III процесорите се достапни во верзии од 1133 MHz до 1400 MHz со 133 MHz-на системска магистрала.

sl16.jpg
 
6.5 Интел Пентиум IV (“Willamette” & “Northwood”)

По претставувањето на Пентиум III Coppermine, Интел како да подзастана во својот развој. За разлика од него AMD, веќе со новото Thunderbird јадро, за Athlon процесорот, ја надмина границата од 1,0 GHz и важеше за најбрз процесор. Интел полека почна да ја губи битката. Кај нивните порцесори се повеќе се наоѓаа грешки и неправилности кои многу им го нарушија угледот. “Ресурсите” од старото Coppermine јадро беа веќе исцрпени и потребно беше да се измисли ново јадро со нова архитектура. Решението дојде со процесорот од новата генерација Интел микропроцесори. Тоа беше Пентиум 4 процесорот со новото “Willamette” јадро и потполно новата Net-Burst микро-архитектура. Иако во почетокот Пентиум 4 покажуваше послаби резултати од Пентиум III, тој беше основа за новите Интелови микропроцесори кои ќе достигнат брзина од над 2,0 GHz.

Првите Пентиум 4 процесори се изработени во 0,18 микронска технологија (иако беа најавувани во 0,13) и имаат 42 милиони транзистори. Willamette јадрото на Пентиум 4 е изработено во сосема нова архитектура (Net-Burst) која е многу поразлична од сите процеосори од шестата генерација. Кај него се сретнува:

:arrow: Hyper Pipelined технологија: Pipeline е процес во кој при извршувањето на една сложена операција, таа се дели на повеќе прости микрооперации. Пентиум 4 процесорите поседуваат 20-то сегментиран pipeline за разлика од 10-то сегментираниот кај Пентиум III, што доведува до многу побрзо извршување на микрооперации и достигање на многу поголеми фрекфенции.

:arrow: Quad Pumping Bus: Пентиум 4 има т.н. “quad pumped” 100 MHz-на системска магистрала која е еквивалентна на 400 MHz-на и има максимален проток на податоци од 3,2 GB/s , за разлика од 133 MHz-ната на Пентиум III чиј проток е 1,06 GB/s.

:arrow: 8 KB Level 1 ke{ memorija: Pentium 4 ima samo 8 KB Level 1 кеш меморија што ги зголемува перформансите на процесорот. Како? Помалиот кеш во овој случај има и дупло помала латенција и има можност да извршува по три микрооперации во еден циклус (што зa 64 KB-ниот L1 кеш кај AMD Athlon кој извршува само две навистина носи значајна предност).

:arrow: Rapid Execution Engine: Две аритметичко-логички единици (ALU) работат на двојно поголема фрекфенција од јадрото на процесорот. На пример, доколку Пентиум 4 работи на 1,5 GHz, тогаш неговиот Rapid Execution Engine работи на 3 GHz. На тој начин на овие две единици им се овозможува извршување на по две основни неделиви инструкции (Add, Subtract, Logical AND, Logical OR) во еден циклус.

:arrow: Напреден Floating-point и Multimedia-point unit: Пентиум 4 поседува напреден 128 битен математички копроцесор, кој има додатни регистри и инструкции за убрзување при извршување на математички и мултимедијални апликации.

:arrow: Internet Streaming SIMD Extension 2: Пентиум 4 има 144 нови инструкции. Однапред е дефиниран сет на инструкции на кои им е овозможено да при извршувањето користат повеќе податоци истовремено. На овој начин значително се убрзува извршувањето на посложените апликации, но под услов тие да имаат подршка за SSE2 сет инструкции. Денес бројот на овие апликации е многу мал, но е со тенденција за наголемување во блиска иднина. Затоа се вели дека тек тогаш ќе можеме во целост да ја согледаме вистинската моќ на Пентиум 4.

Пентиум 4 процесорите од типот Willamette се достапни во верзии од 1,4 GHz до 2,0 GHz и се вградуваат во Socket423 и Socket478 лежиште (освен P4 1,3 и 1,4 GHz кој се вградува само во Socket 423).

Откако Интел ја усоврши 0,13 микронската технологија кај Пентиум III Tualatin, ја примени и кај Пентиум 4, произведувајќи го новото “Northwood” јадро (јануари 2002), кое не беше многу поразлично од Willamette. Единствени разлики помеѓу овие два Пентиум 4 процесори се:

:arrow:Помала технологија на производство: Northwood-от е изработен во 0,13 микронска технологија (Williamette е во 0,18), така да од иста површина силициум да се произведат повеќе Northwood јадра со што се намалуваат трошоците.

:arrow: 512 KB Level 2 Advanced Transfer Cache: Пентиум 4 Northwood има 512 KB Level 2 кеш меморија која работи на иста брзина со јадрото на процесорот, а податочната магистрала преку која процесорот комуницира со кеш меморијата е 256 bit-на. Кеш меморијата кај Пентиум 4 има максимален трансфер на податоци од неверојатни 70,4 GB/s во секој циклус (P4 на 2,2 GHz).
:arrow: Зголемен број на транзистори: Поради зголемувањето на L2 кеш меморијата, нормално се зголеми и бројот на транзисторите од 42 на 55 милиони.
:arrow:Намалено загревање: Со намалувањето на напонот на јадрото од 1,75 V кај Willamette на 1,5 V кај Northwood, значително се намали потрошувачката на енергија и загревањето на процесорот.

Поради зголемениот кеш, Пентиум 4 Northwood ја носи ознаката A. Тој е достапен во верзии од 1,6GHz до 2,4 GHz и се вградува во лежиште Socket478.

sl17.jpg


Но развојот не застанува тука. Кон крајот на април 2001, Интел го најави претставувањето на својот најнов Пентиум 4 со ново “Prescott” јадро (сега веќе излезено) кое е изработено во новата 0,09 микронска технологија, но за овој процесор во друга статија 8)

Дарко Гаврилов, алијас StenmarC 8)
 
Епа дечки ... хев а бујрум. Прочитајте, научете, дополнете ако имате нешто, поправете ме итн....

Инаку да напоменам дека ова е скратена верзија на оваа статија (мојата матурска тема), а доколку сакате да ја имате целата верзија клик ОВДЕ

Поздрав 8)
 
Одлична тема, одлично обработена! Алал вера! Убаво е да се имаат вакви работи, макар од општа култура.
 
StenmarC, koj procesor e najdobar i sto go pravi najdobar (detalji me interesiraat)? Bi sakal da napomenes 2-3 procesori spored tebe najdobri.
I sekoja cest na trudot :)
Pozdrav.
 
Princ напиша:
StenmarC, koj procesor e najdobar i sto go pravi najdobar (detalji me interesiraat)? Bi sakal da napomenes 2-3 procesori spored tebe najdobri.
I sekoja cest na trudot :)
Pozdrav.

На какви процесори мислиш??? Десктоп обични, серверски .... ????
Ако е за обичните сигурно секој Athlon пред Intel. Причина???
Интеловите Пентиум 4 имаат по 12-16 kB Level 1 кеш, а Level 2 256, 512, 1МБ кеш меморија
АМД Имаат 128 КБ Level 1 (64 податочен+64 инструкциски) и 512 и 1МБ Level 2 кеш меморија
На ова кога ќе се придодаде и помалата фрекфенција и помалата потрошувачка, тогаш станува се јасно нели???

Ете зашто сум одбрал АМД и во иднина би верувал во АМД-то 8)
 
Mi treba dobar kompjuter za rabota. graficki dizajn. znaci nekolku teski programi ukljuceni vo isto vreme. sto preporacuvas majstore? :) patem, ne stedi na pari..
 
Ќе отворам нова тема каде што ќе можеме да дискутираме на оваа тема. Постојната тема треба да остане во рамките една страна, за да биде поголема прегледноста на моите постови на тема Историски Развој на Интел Микропроцесорите...
Предлагам администраторите, ако можат, да ги преместат овие постови кои се однесуваат на прашањата на Принц 8)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom