Испраќање пари преку WesternUnion

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Ме интересира како оди процедурата за испраќање на пари преку WU ако знае некој да објасни поточно ?
И да колку пари зимаат за секоја извршена трансакција/услуга.
 
Ме интересира како оди процедурата за испраќање на пари преку WU ако знае некој да објасни поточно ?
И да колку пари зимаат за секоја извршена трансакција/услуга.
Одиш со Лична Карта и велиш сакам да пратам пари на то и то лице во тој и тој град. Е сега јас пред некој ден праќав 15 евра и 7 евра провизија ми зедоја (n)
 
Одиш во банка..кај и да има и од таму земаш формулар за пополнување.Ти треба лична карта.Податоци од примачот,име презиме,град,држава ,адреса не мора...
Доколку праќаш до 90 евра зимаат околу 500-600-700 денари провизија.Доколку праќаш од 90 до 180 евра, 1200 денари провизија.Кажи ако ти е за поголема сума.:D
 
На 100 евра мислам дека зимаат 20 евра провизија,со монуграм е поефтино од 100 до 200 евра зимаат
12 евра провизија.
Вестерн унион има во комерцијална банка и нлб
 
Фала многу за одговорите разбрав, инаку не е за голема сума.. максимум 100 евра ќе треба да ми пратат затоа прашувам.
 
Подобро прати преку MoneyGram тоа ти е исто како wy само многу помалку пари земаат,имаш по банкиве прашај
 
И јас ти го препорачувам MoneyGram тридупло поефтино а исти курац,.
 
На 100 евра мислам дека зимаат 20 евра провизија,со монуграм е поефтино од 100 до 200 евра зимаат
12 евра провизија.
Вестерн унион има во комерцијална банка и нлб
Фала многу за одговорите разбрав, инаку не е за голема сума.. максимум 100 евра ќе треба да ми пратат затоа прашувам.

Точно е ова,на 100 евра,20 земаат.
 
Мислам до 500 еур земаат 20еур провизија, над 500 земаат 50. Така барем беше до пред некое време. Максимум мислам 2500 еур може да се праќаат, а да се примат до 5000еур.
 
неколку години веќе не ги користам нивните услуги, до последно цената изнесуваше 27% за помали суми до некои 10% за малку поголеми (1000 или 2000 евра) што е прееемногу.е сеа, си има предност што за 5 минути добиваш број кој број го праќаш на примателот било каде во светот и парите се спремни за подигање.значи, 5 минути.потоа си отворив девизна во комерцијална, не 5 туку 10 пати ми е поефтино е сеа оди неколку дена додека стигнат парите.
 
тешка работа дека ќе праќаш..затоа ќе ти го објаснам послаткото ...ти му даваш податоци име презиме град држава..тој ти ги праќа парите..потоа ти праќа код од 10 бројки
и името на тој што ги праќа..потоа со лична карта или пасош одиш во WU и ги вадиш :D
 
Каков Вестерн Унион,барај алтернатива.Имаш добри предлози овде.
 
Некој да не знае колку земаат провизија на 30 евра преку вестерн?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom