Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
 
Полека другари ...
Ако имал склероза како и воопшто идел на работа ? Кој го вработил ако знаел дека дечково си има ваква мака ?
Не знам ова дали е точно, само од тука прочитав, ама и да е, болните од МС нормално си функционираат во општеството, работат, имаат нормален живот, само имаат 'гостин' кој ги нападнал, а кај сите е различно. Имам колешка со МС таа е со намален вид и главоболки, а ги има и со мн посериозни нарушувања, пример нарушување на чувството за осет, слабост во мускулите, грчеви во мускулите, отежнато движење, проблеми со координација и рамнотежа, проблеми со говорот , проблеми со видот и разни емотивни нарушувања. Некој има еден симптом некој сите.

Ама чисто се сомневам дека дечко што спортувал може да има МС.
 
Ако добро разбрав од новинарските написи, и денес нема никаков нов релевантен доказ? Ццц...

Траекторијата на возилата не беа и претходно спорни, па и за 3-ца обвинети веќе има доволно докази. Очекував цврсти материјални докази за Палчо и за таткото...
Смешки од обвинителство...
 
Не е ова CSI: Miami, па на крај на епизодата да дадат видео како е извршено кривичното дело.
Што значи тоа тракеторијата на возилата не била претходно спорна? Едно е во медиуми што се пишува, друго е судска постапка. Мора обвинителството да го презентира движењето на возилата на суд.

Иначе, не знам што очекувате, обвинителството се знае дека стои на ставот дека мотив е користољубие.
 
Почитувани,
Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30.01.2025 година кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот во црно работничко одело со бело палто и црн елек.
До сега најден е само неговиот телефон.
Миле е висок околу 185 cm.
Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци.
Според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во Манастир.
Пасошот и личната карта му се најдени дома па не би можел легално да испадне од државата.

078-909-481

075-691-727

НАПОМЕНА:
ЗАТОА ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ВАС ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ДОКОЛКУ ПОСЕДУВАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ЛИЦЕТО ИЛИ ГО ЗАБЕЛЕЖЕТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ЈА ПОЛИЦИЈАТА ИЛИ НАВЕДЕНИТЕ БРОЕВИ !!!
 
Attachments

  • 475387758_9753160691363014_3060965908219413402_n.jpg
    475387758_9753160691363014_3060965908219413402_n.jpg
    86,5 KB · Прегледи: 61
  • 475011995_9753160661363017_7404573761322162017_n.jpg
    475011995_9753160661363017_7404573761322162017_n.jpg
    90,4 KB · Прегледи: 72
  • 475887076_9753138608031889_4283487351307872472_n.jpg
    475887076_9753138608031889_4283487351307872472_n.jpg
    255,5 KB · Прегледи: 72
Значи сепак само неточни гласини се дека имал склероза.
Ако имаше нешто такво ќе стоеше во објавите, досега колку што знам секаде пишува дека се работи за здрава особа.
 
Не е ова CSI: Miami, па на крај на епизодата да дадат видео како е извршено кривичното дело.
Што значи тоа тракеторијата на возилата не била претходно спорна? Едно е во медиуми што се пишува, друго е судска постапка. Мора обвинителството да го презентира движењето на возилата на суд.

Иначе, не знам што очекувате, обвинителството се знае дека стои на ставот дека мотив е користољубие.
Ocekuvame dokaz deka palco i tatkoto se vmesani, kako sto bese najaveno. Da citiram, cvrsti materijalni dokazi. A ne teorii.
 
Значи сепак само неточни гласини се дека имал склероза.
Ако имаше нешто такво ќе стоеше во објавите, досега колку што знам секаде пишува дека се работи за здрава особа.
Нема никакви потврдени дијагнози нити пак необично однесување до сега. Станува збор за здрава личност, цел живот спортист и физички спремен. Поради тоа и претпоставуваме дека доколку е во движење, мали се шансите да е сеуште во околината на Кавадарци/Неготино. Повеќето од локалното население е веќе свесно за неговото исчезнување, и голем дел од теренот е веќе проверен од полиција/пожарна и доброволци кои се во голем број и секојдневно се на терен од изгревање на сонцето па се до негово заоѓање.

Ве молам споделете, за да ја проширеме веста за неговото исчезнување што е можно пошироко.
 
А зошто според тие што го познаваат не се исклучува можноста да е во напуштена куќа, имал таква навика да забега и друг пат или ?
Се надевам ќе се пронајди здрав и жив што поскоро, споделено е на сите социјални мрежи, некако медиумите затаија со овој случај или така ми се чини.
 
За волја на вистината сега за сега не се понудија силни докази против обвинетиве.Некна тоа со трите силуети во цитроенот беше смешки од доказ.Ни јас самиот не можев да си поверувам што слушнав и прочитав.
 
Kaде пишува такво нешто?
 
Не се случувало до сега, претпоставка е ама не се исклучува од опциите и се апелира до сопственици на викендици да ги проверат по можност. Медиумите периодов се преплавени со убиството на Фросина кое за жал се случи на ист ден со исчезнувањето... Неготино е мал град каде што се познаваат сите, дур ја проголтаме веста за Фросина ја добивме веста за исчезнувањето на Миле... Никогаш повеќе да не се повторат проклетииве
 
За волја на вистината сега за сега не се понудија силни докази против обвинетиве.Некна тоа со трите силуети во цитроенот беше смешки од доказ.Ни јас самиот не можев да си поверувам што слушнав и прочитав.

Не се силни докази снимки на двете возила на психопативе и кај домот на Панче и пред зградата на Вања и на местото каде што бил запален автомобилот ? Само за овие снимки од возилата каде што се они, плус признанието би го затворил случајов со доживотна
 
За волја на вистината сега за сега не се понудија силни докази против обвинетиве.Некна тоа со трите силуети во цитроенот беше смешки од доказ.Ни јас самиот не можев да си поверувам што слушнав и прочитав.
За волја на вистината ќе лежат доживотна, откажете се од бранење на нив, не трошете време за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom