Во рок од ден-два Американците префрлија околу 50-60 борбени авиони од матичните бази кон базите во Блискиот Исток, претежно Јордан. Тоа се повеќе борбени авиони отколку што Иран има оперативни (или повеќе отколку земја како Јордан). Меѓу нив и Ф-22ки.
Шест Авакси (Е-3) исто така.
Повеќето од авионите им се во Јордан, од повеќе причини.
Прво, заштита, може да концентрираат Патриоти и THAAD, кои може да бидат засилени со Израелската ПВО заради близината. Во суштина, ќе формираат еден противракетен штит составен од повеќе елементи кој ќе може да го брани и Израел и воената база во Јордан.
Второ, Иран има само неколку стотина ракети (не повеќе од илјада) што може да достигнат дотаму.
Иран ќе се најде во дилема кога САД ќе почнат воздушна операција врз нив, дали да го затворат Хормуз, или не. Иран е потпаднат под сериозно Кинеско влијание, особено после 12-дневната војна, а на Кинезите најмалку им одговара затворање на Хормуз, заради што најголемиот дел од нафтата што ја увезуваат поминува тука.
Кинезите сигурно ќе вршат притисок Хормуз да остане отворен, а во замена веќе Иран добиваат помош (ПВО и разузнавање).
Единствен проблем за Американците се нивните бази во близина на Иран, бидејќи истите може да бидат цели на ракети со мал дострел, какви што Иран ги има многу. Веројатно ќе бидат експресно евакуирани кратко пред масовниот воздушен напад што ќе следи.
Загубите на Иранците ќе бидат најмалку стотина пати поголеми од Американските, со можност Американците да немаат повеќе од едноцифрена бројка загинати.