Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Русија и Кина не верувам дека во моментов ги спречува нешто за да изградат цврст, моќен сојуз, очигледни е дека има работи кои ние обичните смртници не ги знаеме.
Политиката ние луѓето ја анализираме секогаш врз основа на информациите кои ги имаме на располагање, ама тие информации се многу површни и крајно недоволни за квалитетна анализа.Затоа многу често гледаме нелогични работи(нелогични за нас).

А тоа околу својот двор, ако гледаме така Америка мислам дека има многу поголеми проблеми во својот двор од Кина моментално.
Русија и Кина се природни непријатели, моментално и се добри односите, ама каде и да е ќе ја спукаат работата, дали ќе биде за 10, дали за 20, дали за 50 години ќе биде, тоа му е јасно на секој што разбира малку од малку.
 
Русија и Кина се природни непријатели, моментално и се добри односите, ама каде и да е ќе ја спукаат работата, дали ќе биде за 10, дали за 20, дали за 50 години ќе биде, тоа му е јасно на секој што разбира малку од малку.

Зошто би ја спукале? И зошто се природни непријатели кога двете имаат свои сфери на вилјание.
 
Ве уништија брат:kafence:
Јас моментално седам, си пијам кафе, отварам кајгана, си ме цитирал дека некој ме уништил...Да не го греши тутунот со нешто друго брату?? :coffee:
Автоматски споено мислење:

Русија и Кина се природни непријатели, моментално и се добри односите, ама каде и да е ќе ја спукаат работата, дали ќе биде за 10, дали за 20, дали за 50 години ќе биде, тоа му е јасно на секој што разбира малку од малку.
И јас истото го пишав...Две големи сили на еден континеннт не можи... Штом Кина ја надмини (или и се доближи) воено на Русија, во тој момент тие нема да бидат повеќе пријатели....
 
Зошто би ја спукале? И зошто се природни непријатели кога двете имаат свои сфери на вилјание.
Како од марс да си паднат, Русија и ја има собрано цела територија на надворешна Манчурија од Кина, Манчурија (таа што ја знаеш) да не беа јапонците и војната во 1905 ќе беше дел од Русија, Порт Артур не мрзне и сигурно ќе беше милионски руски град, многу побитен од Владивосток, надворешна Монголија ја направи независна држава, да немаше комунисти ќе и ја земеа и внатрешна Монголија, впрочем да не беа кумунистите и во 1945 немаше да и ја дадат Манчурија, сакаа и ујгурите да и ги земат како што го лапнаа Казахстан тогашен, имаа редовни рокања за време на студената војна, па дури СССР има размислувано да ги рока со нуклеарки.

Русија го има тоа што на Кина и треба, како ќе расте моќта на Кина така ќе се судираат со своите интереси,
ЈуЕсЕј ја виде заканата по својата глобална доминација и гледаш како ги активира вазалите во регионот, чекаме Тајван да биде нападнат и тоа ќе биде почетокот на прокси војните помеѓу Кина и САД заедно со Русија, се разбира одкако ќе се среди работата во Украина.
 
Иран на работ, Москва на терен: Pentagon Abort Mission

Во последните 24–48 часа светот беше сведок на настани кои, на прв поглед, изгледаа како момент на опасна ескалација на веќе кревката ситуација околу Иран. Но, ако внимателно се следи редоследот на случувањата и сигналите што ги испраќаа главните актери, станува јасно дека не станува збор за хаотичен развој, туку за момент во кој стратешката рамка се смени.

Во текот на поголемиот дел од денот, акумулацијата на информации укажуваше дека американски воен удар врз Иран е непосреден.
Се појавија извештаи дека британската амбасада во Техеран се подготвува за затворање и евакуација. Други европски земји започнаа слични постапки. САД јавно ги повикаа своите државјани да ја напуштат земјата. Особено индикативен беше фактот што и Русија упати идентичен повик, што ретко се случува и вообичаено сигнализира дека Москва располага со информации кои укажуваат на сериозна опасност.

Паралелно со тоа, медиумските извештаи – вклучително и од Reuters – наведуваа дека во Израел и во американските безбедносни кругови постои уверување дека нападот е прашање на часови или денови. Иранските власти, исто така, реагираа како држава што очекува удар: следеа остри изјави од воени функционери, најави за одмазда, затворање на воздушниот простор и дисперзија на иранските авиони од базите. Ова не беше подготовка за директна воздушна конфронтација, туку класична мерка за заштита на средствата од прв удар, кој би бил насочен кон инфраструктурата.

Со други зборови, сите делови од сценариото за голема ескалација беа на место.

И тогаш – ненадејна промена.

Трамп излезе со изјава дека добил информации оти Иран нема да продолжи со егзекуциите кои, според западните медиуми, биле планирани за тој ден. Тоа беше доволно за да се создаде впечаток дека ударот се одложува, иако јасно беше оставена отворена можноста за идна воена акција. Во следните часови, почнаа да се појавуваат знаци на деескалација, иако кризата далеку од тоа дека е завршена.

Воените подготовки, всушност, продолжија. Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ беше пренасочен кон регионот од Јужното Кинеско Море. Се појавија информации дека САД разгледуваат сценарија со крстосувачки ракети „Томахок“ и со стратешки бомбардери стационирани директно на американска територија. Тоа сугерираше дека временската рамка се поместува, можеби за една до две недели, но дека опцијата за удар не е напуштена.

Во овој контекст, значајна улога одиграа и арапските сојузници на САД. Според Financial Times, заливските држави итно го советувале Вашингтон да се воздржи од напад. Причините беа јасни: страв од дестабилизација на нафтените пазари, можност Иран да го затвори Хормускиот теснец и катастрофалните последици што тоа би ги имало врз економиите на самите заливски држави. Особено индикативна беше промената на ставот на Саудиска Арабија, која од поранешен жесток поддржувач на конфронтација со Иран, сè повеќе се позиционира како фактор на воздржаност и олабавување на односите со Иран.

Но вистинскиот пресврт не беше дипломатски, туку технолошки.

Клучниот фактор што ја смени динамиката беше драматичното деградирање на Starlink комуникациите во Иран. Протестите не беа задушени само со класични безбедносни мерки, туку преку оневозможување на комуникацијата. Сигналите не беа целосно исклучени, но беа постојано заглушувани, нестабилни и непредвидливи. Тоа го направи координирањето меѓу протестните групи речиси невозможно и ги прекина врските со надворешните центри на поддршка. Дополнително, се појавија информации дека технологијата овозможила и лоцирање на Starlink терминалите, што доведе до нивно запленување и апсења.

Ова е клучно: Иран немаше ваков капацитет за време на конфликтот во јуни. Сè укажува дека оваа способност доаѓа однадвор. Иако и Кина и Русија располагаат со ваква технологија, сè повеќе индикации укажуваат дека Русија не само што ја обезбедила технологијата, туку има и персонал на терен кој директно го менаџира ,,заглушувањето". Ова претставува квалитативна промена: не техничка поддршка од дистанца, туку оперативно присуство.

Токму ова, според сè, е еден од главните фактори зошто Трамп моментално се повлече од непосреден удар. Не поради морални причини, туку затоа што оперативната средина драматично се промени. Ако дигиталната инфраструктура за дестабилизација не функционира, сценариото за брза смена на режим станува далеку поризично.

Зелено светло да се заврши ,,незавршениот бизнис"!

Крук е поранешен висок британски дипломат со децении искуство на Блискиот Исток. Тој зборува арапски и персиски, а неговата сопруга хебрејски, што им овозможува директно и континуирано следење на израелските, ирански и арапски медиуми, кои често се многу поотворени од англискојазичните верзии.
Врз основа на тоа следење, Крук извести дека по средбата меѓу Трамп и Нетанјаху кон крајот на декември, во израелската медиумска сфера било јасно пренесено дека Трамп дал „зелено светло“ да се „заврши незавршената работа“ со Иран – формулација која во израелски контекст јасно значи смена на режимот во Техеран, а не нуклеарното прашање.

Ова не е изолиран наратив. Financial Times паралелно пишува дека Израел „чека САД да ја завршат незавршената работа со Иран“, што покажува дека целта е веќе артикулирана и усогласена и во западниот естаблишмент.

Во оваа поширока слика, се вклопува и економската состојба на Иран.
Таа не е нова и не е производ на последните недели. Таа е резултат на децении санкции, кои систематски ја ослабуваат економијата, го ограничуваат пристапот до финансиски пазари и создаваат хронична инфлација. Но, како што укажуваат анализите, последниот колапс на ријалот не може да се објасни само со санкциите. Постојат сериозни индикации дека тој бил дополнително поттикнат преку шпекулативни операции и масовно „шортирање“ на валутата, особено преку финансиските пазари во Дубаи, како дел од поширока стратегија за дестабилизација.

Во тој контекст, важно е дека Иран побарал околу 1 милијарда долари финансиска поддршка од Кина за стабилизација на ријалот. Како што е истакнато, реално и значително помала сума би била доволна доколку интервенцијата е правилно изведена. Кина располага со искуство, механизми и институционални канали преку БРИКС за вакви операции, а самиот сигнал за поддршка би имал силен психолошки ефект.

Паралелно со ова, се одвива и тивка, но клучна безбедносна дипломатија. Постојат извештаи дека Русија директно комуницира со Тел Авив, предупредувајќи го Израел да не напаѓа на Иран. За возврат, Москва презема обврска да обезбеди Иран и неговите сојузници да не преземаат агресивни чекори против Израел. Ова е класичен руски модел на деескалација преку баланс и гаранции.

Сето ова не значи дека кризата е решена. Напротив – тоа значи дека сме во пауза, во момент на преуредување на позициите.
Но едно е веќе јасно: стратешката равенка е сменета.
 
Друже, тоа се луѓе кои не сакаат утре да бидат камшикувани или обесени оти на ајатолахот така му се сонило. Тоа се луѓе кои сакаат да живеат, луѓе кои курац ги боли за Алах и девиците на небото. Тоа се луѓе кои сакаат нивните женски деца да се сметаат за луѓе. Тоа се луѓе кои не сакаат да се гладни при тоа што имаат нафта во изобилие. Тоа се луѓе кои се свесни дека ајатолахот е само обичен шупак а не божество. И шо не ти е овде јасно?
Реално ништо точно не знаеме за климата во Иран, се се само шпекулации и нагаѓања, но јас сум поприлично сигурен дека мнозинството Иранци се свесни дека во ситуација на обид за соборување на власта одвнатре зачинето со интервенција на САД и Израел однадвор има да им ја закопа државата. Дополнително, Иранците се империјален мајндсет, нема да лижат ничиви чизми тоа биди сигурен. Тие што излегле на улица и се фатиле за ова оро не и мислат добро на својата земја или се глупи до бескрај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom