Интолеранција на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата DanielVogel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2013
Мислења
704
Поени од реакции
691
Темава е спој од Храна и Здравје но решив да ја отворам во овој подфорум.

Што е тоа интолеранција на храна?
Интолеранцијата на храна се дефинира како хиперсензитивна не-алергиска реакција на некоја храна. Не смее да се меша со алергијата бидејќи механизмот на интолеранцијата е сосема поразличен. Симптомите можат да бидат: тровање, мачнини, кашлање, гушење, проблеми со желудникот/надразнување на цревата и сл.

bread-pic.jpg


Лекот за интолеранција е едноставен: елиминација на проблематичната храна. Некојпат може да се случи да го презаситиме организмот со еден ист продукт па тогаш да се појави интолеранцијата но по 5-6 месеци и повеќе може да ја снема.

Лани имав проблем со кикиритките и сувото грозје, годинава со лактозата и овесот.

Последно време се почеста е интолеранцијата на глутенот.

Ваши искуства ?
 
Целијакиjата е малце посериозна алергија од останатите алергии на одреден вид храна. Со оглед на тоа што 99% проценти од производите на пазарот содржат глутен. Сестра ми ја има целијакијата 24 години веќе и многу беше тешко во минатото да најдеш брашно,храна безглутенска. Моите нарачуваа од Германија но беше многу скапо. Среќа во последно време почнаа по маркетиве да увезуваат безглутенски производи, НО многу треба да се внимава да се чита составот на македонското производство бидејќи често пати викаат е безглутенско а не е така. Не се доволно упатени. Скоро секаде низ светот веќе луѓето користат безглутенска храна како поздрава.
Јас сум инаку алергична на житарици каде што е веќе полесно, не ги конзумираш и тоа е тоа :)
 
@AlternativeF мислам дека темата е повеќе за кај тебе, нетолеранцијата е здравствен сегмент, не гурмански.
Исто мислам и јас, но зависи од тоа како авторот ја конципирал темата.
Ако е само за дискусија за здравствениот аспект на интолеранцијата, да, тогаш е за во здравје.
Ако сака да споделува рецепти за некоја специфична состојба тогаш можеби е добро и тука да остане.
@DanielVogel која ти беше идејата?
 
Исто мислам и јас, но зависи од тоа како авторот ја конципирал темата.
Ако е само за дискусија за здравствениот аспект на интолеранцијата, да, тогаш е за во здравје.
Ако сака да споделува рецепти за некоја специфична состојба тогаш можеби е добро и тука да остане.
@DanielVogel која ти беше идејата?
Идејата ми е да е спој од двете подрачја, и за здравствениот аспект да се дискутира и за „гурманскиот“ т.е со што да се супституираат некои продукти. Пример лакто интолерантните да консумираат соино/оризово млеко, па рецепти за безглутенски / немлечни колачиња.. итн :)
Тие што имаат искуство со нетолеранцијата да споделат со што се хранат и како им се одразува врз буџетот
 
Нека ја тогаш овде, со надеж дека ќе има корисни муабети.

Инаку замена за кравјо млеко поради нетолеранција секогаш е бадемовото млеко или млекото од лешник/ореви. За соиното млеко има многу поделени ставови.

Еве испробана рецепта:

http://www.surovoivkusno.com/mleko-od-bademi/
 
Има ново млеко - алпско е без лактоза и цената е колку што паметам до 50 денари
Инаку за безглутенски рецепти ако некого интересира, во големите маркeти има 1 кг безглутенско брашно 250 денари е и јас со него правам исто што и со обичното: пити,пици,десерти,сѐ и одличен вкус имаат воопшто не се приметува разликата.
За тие што не конзумираат шеќер, добра замена е стевијата само што таа не трпи висока температура (станува горчлива) ако ја планирате за во десерти.
 
Наидов на интересен канал на јутуб, две британки со интересен хумор и рецепти за интолерантни на храна. Погледнете, се наоѓа по некоја интересна идеја за готвење. :)
 
го има некој правено тестот во Лабараторија Павлина за нетолеранција на 96 вида храна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom