Интервју

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Последната фаза за прием на работно место е интервјуто.Неговата цел е менаџментот на фирмата лично да се увери во комуникациските способности на апликантот,брзото размислување и познавањето на англискиот јазик.
Но дали и кај нас се спроведува поради овие причини или во позадина се кријат многу други?
Само ќе дадам некои насоки за дискусијата на темава.Тестирање,општ разговор,уште еден општ разговор,интервју со менаџментот во човекови ресурси,интервју со сопственикот.Бесконечна долга селекција,губење време,изживување,манијачења,лечења комплекси.Зарем се потребни толку разговори со цела фирма?Што е причината за ваков изместен систем во земјава?
 
Прво нешто околу комуникациите и јазикот...па во нашите фирми (не зборам за буџетарите) прво и основно бараат да знаеш да работиш она што го бараат, т.е. да како цел живот си работел таму, само на нив си чекал, мислам дека со странските јазици претеруваме...не секаде (огромен број работни места) е потребен.
Самите разговори најпрво ги обавува газдата, бар во поголемиот број фирми кај нас, па ако кандидатот биде примен тек тогаш го препушта на одговорното лице.
Самите разговори се своевиден циркус и лечење фрустрации..прашања за се и сешто а всушност се се сведува на едно, се става до знаење дека....ако бидеш примен ќе работиш од утро до мрак, седум дена во неделата, за слободни денови немој ни да си прашал и биди среќен ако воопшто ти дадам плата, ќе работиш три месеца пробно а потоа ќе те пријавиме..само што тие три месеци се одолговлекуваат во бесконечност.
Тоа ти е тоа кога во најголемиот број фирми кај нас газдите се искомплексирани и необразувани сељаци.
 
Освен таа епизода на лечење комплекси,новата шема е десет пати на интервју,со ист човек.Почнаа и различно да ги дефинираат,секоја чест.Ќе губиш време за да разговараш со некој неколку пати за она што си го напишал во св,боље нека ми се јави на тел ќе си муабетиме ако е осамен.
 
Последната фаза за прием на работно место е интервјуто.Неговата цел е менаџментот на фирмата лично да се увери во комуникациските способности на апликантот,брзото размислување и познавањето на англискиот јазик.
Но дали и кај нас се спроведува поради овие причини или во позадина се кријат многу други?
Само ќе дадам некои насоки за дискусијата на темава.Тестирање,општ разговор,уште еден општ разговор,интервју со менаџментот во човекови ресурси,интервју со сопственикот.Бесконечна долга селекција,губење време,изживување,манијачења,лечења комплекси.Зарем се потребни толку разговори со цела фирма?Што е причината за ваков изместен систем во земјава?

Освен таа епизода на лечење комплекси,новата шема е десет пати на интервју,со ист човек.Почнаа и различно да ги дефинираат,секоја чест.Ќе губиш време за да разговараш со некој неколку пати за она што си го напишал во св,боље нека ми се јави на тел ќе си муабетиме ако е осамен.

Тотално си во право за ова, не дека сум поминал многу апликации меѓутоа и од моево скромно искуство овде го делам истиот впечаток.

Проблемот е што тоа интервју го водат сосема несоодветни луѓе, ниту се поставуваат како што треба, не знаат веќе што да прашаат,не се подготвени за разговор и незнам што постигнуваат со повеќе од 3 интервјуа.

И се зависи всушност од тоа како ќе му се допадне муабетот, професионалните способности..во втор план.
 
Бев на многу интервјуа, во средно бев на семинар за како да се држиме на самото интервју. Некои се многу мачни ама си викаш ќе истрпам, ќе одам уште толку пати колку што ќе ми кажат и ќе се вработам. Те прашуваат најразлични прашања и сето тоа под еден вид на притисок, фактички те тестираат дали ти можеш да опстанеш на работното место или не. И главното прашање зашто баш тебеда те примиме? или пак кажи ни зашто си ти најадекватна за оваа работа баш во нашата компанија? ооо не.:pos: На интервју треба да си смирен да не покажуваш некакви си емоции што се вон работата, освен ако не аплицираш за глума, треба да си соодветно облечен значи не минич и деколте, ама не и ролка:pos: . Да одоговараш на прашањата како знаеш ти, да не се губиш и молчиш.
Обично се знае одма кој ќе влезе ама па си викаш зашто да не идам штом ме викнале, да си ја пробам среќата, да научам нешто. Ми се смачи од сите интервјуа и после десетото мислам дека најдов работа, па ќе видиме.:helou:

Инаку за самото интервју, не е веќе многу битнен фамозниот IQ, туку емоционалната интелeгенција EQ. IQ на кандидатот му помага да се вработи, а EQ му помага да напредува.
 
искрено до сега не сум залутал на интервју каде што би ме интервјуирале некомпетентни лица.Сакам да кажам, од самиот разговор, свакам дека, се луге на место, и дека чувствувам респект. Од друга страна па..од блиски луге слушам за нивните искуства за иннтервјуа, и си викам, п ајас да се погодам на такво интервју, мислам дека ке ги испјувам на културен начин и ке си идам ) ке им кажам дека повеке вредам :)
Без да се напрегам за одговорите на прашањата, без однапред да смислувам одговори, и да се оптеретувам дали ја ја исказам интелегенцијата ИQ, или моето ЕQ се трудам да се претставам маx онака каков што сум, за ад не ми е криво после тоа. Ако им треба некој како мене бујрум:) ако не ме изберат значи не им требал човек како мене:)
 
Добро, до некаде си во право ама ти не добиваш ништо со тоа што ќе отидеш и ќе ги "испјуваш" како што кажа ти. Прво губиш време, а за тоа време можеш друго нешто покорисно да правиш, друго биди сигурен дека нема да те викнат. Ако сакаш да успееш во нешто биди сигурен дека треба и да се потрудиш, ако вредиш тие ќе те викнат освен ако немаат друга политика во фирмата која сите добро ја знаеме. Нема напрегање во одговорите, ако знаеш знаеш ако не тоа е, им вртиш муабети на пример, ама тие се пак поискусни од тебе и ќе видат дали твоите знаења и искуство се доволни за да влезеш во нивната фирма. Дипломата не е пресудна, или ја имаш или ја немаш, се бара знаење кое можеш да го добиеш и без диплома.:helou:
 
Сега некои фирми имаат нова фора...
Прво ги свикуваат сите кандидати заедно на разговор околу информативниот разговор, т.е. еден претставник на фирмата како на ученици им попува на кадидатите и на крајот ги известува дека деновите што следат поединечно ќе бидат повикувани на разговор.:tapp:
 
Секоја фирма си има свои принципи и начини на вработување.
Пример братучетка ми при вработувањето ми помина низ неколку фази прво интервју како информативен разговор, па колективно интервју, па интервју со претставникот на фирмата од странство и плус тестови.

Јас не сум била на интервју за вработување до сега, само што дипломирав па кај и да е ќе се случи тоа. Знам дека ќе имам голема трема на првото интервју т.e преголема :)
 
Не зборам за некои големи фирми, туку за некои фирмичиња од по десетина вработени највише кои се замислуваат дека се ....
Каква смисла има колективното интервју...примаат во најголем број случаи по еден човек.
Се е тоа маркетинг....еден влегува на работа а неколку десетини одбиени надвор зборат ...леле каква фирма, ова она итн....
 
Воне новава финта им е интересна:)Ќе се скапеш од одење на интервју.И кај големите е така,кај малите избегнувајте интервју,попаметно ќе ви е.
 
постот што го напишам претходно ми беше избричан..или не сум го ни пратил ???ж
ај ке го пишам пак, пошо не гледав ни најмала причина да биде избришан :))
 
Не зборам за некои големи фирми, туку за некои фирмичиња од по десетина вработени највише кои се замислуваат дека се ....
Каква смисла има колективното интервју...примаат во најголем број случаи по еден човек.
Се е тоа маркетинг....еден влегува на работа а неколку десетини одбиени надвор зборат ...леле каква фирма, ова она итн....

Не ги дели фирмите на тоа ако се мали или средни претпријатија дека не се успешни. Сепак секоја фирма си одбира свој настап на интервју, свој метод на селекција, секој си бара квалитет, па и тие што се со врски влезени, ако не се способни да работат сигурно нема да ги задржат зашто секој сака да успее, а не да пропаѓа.
 
Јас нигде не напишав дека се неуспешни..напротив малите фирми се поефикасни и поекспедитивни (помали административни заврзлами)
Алудирав на комплексот на виша вредност.
Друго и сама напиша дека на лошиот кандидат макар и со врски бил примен по некое време ако не се снајде во работата дека ќе му биде покажана вратата (ова не важи за државните административци) така да колку и да разговори , тестови и сл. организираш не можеш да бидеш сигурен во успешноста на изборот, тие се само обид да се елиминираат ептен неподобните, колку толку види карактерот на кандидатите и слично. Значи дали изборот е добар може да покаже само времето.

Ај да не именувам сега фирми....но од неодамна има и друг феномен..не знам што им е на луѓето...пријател ми кажува дека фирмата кај што работи, на два-три месеци си дава огласи си врши интервјуа а притоа нема потреба а и нема намера да прими нови работници.
 
Добро, до некаде си во право ама ти не добиваш ништо со тоа што ќе отидеш и ќе ги "испјуваш" како што кажа ти. Прво губиш време, а за тоа време можеш друго нешто покорисно да правиш, друго биди сигурен дека нема да те викнат. Ако сакаш да успееш во нешто биди сигурен дека треба и да се потрудиш, ако вредиш тие ќе те викнат освен ако немаат друга политика во фирмата која сите добро ја знаеме. Нема напрегање во одговорите, ако знаеш знаеш ако не тоа е, им вртиш муабети на пример, ама тие се пак поискусни од тебе и ќе видат дали твоите знаења и искуство се доволни за да влезеш во нивната фирма. Дипломата не е пресудна, или ја имаш или ја немаш, се бара знаење кое можеш да го добиеш и без диплома.:helou:
по втор пат го пишувам постов, не сум го зачувал најверојатно:) изгледа не сум објаснил добро ситуацијата претходно, па си ме разбрала погрешно. Најпрво да казам дека објаснував за ситуација каде што се пријавуваш за работа која ти се допага ја ,сакаш. Исто така си оценал дека фирмата е добра поради тоа и конкурираш. Но што се случува кога ке заакаш на интервју и некој полуписмен треба да ти го мери акалот? е за тоа зборувам. Ако некој на интервју ми се правимангуп а блага веза нема од тоа что го збори, ке го исппцујам културно и наравно нема да очекувам да ме викнат, туку..културно ке им објаснам дека иимам и други обврски и дека морам да го напуштам нивното смрдливо интервју.
ПОвторно ке кажам , сум немал досега такво искуство.Секаде каде што сум бил..лугето си ја знаеле работата. И од тие интервјуа имам научено многу работи и методи на анализирање на лугето. И да како што кажа ке се потрудам..но ке се потрудам да го образложам моето знаенје и моите способности. тоа се бара од мене на интервјуто, ништо друго.
И да се согласум повторно со тебе, дипломата не е пресудна :) освен, ако им треба разлог за да те одбијат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom