Интервју за работа, што сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да да само сакав да кажам дека често се случува да ги прашат за ова прашање колку да видат дали идниот вработен е свесен дека ќе биде куче или пак како што велиш овца или крава.

Јас сум мечка реално физички и емоционално. Каква иднина ми проценуваш во животинското царство?
 
Физикалец, ноу офенс.
Мечката е многу интелегентно животно, и многу кротко се додека не попизди поради оправдана нејзина причина тогаш се бега од нејзе :smir:.
 
Мечката е многу интелегентно животно, и многу кротко се додека не попизди поради оправдана нејзина причина тогаш се бега од нејзе :smir:.

Да, ама мечката има слични карактеристики како лавот, а како што беше споменато погоре лавот и не е баш најдобар одговор.
 
Мечката е многу интелегентно животно, и многу кротко се додека не попизди поради оправдана нејзина причина тогаш се бега од нејзе :smir:.

Абе сега зависи како ги перцепира животните менаџерот само суштината на овој вид на прашања е да си кажеш без да сакаш каква личност си и без да му објаснуваш на менаџерот што личност си автоматски со тоа што кажуваш со кое животно се споредуваш си ги кажуваш своите добри и лоши страни се разбира зборуваме доколку менаџерот ги има способностите за проценка, ако ги нема најверојатно нема ни да постави некое слично прашање на ова со животните кое што на прв поглед изгледа без смислено но има своја позадина
 
Епа најдобро е крава,ем ќе те молзи ем ќе те клоца,ем секогаш ќе му се враќаш да ти даде храна.Колку добар опис за работник :pos2:
 
Мислам дека ова е преценето. На интервју ништо неможеш да дознаеш за кандидатот. Знам од лично искуство каде на интервју ми се расипа концептот од дома и така некако со пола уста го поминав. Денес супер ми иде на работа.
 
Интервју за вработување

Интервјуто претставува двонасочен процес на комуникација помеѓу работодавачот и кандидатот. Во оваа фаза на процес на селекција, еднакво важни се квалификациите, личноста и остварувањето. Оттаму, важно е да се прави разлика помеѓу различни типови на интервјуа.
Интервјуто дава можност да покажете дека одговарате на работното место кое го сакате, но тоа исто така е момент да ги добиете информациите кои не сте можеле да ги најдете на друго место.
Општи насоки:

  • Подгответе се за интервјуто: направете истражување за компанијата/позицијата, и доколку можете за лицето што ќе ве интервјуира. Понесете со себе материјал за компанијата, и доколку е потребно проверете го во текот на интервјуто. Подгответе дополнителни копии од вашата кратка биографија- CV. Ако сметате дека може да помогне, понесете примероци од ваша пишана или објавена работа и истражување. Сепак направете избор, немојте со себе да носите огромно портфолио.
  • Бидете пријателски настроени без голема присност. Истакнете работи кои може да бидат заеднички со лицето што ве интервјуира: заеднички интерес, вештина, искуство. Интерперсоналните и комуникациските вештини значат многу.
  • Пристапете со јасна цел и имајте ја на ум. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате и внимателно да слушнете што кажува лицето што ве интервјуира.
  • Покажете темелно познавање за индустријата/компанијата, и истакнете ги вашите вештини.
  • Бидете позитивни, подготвени, покажете професионализам.
  • Бидете искрени, но не и наивни. Не давајте повеќе информации отколку што се бара, особено за вашите слабости.
  • Поставете го вистинското прашање во прав момент. Ова е можност да одредите дали навистина го сакате тоа работно место.
  • Раководете со времето и почитувајте го времето на лицето што ве интервјуира.
Што да облечете за интервју
Повеќе од педесет проценти од перцепцијата на другото лице за вас се базира на тоа како изгледате, и затоа вашиот изглед е особено важен за да оставите добар впечаток. Особено внимание посветете на чевлите. Менаџери, особено оние кои биле во војска, можат доста да утврдат гледајќи ги вашите чевли.
Треба добро да се истражи што да се облече за на интервјуто, и за тоа треба да направите добра подготовка за интервјуто. Овие совети може да ве упатат, но не се применливи во сите ситуации.
Општи совети за мажи и жени за тоа што да се облече за на интервју:

  • Бидете конзервативни. (класични) За интервјуто е најдобро да бидете конзервативно (класично)облечени независно од кодексот за облекување на компанијата.
  • Ако сте несигурни, јавете се и прашајте! Не го прашувајте менаџерот за човечки ресурси. Полесно е да го прашате рецепционерот или асистентот за човечки ресурси. Ако повторно не сте сигурни, одберете конзервативен изглед.
  • Уредна фризура.
  • Чисти и исечени нокти.
  • Ставете малку парфем или колонска вода.
  • Немајте видлив пиерсинг на телото.
  • Немојте да џвакате гума за џвакање, бомбона или да пушите цигари.
  • Носете само еден прстен и малку накит.
Што треба да носат мажи на интервју:

  • Конзервативно (класично) одело – одело во два дела & вратоврска, умерена и еднобојна.
  • Кошула со долги ракави.
  • Избегнувајте лептир машна. Носете умерена вратоврска.
  • Чевли и чорапи со темна боја.
  • Избегнувајте брада и мустаќи. (Ако не можете да се откажете од мустаќите, бидете сигурни дека се добро потстрижени).
  • Ишишајте ја косата. Краток и умерен изглед е најдобар.
  • Не носете обетки.
Што треба да носат жени на интервју:

  • Избегнувајте фустани.
  • Чевлите треба да имаат умерени потпетици.
  • Носете акт чанта, наместо портмоне.
  • Умерен лак за нокти.
  • Минимална шминка.
Накитот сведете го на еден прстен и обетки.
Подготовка за интервјуто
При вашата претходна подготовка, бидете сигурни дека го разбирате бизнисот, дејноста, организациската структура, моменталниот развој и конкуренцијата на компанијата.
Колку повеќе знаете за целната индустрија или компанија, толку полагодно ќе се чувствувате во текот на интервјуто.
Подолу се наведени прашања кои веројатно ќе бидат поставени од страна на работодавците:

  • Која е вашата професионална цел?
  • Зошто сте заинтересирани во оваа индустрија/компанија?
  • Зошто компанијата би покажала интерес за вас? Што е тоа што е посебно за вас?
  • Како се споредува ова работно место со други работни места за кои сте заинтересирани?
  • Кои се вашите јаки страни/слабости?
  • Опишете се себеси со три придавки.
  • Како ве опишуваат луѓето?
  • Со каков тип на луѓе би се чувствувале пријатно/непријатно да работите?
  • Каде се гледате себеси пет или десет години од сега?
  • На вашето последно работно место, на што посветувате највеќе време и зошто? Во што уживавте највеќе/најмалку?
  • Опишете тешка ситуација со која сте морале да се справите.
  • Кои други прашања би сакале да ви ги поставиме?
Интервјуто исто така дава можност да проверите дали одговарате за таа компанија. Осигурајте се дека сте ги поставиле прашањата кои ви останале неодговорени во текот на истражувањето. Подолу се дадени примери на неколку прашања кои може да ги поставите:

  • Како би ја опишале вашата философија на менаџмент?
  • Опишете еден вообичаен ден.
  • Што очекувате од мене?
  • Пред кого ќе бидам одговорен, или со кого ќе работам?
Во текот на интервјуто
Личноста, увереноста, ентузијазмот, победничкиот став и одлични интерперсонални вештини се основните квалитети кои треба да ги покажете во текот на интервјуто. Таму сте за да се продадете; направете лицето кое ве интервјуира да ги разбере и да ги цени вашите вештини и постигнувања.
Дипломите и квалификациите најверојатно биле претходно проценети, а она што се одмерува во текот на интервјуто е вашата личност и остварување.

  • Внимавајте на изгледот и говорот на телото. Tие се значаен аспект од вашиот стил и како лично ќе се вклопите во културата на компанијата.
  • Управувајте со времето за интервјуто. Вие сте таму да одговарате на прашања, но исто така и да слушате внимателно. Пратете ги сигналите на лицето што ве интервјуира. Поставувајте прашања во прав момент; покажете интерес; бидете фокусирани.
  • Покажете дека сте погодни за таа позиција. Истакнете работи со кои сметате дека можете да го придобиете лицето што ве интервјуира.
  • Контролирајте ги последните моменти. Вообичаено тоа е добро време да ги поставите вашите прашања. Исто така може да ве запрашаат дали сакате да додадете нешто. Појаснете кога очекувате да бидете известени од страна на компанијата.
По интервјуто, одделете време да ги запиштете вашите впечатоци и што сте научиле. Проверете ги имињата и звањата (струката) на лицата кои биле присутни на интервјуто. Направете евиденција за интервјуто, тоа ќе ви помогне да ја донесете крајната одлука.

Хахаха и на крајот ке ви речат фала што дојдовте од друг град, "ке ви се јавиме". :s И после 0.0000001 се шансите дека ке се јават и ке ви кажат одбравме друг(фамилија нешто)

--- надополнето ---

Конкурс:
Се бара ххххххх под 25 год. со минимум работно искуство од 5 год. познавање на ххххххх
_____________________________________________________________________________
На прашање кое работано искуство го имате?
- Јас штотуку дипломирав.
А ние бараме со искуство,ке ви се јавиме
(Ало братучед кој ти беше пријателот што имаше хххх)
______________________________________________________________________________
Ке ти дадеме материјали ти изврши ја задачава па после може ке те примиме хахахаха
______________________________________________________________________________
За голема жал вака функционираат кај нас работите,со интервјуто и со работните места.

КОНКУРСИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ УШТЕ ПРЕД ДА БИДАТ ОБЈАВЕНИ.
 
се е мижи асан да ти баам:

од мое лично искуство каде што имам пратено преку 25 CV-и само ЕДНАШ ми се ЈАВИЛЕ и МИ ЗАКАЖАЛЕ ИНТЕРВЈУ.......па самите замислете што ФУНКЦИЈА имаат огласите во МК(освен ако не се за копач,малтерџија,кичма транс,итн)

на другите огласи каде што се имам јавено(бидејќи повеќето фигурираа како угостителски објекти) од 99% од нив ДОБИВ два одговора:
1)Имаш ли работно искуство(и после следи жал ми е дечко но ние бараме со работно искуство)
2)Ќе ти се јавиме

да не напоменам дека платата во вториов ешалон е не поголемо од 12 000,без можност да напредуваш а паралелно со тоа и поголема плата да добиваш

само се чудам КОЈ БУДАЛА ја измислис иреката-НА МЛАДИТЕ не им се РАБОТИ....
како прво-НИКОЈ НЕ ИМ ДАВА ШАНСА НА МЛАДИТЕ(зборам за фирми каде што можеш да идеш чекор понатаму и имаш ЖЕЛБА И ВОЛЈА да работиш)
како второ-КАЈ бараша КАКВА БИЛО РАБОТА,одозгора па сите ти бараат некое си РАБОТНО ИСКУСТВО(да не напоменувам скоро 80% од студентите не работеле некоја "канцелариска" работа)
како трето-ШТО ДА ПРАВИ МЛАДИНАТА КОЈА НЕМА ИСКУСТВО(-ПРИЈАТЕЛИ,ВРСКИ,РОДНИНИ)
како четврто-на крај краева ќе прифатиш било-каква работа(сосема пето нешто од тоа за што си се образувал) се со цел само да не седиш дома и да ти капе нешто
како пето-КОЈ СО ГОРЕНАВЕДНОТО(разочараност,немање доволно финансии) не се откажал од сопствените амбиции за доедукација т.е. запишување на постдипломски студии во МК и НАДВОР од МК, се со цел да си го доусоврши своето знаење?????

дипломиран студент кој моментално работи СЕ,само НЕ за ТОА што се образувал(било средно или факултетско образование)

Точно и јас за истото велам дека е трагично.Цело време се зборува дека има дефицит на вработеноста,треба факултетски образован кадар.А тоа кај ке работи не е важно,важно да се има диплома.Па што е потрагично на секое ќоше има факултет на секаков начин и со разни средства се земаат дипломи. И кога ке отидес на интервју пак ке ти рецат абе ти не си од тука патувањето ке ти биде проблем,ке ти се јавиме или нешто слично.И после неколку "корисни" интервјуа сам ке почнеш да велиш ке се чуеме.
Катастрофа е ова што се случува не важат никакви правила за како да се однесуваш на интервју,туку важи ако имаш врска блазе тебе.Ако не земи мотиката и ајт на село.
Поздрав

--- надополнето ---

се е мижи асан да ти баам:
дипломиран студент кој моментално работи СЕ,само НЕ за ТОА што се образувал(било средно или факултетско образование)

[/B]
И јас имам дипломирано пред 2,5 год. и се водам како VII-1 Ама пак по цел ден носам кафиња.За жал
 
добредојде во клубот:(

многу е ГЛУПО во нашава земја да се прави или да се организира КОДЕКС за интервју на некое работно место(зборам за државната администрација и некои квалитетни и доста јаки фирми)

така да кодексот во нашето општество е следен:
1)Роднинска/пријателска врска
2)Партиска книшка се смета за предност
3)Се разбира и да не го БИВА ќе НАУЧИ
 
+1

Башка, јас сум од струка која има многу малку дипломирани и од тие малку јас сум најдобриот (дипломи, признанија и успех).
 
Сите више мање сме го минале тој период (некои мање оти веднаш наоѓале работа или отворале свој занает/фирма). Делува разочарувачки, но тоа е...генерално вработувањето така функционира, ништо се нема сменето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom