Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.402
- Поени од реакции
- 35.043
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Информациите од биографијата користете ги само како потсетување за составување приказна
Дали некогаш ви се случило, веднаш откако оној кој го води интервјуто кога ќе ви го постави прашањето, да не знаете што да одговорите? Преку комуникацијата оставате впечаток дека сте личност која лесно се социјализира, но и се снаоѓа во неочекувани ситуации, па ќутењето во таков момент е вашиот најголем непријател. John Challenger, директор на американската консултантска компанија Challenger објаснува дека секој кандидат за работа има свои мани кои може да ги ублажи со правилен одговор на прашањата кои ќе му бидат дадени.
Кои се вашите слабости?
Не го сфаќајте ова прашање премногу лично, предупредува Challenger. Најдобро е пред самото интервју да размислите како би одговориле. Подобро истакнете ги своите навики кои во секојдневниот живот или на моменталната работа може да ви претставуваат потешкотии, но кои кај новиот работодавец би бил препознати како корисни. Пример, доколку станува збор за работа во сметководство може да нагласите дека премногу внимание обрнувате на деталите, но сметате дека токму таа „мана" во оваа работа би можела да биде предност.
Зошто си заминавте од претходната работа?
Во овој случај обидете се приказната да ја прикажете како што попозитивна, затоа што интервјуто не е момент за плукање по претходниот работодавец. Секогаш може да истакнете дека на вашето претходно работно место не сте можеле да ги искористите сите ваши потенцијали или сте дошле во ситуација во која не сте можеле повеќе да напредувате, па сте се одлучиле за промена во кариерата.
Зошто сакате да работите кај нас?
Да знаете правилно да одговорите на ова прашање, пред самиот разговор мора добро да прочите со што се занимава компанијата и да размислите кај се гледате себе во таа компанија. Истакнете ги вредностите кои ги промовира компанијата и нејзиното значење на пазарот и со тоа објасните зошто сакате да работите во такво опкружување.
Кажете ни нешто за себе
Запамтете, не ги повторувајте работите од биографијата! Ова е ваша можност да блеснете, па добро е да се искористи на најдобар начин. Немојте да ја раскажувате својата животна приказна, повеќе обрнете внимание и задржете на најважните работи од биографијата. Искористете ги податоците од неа, а особено оние кои се однесуваат на вашите карактеристики, како би објасниле повеќе за вашите желби и амбиции. Објаснете зошто мислите дека вашето знаење, искуство и работни навики можат да помогнат во понатамошниот развој на вработувањето. На пример: „Јас сум креативна личност. Во иднина да би работел/а на позиција водич на продажба, а својата креативност би ја развивал/а на иновативни методи за подигнување на мотивацијата на продавачот. Поради тоа, продажбата би пораснала за...„ наведувајќи конкретни резултати и постигнувања.
Кои се вашите цели?
Најдобро е само да се присетите на краткиот дел од вашата биографија во која наведувате што сакате да постигнете и за што сакате да се усовршувате. Воздржете се од изјави од типот: „Сакам да бидам менаџер" или „сакам да основам своја фирма". Одговорот би требало да биде дека сакате да имате сигурна и перспективна работа токму во конкретната компанија, која ги цени своите вработени и правилно ги потикнува да допринесат во развој на работата која ја извршуваат. Исто така, може да нагласите какви работи би сакале да работите, но да ја опишете работата, а не да неведувате позиција.
С.С.