Интернет во студентските домови

  • Креатор на темата Креатор на темата Miovski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 декември 2007
Мислења
384
Поени од реакции
17
Сега ставија интернет во сите студентски домови, па дали сте задоволни (тие што се во домовите ) од интернетот . Јас сум во Сениќ али тука има некој проблем интернетот губи пакети.
 
епа зависи што поставиле, + колку корисници се на еден линк,+ ако не сте лимитирани на брзина од линкот што доаѓа кон вас ќе губиш пакети дека ако некој вади торенти 24/7 со максимум брзина кај тебе ќе биде тиња нетот. Се надевам дека не е така но незнам.
 
Интернет во студентските домови.
Интернет во автобусите.
Интернет во јавните вециња.
Интернет во дискотеките.
Интернет во запрежните коли.
Интернет во продавниците за плочки.
Интернет на саем.
Интернет во сала Борис Трајковски.

и после ова пак има луѓе што не знаат што е интернет
и им тече од кровот кога врне...
 
на информатички факултет
742206395.png
 
Јас сум во студентскиот дом „Гоце Делчев“. И кај нас пуштија интернет колку да се рече дека постои такво нешто. Колку што разбрав има само поставено по неколку рутери во секој блок без компјутери. Интернетот се движеше некаде од 2 до 5mb/s првиот ден додека да се рашири информацијата дека е пуштена долго очекуваната мрежа. Сега брзината на сурфање е катастрофална (Google.com се отвора на секој 5ти обид, а за други сајтови нема никаква надеж). Исто така, првите неколку дена брзината на торентите (чисто сакав да проверам) се движеше од 0 до 750kb/s, ама дури и кога торентите летаа, немаше абер од отварање веб страни.

Не знам ни од кого е платен интернетот (се зборува сешто, некои велат дека е некоја си кинеска донација, некои велат владата го плаќа ... ). Во секој случај крајно несериозно и целиот тој интернет оди за џабе. Нема никакво одржување, постоел некојси администратор на мрежата ама само колку да ги намести параметрите (кои се најверојатно од default што се на рутерите :kesa: ).

Но што е тука е, така си функционираме во државава. Јас лично уште од старт не очекував да е нешто добро, дури се изненадив што воопшто ја пуштија мрежата оваа година :toe:. Барем lan мрежата функционира па се плескаат игри мрежно.
 
абе кај нас у поправен, домците го изедоа, нц нц ненаситнииии !
 
Back
На врв Bottom