Интернет вести и информации

  • Креатор на темата Креатор на темата vardarce
  • Време на започнување Време на започнување
Новиот Space Heater Benchmark на дело

Benchmark војната на серверите може да се прошири на нова територија благодарение на преработката на стандардниот тест за потрошувачка на енергија. Непрофитабилната Standard Performance Evaluation Corp. (SPEC) која до сега има направено многу benchmark-ови одлучила да се обиде во областа на потрошувачката на енергија. Организацијата започнала со правење на комитет кој треба да излезе со "стандардни методи и мерки" кои ќе ја проценуваат употребата на енергија кај серверите. Потрошувачката на струја и искористувањето по ват станале најважни точки во серверската индустрија поради се поголемото зголемување на трошоците за енергија и популарноста на новите повеќе јадрени процесори кои користат помала снага него старите Xeon и Itanium процесори.

main.jpg


Извор


Закрпата за Mac OS X без ефекти

Помалку од недела дена по издавањето на мега update-тот со поправки за "закашланиот" оперативен систем Mac OS X и Quick Time од страна на Apple, независниот истражувач Том Ферис изјавил дека веб пребарувачот Safari и понатаму останува без закрпи. Ферис кој е еден од најголемите критичари на компанијата Apple, пријавил недостатоци за Safari после тестирањето на Security update 2006-003 и при таа прилика изјавил дека ниеден проблем кој постои не е опфатен со овој update. Кога се работи за корисниците на оперативниот систем Mac OS X тие и понатаму продолжуваат да ги пријавуваат своите проблеми од различен вид кои настануваат при работата со овој оперативен систем.

main.jpg


Извор
 
Wi-Fi телефон за Skype

SPH101.jpg


NETGEAR's WiFi телефонот за Skype (SPH101) e првиот бежичен интернет телефон со кој можете да повикувате броеви на сите корисници на Skype притоа без да користите компјутер. Сите од вашите контакти се на десната страна од колор – дисплејот на телефонот така што секогаш би знаеле кој е online. Дури можете да телефонирате и на броеви што се надвор од Skype мрежата, за само неколку центи за минута и без месечни надоместоци. NETGEAR's WiFi Phone е сертифициран директно од Skype, што ви гарантира во високите стандарди кои ги поседува овој нов модел.
Моделот се очекува да излезе во продажба од јули 2006 година. Цената засега е $299,99.[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Проблеми за корисниците на Sky HDTV

Сателитскиот оператор Sky што нуди и HD (High Definition) филмски, спортски и забавни канали им соопшти на своите претплатници дека за инсталација мораат да почекаат неколку недели. Од оваа компанија е наведено дека се нарачани "повеќе него доволно" set-top-box уреди, но дека тие уреди едноставно не се стигнати. Сите оние претплатници кои очекувале инсталација на почетокот на оваа недела ќе мора да почекаат дури до август месец, што значи дека ќе го пропуштат Светското првенство во фудбал кое почнува на 9 јуни. Од оваа компанија најавуваа дека проблемот сепак ќе биде решен пред почетокот на Светското првенство.

vesti01.jpg


Извор


Нова алатка од Pando Networks

Масовното прифаќање може да кружи низ светот, но испраќањето на големи дадотеки преку е-маил сеуште претставува проблематична работа. Компанијата Pando Networks смета дека може да даде одговор на овој вид проблем, со тоа што ја претстави новата сигурносна алатка за размена на датотеки која е направена за поединци и за бизнис намени. Pando користи BitTorrent технологија за испраќање на датотеки од корисник до корисник. Било кој со е-маил адреса може да прими датотека преку сервисот кој потоа го активира Pando клиентот и превземањето може да започне. На овој начин може да се убрза размената на видео клипови, фотографии како и големите бизнис документи.

vesti02.jpg


Извор


Слаб интерес за Google

Според маркетиншките истражувања на фирмата Hitwise, трите нови атракции на компанијата Google не успеале да привлечат значајно внимание на веб-сурферската јавност. Во таа група спаѓаат Google Talk, Google Calendar и Google Finance кои севкупно биле пребарувани и користени како сервис само 1% од сите Google сервиси во текот на другата недела на мај. Најмногу пребарување имало за Google driver, скоро 80% од севкупниото пребарување. Кога е во прашање неуспешноста на Google Finance, таа може да се објасни со тоа дека Yahoo Finance е најпопуларниот извор на финансиски вести, цени на акциите и компаниски информации на интернет.

vesti03.jpg


Извор
 
Net2Phone го тужи Skype

Како се VoIP пазарот загрева така исто и парниците. Net2Phone го тужи Skype во америчкиот окружен суд на Њу Џерси, во врска со наводното нарушување на правата на патент. Тужбата се концентрира на point to point IP технологијата која овозможува размена на IP адреси да би се овозможило врска измеѓу два уреди. Компанијата Skype ја користи оваа технологија за одвивање на разговорите. Оваа компанија исто така е тужена од страна на сопственикот на компанијата Morpheus network. Во таа тужба StreamCast Networks го тужи Skype за раскинување на договорот со кој FastTrack network протоколот имале прво право на продажба.

main.jpg


Извор


Тексашки дуел со спамер

Еден од најуспрешните спамери во светот се договорил со компанијата Microsoft и државата Тексас на оштета од 1 милион долари, вклучувајќи и конфиксација на поголемиот дел од неговиот имот. Рајан Питилак (Ryan Pitylak, 24) обвинет е за испраќање 25 милиони е-маил пораки дневно. Spamhaus овој човек го означи како четвртиот на свет најлош спамер. Ни Microsoft ни државата Тексас не објавиле никакви официјални информации поврзани со оваа спогодба, до која дошла минатиот месец. Наместо тоа првото јавно известување на овој договор било на вебстраната на Питилак каде исто така било објавено дека Питилак покренува своја сопствена антиспам консултантска фирма.

main.jpg


Извор
 
8 терабајти на капацитет во стандардно куќиште

На Computex е прикажано стандардно PC tower куќиште со 50 Fujitsu 2,5" хард дискови со капацитет од 200GB во RAID конфигурација. Вкупниот капацитет на хард дисковите во ред изнесува 10TB но се изгубени 2TB во паритетот на редот. За редот се користени моделите MHV2200BT кој Fujitsu ги представи во март месец и кои користат SATA 1,5 Gbps и се вртат со бризна од 4200 Rpm. Секој хард диск има максимална потрошувачка на струја од 1,6W при операција на пишување/запишување што на целиот ред му дава максимална потрошувачка на струја од 80W. Секој хард диск во случај да се расипе може да биде заменет без прекинување на работата на другите и при демонстрацијата немало никакви проблеми при одстанувањето на хард дисковите од редот.

main.jpg


Извор


Многу поени за Windows Vista

Јавното издавање на Windows Vista Beta 2 верзијата е секако голем настан за Microsoft. Не само што на тој начин им е дадена можноста на корисниците да го испробаат најновиот оперативен систем туку на тој начин ќе се оствари повратна врска помеѓу компанијата и корисниците пред официјалното издавање на Vista во почетокот на 2007 година. Според Microsoft јавното преставување на Vista Beta 2 ги поминало нивните очекувања и е најголемото превземање на софтвер во историјата. Microsoft исто така изјавил дека размислувале за BitTorrent како можност да се искористи за дистрибуирање на Vista Beta 2 но сепак на крај одлучиле да не го направат тоа.

main.jpg


Извор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom