- Член од
- 10 февруари 2006
- Мислења
- 358
- Поени од реакции
- 8
; напиша:Мобик телекомуникации“ единствен кандидат за одобрение за широкопојасен безжичен пристап
Скопје, 18 февруари (МИА) - „Мобик телекомуникации“, странска компанија со мешовит капитал, е единствениот понудувач на тендерот распишан од Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за користење радиофрекфенции од радиофрекфенцискиот опсег 1800-1805 MHz, наменет за обезбедување широкопојасен безжичен пристап на целата територија на Македонија.
На денешното отворање на понудите Комисијата за споведување на тендерот констатира дека „Мобик телекомуникации“ ги доставиле неопходните документи и најави оти дополнително ќе се изјасни за понудата.
- Одлуката за понудата треба да биде донесена најдоцна до 2 март, а одобрението да се додели до 3 април годинава, најави претседателот на тендерската Комисија Јане Јакимовски.
Минималниот износ како еднократен паричен надомест за одобрението изнесува 30.000 евра. Доколку ја добие дозволата „Мобик телекомуникации“ за една година треба да обезбеди 30 проценти покриеност на населението, за две години 60 проценти, а за три години 80 проценти.
Извор: МИА
Што ли стандард е овој дали некој знае?
Само знам дека не е со гаранција GSM, wimax, canopy, 3G, wifi