Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е до драјвер ќе нема само на тој уред, а не на сите мобилни. Пишав дека рутерот работи на друг модем и нема потреба од ресетирање.
а ако е подесен со фиксни ип адреси кои се погодни за вториот модем, а не за првиот. подесувањата за интернет не одговараат за првиот модем.
најдобро ти да влезеш во подесувањата во рутерот и да видиш што е како е.

каков модем и интернет користиш, кабелски? вториот модем е на ист кабелски оператор?
некои оператори ја врзуваат конекцијата со MAC адресата на компјутерот, па можеби ќе треба во рутерот да ја клонираш MAC адресата од мрежната во компјутерот.
 
Како може да не одговараат кога до вчера се било во ред на првиот модем и ништо не е сменето со години? И одеднаш не работи преку рутер, само со кабел од модем.

Рутерот прв пат е поврзан на друг таков модем од ист оператор и има интернет на сите уреди.
 
на невидено кој може да ти каже до што е.
влези во рутер подесувања види прво дали добива рутерот интернет.
 
Screenshot_20190423-173637.jpg

Еве денес одеднаш што ми се случи кога сакав да пристапам на форумов. Некое објаснување?
 
Еве и утрово исто. Ама направив clear cache на хром и се опраи. Да не собираат арач (податоци) си викам...[DOUBLEPOST=1556081738][/DOUBLEPOST]Или можеби не?

forum.kajgana.com uses an invalid security certificate. The certificate expired on April 23, 2019, 3:20 PM. The current time is April 24, 2019, 4:51 AM. Error code: SEC_ERROR_EXPIRED_CERTIFICATE
 
Последно уредено:
Еден пријател има проблем со интернетот - лаптопот многу често му се дисконектира од интернет.
Проблемот веројатно не е во рутерот пошто со мобилниот нема таков проблем.
Што може да биде проблемот?
 
Еден пријател има проблем со интернетот - лаптопот многу често му се дисконектира од интернет.
Проблемот веројатно не е во рутерот пошто со мобилниот нема таков проблем.
Што може да биде проблемот?
Да е изместена антената внатре во лаптопот.
Да треба да се апдејтира драјверот за мрежа/вајрлес.
 
Еден пријател има проблем со интернетот - лаптопот многу често му се дисконектира од интернет.
Проблемот веројатно не е во рутерот пошто со мобилниот нема таков проблем.
Што може да биде проблемот?
слаба антена или wifi модул во лаптопот. драјвери ако може да помогнат ама ако никако не се подобри нека го смени wifi модулот со некој подобар.
што wifi има во лаптопот и што модел лаптоп е?

на разни локации во куќата се случува истото? нека проба и друг канал на wifi нека ставе, можеби во околината има повеќе мрежи на тој канал што е моментално.
 
Тој е тапа за компјутери па ќе треба јас да проверам кога ќе појдам за да ти одговорам на прашањава. Инаку, да, на разни локации се случува истото.
 
Еден пријател има проблем со интернетот - лаптопот многу често му се дисконектира од интернет.
Проблемот веројатно не е во рутерот пошто со мобилниот нема таков проблем.
Што може да биде проблемот?
Го имав истиот проблем и го решив со инсталирање на постара верзија на Wi-Fi адаптерот.
Барај ја оваа верзија, постабилна не постои.
1222.jpg
Исто така, во Power Management отштиклирај го делчето "Save power".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom