Интересни факти за видеоигрите

  • Креатор на темата Креатор на темата Scirea
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислев дека гејмериве знаат нешто повеќе за видео игрите, ама ништо :( ... јебига ќе продолжам да пишувам


Во играта Golden Axe за СЕГА Џенезис гласовите ги "позајмуваат" затвореници кои биле осудени на смртна казна


Атари на јапонски значи Успех

Најпознатата шифра во видеоигрите е онаа на Нинтендо (NES)...
top10videogamecheatcodes_1.jpg


Rockstar запослила вистински криминалци за GTA 5 се со цел да им дадат на ликовите поавтентични гласови
 
Креаторот на Pokѐmon, Satoshi Tajiri, идејата за играта ја добил од тоа што како мал собирал гасеници и ги гледал како се менуваат во пеперутки.

Во раните фази на развојот на Half-life 2, пријателски вонземјанин го следел Гордон Фриман наоколу и се хранел од телата на мртвите непријатели. Го тргнале од играта, кога дознале дека AI-то би било премногу тешко да се испрограмира.

Devil may cry, првично требало да биде дел од Resident Evil.

Silent Hill 4: The Room, оригинално не била SH игра, туку посебна франшиза развивана од Конами, наречена The Room. Акира Јамаока одлучил да биде дел од Silent Hill.

Grand Theft Auto (GTA) всушност била тркачка игра, Race'n'Chase, но настанал глич со кој полициските коли го следеле и напаѓале играчот. Грешката била толку популарна кај тестерите, така што наново ја изградиле играта околу тоа, притоа создавајќи ја GTA.

Mortal Kombat, првично била дизајнирана како Жан Клод Ван Дам акциона игра. Неговиот карактер подоцна бил изменет во Johnny Cage.
Само четири луѓе учествувале во креирањето на Mortal Kombat.
Истотака, тоа е првата игра со "M" рејтинг и била причината да се направи ESRB рејтинг системот.
 
Ghouls and goblins е side - scrolling аркадна игра од 1985 година, и се смета дека е една од најтешките игри што воопшто излегле на пазарот. Вие го контролирате витезот Сер Артур кој е во мисија да ја спаси принцезата од рацете на самиот ѓавол. Низ текот на играта вие ќе морате да се борите со зомбиња, птици, растенија итн. Финтата со оваа игра е што одкако со петни жили ќе го победите главниот, ќе ви се појави слика на која пишува дека ќе треба одпоново да ја свртите целата игра за да ја ослободите принцезата....
И одкако по вторпат ќе успеете да го победите главниот, ќе ви се појави ова...

ghostsgood-2.gif


Играва е створена колку да ви ги крене живците, и ништо повеќе :icon_mrgr:

 
Атари2600 е конзолата што најмногу се задржала на пазарот. Таа била пуштена во промет во 1977 година, а била повлечена од пазарот во 1992, што значи дека цели 15 години опсојувала и покрај тоа што додека траел нејзиниот "живот" на пазарот се појавувале и многу помоќни конзоли, кои содржеле поквалитетни игри. Интересното е што Атари во 1982 ја издал конзолата наречена "Атари5200" но после две години била повлечена од пазарот, пред се заради џојстикот што го имала.... навистина за такви примитивни игри во 1982 година, немало потреба да има ваков контролер за конзолата :icon_mrgr:. Во 1986 Атари ја издава "Атари7800", али некако неможела да се носи со Нинтендо и СЕГА конзолите, па е повлечена од продажба во 1992 година заедно со Атари2600

All Hail The King :cuc:


Atari2600a.JPG
 
Во Conker's Bad Fur Day(poo's cabin), има парче чоколадо ставено позади едни решетки преку кои не може да се оди и да се стигне до чоколадото. Според директорот Chris Seavor, тој го ставил таму колачето затоа што знаел дека ќе им идел на нерви на луѓето.

latest


SEGA прави повеќе пари од Pachinko машините во Јапонија отколку продажбата на игри низ целиот свет.

Спрема прирачникот на Assassin's Creed II, невозможноста да се плива во оригиналната Assassin's Creed e заради тоа што имало "баг во Анимусот" кои ги спречувало луѓето да го прават тоа, а не заради тоа што Altair не знаел да плива.

Во Infamous Second son има неколку билборди каде што го пишува бројот "1-884-HELP-DUP". Јавувајќи се на овој број во вистинскиот живот ќе ви одговори претходно снимена порака од главниот антагонист на оваа игра.

Ocarina Of Time 3D ги има повеќето исти багови како во Ocarina Of Time за Нинтендо 64. Според Нинтендо, овие багови биле оставени за играчите да го имаат истото искуство во двете игри.
 
Супер Марио првпат се појавил во 1981 година во играта Donkey Kong и често го викале Jumpman, кратко потоа малото човече со мустаќиња го нарекле Mr. Video Game, за да на крај со преименуваат во Супер Марио

Нелегално е децата (до 16 години) во Јужна Кореа играат игри после полноќ

Ширегу Мијамото креаторот на Супер Марио после успехот со првата негова игра (Super Mario Bros.), сакал познатиот италијански водоводџија да јава диносаурус... но поради сеуште неразвиената технологија, за оваа идеа морал да чека дополнителни 6 години. Во 1990 успеал да го создаде Јоши, верниот пријател на Марио

Компанијата што ја создала играта Томб Рајдер, сакала да воведе чит со кој би ја покажал Лара Крофт во голо издание, но Тоби Гард главниот дизајнер ја одбил оваа идеја (пичка му матер)

Football Manager 2005 била забранета во Кина затоа што играта ги претставила Тибет и Тајван како независни земји

Креаторите на Dragon's Lair, земале примери од Плејбој списанија за да ја направат принцезата Дафне

Најбрзата игра некогаш направена е Dragster, за Атари 2600... дизајнерите ја креирале играта за 5 минути и 51 секунда
 
Иако Resident Evil од 1996 година се смета за една од најдобрите хорор игри некогаш направени, сепак ова дело има место и во Гинисовата книга на рекорди како игра со најлош дијалог.

Уверете се и самите :)

 
Super Mario Bros 2 - The Lost Levels за Нинтендо е продолжението од првата игра за италијанскиот водоводџија. Била пуштена во продажба само во Јапонија и никогаш не дошла до Европскиот и Американскиот пазар поради бизарна причина... играта ја сметале дека е претешка за малите деца. Затоа Нинтендо решиле да пуштат друга верзија на играта со истото име, само без тоа The Lost Levels. Но интересното е што и оваа игра што излегла во Америка и Европа не била оргинал, туку преработка од играта Yume Kōjō: Doki Doki Panic... збунувачко :)

Super Mario Bros 2 - The Lost Levels (Излезена само во Јапонија)


Super Mario Bros 2 - Излезена во Европа и Америка (Во Јапонија е позната како Super Mario USA)


Yume Kōjō: Doki Doki Panic (Излезена само во Јапонија)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom