Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.870
- Поени од реакции
- 89.684
Чепкав низ форумов за да видам дали ќе најдам некоја слична ваква тема, но без успех... па затоа се молат модераторите ако најдат тема индентична на оваа, нека ја спојат, нема да се наљутам 
Значи како што кажува насловов на темава овде ќе ги откриваме интересните факти, информации па дури и урбани легенди поврзани со видеоигрите. Еве како што е редот ќе напишам неколку информации за игрите кои најверојатно сме ги играле низ годините. Се разбира вие можете да ја дополнувате листата подоле, се со цел да дознаеме што се сме пропуштиле додека сме киснеле со саати низ телевизирот или компјутерот играјќи ги овие игри.
Значи да започнеме
Училиштето во Silent Hill.
Оваа игра е излезена 1999 година и е првата од франшизата за легендарната игра со истоимениот наслов. Многумина ја сметаат за една од најстрашните игри некогаш излезени благодарение на језивата атмосвера, приказната и пред се маглата што цело време ви го попречува видикот додека ја играте. Во еден дел од играта вие сте принудени да го истражите локалното училиште во градот.... вака на прв поглед, школо како школо, не сте обрнувале многу внимание на тој објект, но сепак тука се крие еден интересен факт. Наводно инспирација за училиштето во Silent Hill дизајнерите ја нашле во филмот Kindergarten Cop во кој главната улога ја игра Арнолд Шварценегер. Кој би помислил дека токму оваа фамилијарна комедија во годините што следуваат ќе биде инспирација за ваков жарн на игри
DOOM 2
Уште една легендарна игра која еве веќе ja надмина дваесетгодишнината од нејзиното постоење.... да бидеме попрецизни, ова дело е излезено далечната 1994 година. Ништо не ќе беше чудно ако знаеме дека во истата таа година фронтменот на Нирвана Курт Кобејн извршува самоубиство со својот шатган. Па така 21-от левел на оваа игра се нарекува Nirvana а првото нешто што ќе го забелешите на почетокот од мапата е шатганот што стои пред вас.
E.T. The Extra-Terrestrial
Сигурно сте се прашале која е најлошата игра некогаш направена... епа еве ви го одговорот. Излезена далечната 1982 година за Атари 2600, оваа игра сигурно не би сакале да ја имате во својата колекција. Играта се здобила со толку негативни коментари од јавноста, што предизвикало луѓето што го направиле ова "ремек дело" да ги закопаат во пустина (во близина на градот Ел Пасо - Тексас) останатите касети што не биле продадени на пазарот. Ова сепак се сметало за урбана легенда се до пред некоја година кога група работници ги ископале касетите од под земја.
POLYBIUS
Ова е повеќе накај урбана легенда, но сепак ќе ја пишам. Наводно играта првпат се појавила во локаните аркадни играчници (кај нас познати како флиперници) негде помеѓу 1981 и 1982 година. Луѓето што се испробале на оваа игра најчесто добивале амнезија, кошмари па имало случаеви кадешто некои почнале да имаат и фобии од видеоигрите. За оваа игра се чекало во редови и била една од најпопуларните игри во флиперниците низ Портланд. Интересното е што во овие објекти често доаѓале луѓе кои запишувале информации за играта, најдобриот скор и иницијалите на играчот потпишани на машината. Одтогаш и се губи секаков траг на играта, се до 2011 година кадешто наводно во една продавница бил откриен флиперот со нејзиното име на него. Сепак кратко по оваа вест, на играта повторно и се губи секаков траг. Легендарната серија Симпсонови во една епизода дава кадар каде што Барт се наоѓа во флиперница, а до него седи контроверзната игра.... под играта можете да забележите дека пишува Property of U.S. Government
Останати факти и информации прераскажани во кратки црти
Печурката од Супер Марио е вистинита и се нарекува amanita muscaria... Сепак оваа печурка не ве тера да пораснете побрзо и нема да ви даде дополнителна енергија, туку едноставно ќе ве отруе
LSD - Креаторот на играва бил под дејство на опојни дроги и пател од депресија додека го правел делово.... резултатот е повеќе од очигледен... језиво
Секоја година излага барем по една игра во која главен лик е Супер Марио
The Oregon Trail е најстарата игра која сеуште се произведува и се надоградува.... првиот примерок од оваа игра е излезен далечната 1974 година.
Duke Nukem Forever - за оваа игра биле потребни 15 години за да излезе на пазарот. Првпат е најавена во 1996 година, а пуштена е во промет во 2011 година.
Епа толку од мене, сега ви е вас редот....