Интересни факти за видеоигрите

  • Креатор на темата Креатор на темата Scirea
  • Време на започнување Време на започнување

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.870
Поени од реакции
89.684
Чепкав низ форумов за да видам дали ќе најдам некоја слична ваква тема, но без успех... па затоа се молат модераторите ако најдат тема индентична на оваа, нека ја спојат, нема да се наљутам :smirce:

Значи како што кажува насловов на темава овде ќе ги откриваме интересните факти, информации па дури и урбани легенди поврзани со видеоигрите. Еве како што е редот ќе напишам неколку информации за игрите кои најверојатно сме ги играле низ годините. Се разбира вие можете да ја дополнувате листата подоле, се со цел да дознаеме што се сме пропуштиле додека сме киснеле со саати низ телевизирот или компјутерот играјќи ги овие игри.

Значи да започнеме

Училиштето во Silent Hill.

Оваа игра е излезена 1999 година и е првата од франшизата за легендарната игра со истоимениот наслов. Многумина ја сметаат за една од најстрашните игри некогаш излезени благодарение на језивата атмосвера, приказната и пред се маглата што цело време ви го попречува видикот додека ја играте. Во еден дел од играта вие сте принудени да го истражите локалното училиште во градот.... вака на прв поглед, школо како школо, не сте обрнувале многу внимание на тој објект, но сепак тука се крие еден интересен факт. Наводно инспирација за училиштето во Silent Hill дизајнерите ја нашле во филмот Kindergarten Cop во кој главната улога ја игра Арнолд Шварценегер. Кој би помислил дека токму оваа фамилијарна комедија во годините што следуваат ќе биде инспирација за ваков жарн на игри

silent1.jpg


79789.jpg


the_kindergarten_cop_and_silent_hill_coincidence_640_05.jpg


DOOM 2

Уште една легендарна игра која еве веќе ja надмина дваесетгодишнината од нејзиното постоење.... да бидеме попрецизни, ова дело е излезено далечната 1994 година. Ништо не ќе беше чудно ако знаеме дека во истата таа година фронтменот на Нирвана Курт Кобејн извршува самоубиство со својот шатган. Па така 21-от левел на оваа игра се нарекува Nirvana а првото нешто што ќе го забелешите на почетокот од мапата е шатганот што стои пред вас.



E.T. The Extra-Terrestrial

Сигурно сте се прашале која е најлошата игра некогаш направена... епа еве ви го одговорот. Излезена далечната 1982 година за Атари 2600, оваа игра сигурно не би сакале да ја имате во својата колекција. Играта се здобила со толку негативни коментари од јавноста, што предизвикало луѓето што го направиле ова "ремек дело" да ги закопаат во пустина (во близина на градот Ел Пасо - Тексас) останатите касети што не биле продадени на пазарот. Ова сепак се сметало за урбана легенда се до пред некоја година кога група работници ги ископале касетите од под земја.



POLYBIUS

Ова е повеќе накај урбана легенда, но сепак ќе ја пишам. Наводно играта првпат се појавила во локаните аркадни играчници (кај нас познати како флиперници) негде помеѓу 1981 и 1982 година. Луѓето што се испробале на оваа игра најчесто добивале амнезија, кошмари па имало случаеви кадешто некои почнале да имаат и фобии од видеоигрите. За оваа игра се чекало во редови и била една од најпопуларните игри во флиперниците низ Портланд. Интересното е што во овие објекти често доаѓале луѓе кои запишувале информации за играта, најдобриот скор и иницијалите на играчот потпишани на машината. Одтогаш и се губи секаков траг на играта, се до 2011 година кадешто наводно во една продавница бил откриен флиперот со нејзиното име на него. Сепак кратко по оваа вест, на играта повторно и се губи секаков траг. Легендарната серија Симпсонови во една епизода дава кадар каде што Барт се наоѓа во флиперница, а до него седи контроверзната игра.... под играта можете да забележите дека пишува Property of U.S. Government :)


Останати факти и информации прераскажани во кратки црти

Печурката од Супер Марио е вистинита и се нарекува amanita muscaria... Сепак оваа печурка не ве тера да пораснете побрзо и нема да ви даде дополнителна енергија, туку едноставно ќе ве отруе :tvg:

LSD - Креаторот на играва бил под дејство на опојни дроги и пател од депресија додека го правел делово.... резултатот е повеќе од очигледен... језиво :coffee:

Секоја година излага барем по една игра во која главен лик е Супер Марио

The Oregon Trail е најстарата игра која сеуште се произведува и се надоградува.... првиот примерок од оваа игра е излезен далечната 1974 година.

Duke Nukem Forever - за оваа игра биле потребни 15 години за да излезе на пазарот. Првпат е најавена во 1996 година, а пуштена е во промет во 2011 година.


Епа толку од мене, сега ви е вас редот.... :angel:
 
У праењето на фар крај кецот еден од програмерите бил македонец. и го ставил знамево наше у играта:D btw Беше и гостин кај овој горазд у таа гејмерската емисија, нз точно која епизода само, кој знае нека го постира клипчето
 
Последно уредено:
Оригиналниот модел на главниот лик на Half-Life, Gordon Freeman, кого Valve го смениле(фала богу), требало да изгледа вака:
Ivan_model_views.jpg
извор[DOUBLEPOST=1422478628][/DOUBLEPOST]По мене оваа е најлошата игра некогаш направена:
Big Rigs - Over The Road Racing
Според играта, Ајнштајн бил една најобична будала:
https://www.youtube.com/watch?v=R8X7Vj6JXPk&spfreload=1
 
Последно уредено:
У праењето на фар крај кецот еден од програмерите бил македонец. и го ставил знамево наше у играта:D btw Беше и гостин кај овој горазд у таа гејмерската емисија, нз точно која епизода само, кој знае нека го постира клипчето

Петар Котевски
https://www.youtube.com/watch?v=1HTDIdI-UXs
Респект за Петар а и за Гораст. :thumbsup:
 
Tomb Raider - главниот лик на оваа легендарна игра требало да биде маж, но еден од дизајнерите "случајно по грешка" ( :icon_mrgr: ) му ставил гради на ликот. Ова наишло на на позитивна реакција од другите дизајнери и денес благодарение на таа "фатална грешка" ја имаме Лара Крофт.... најпознатиот женски лик од видео игрите

Најлоша конзола според многумина е Bandai Pippin... овој производ е дело на Apple Macintosh и првпат е пуштен во продажба во 1995 година. И додека Сони, Нинтендо и СЕГА растуриле на пазарот со своите конзоли, производот на Ејпл поминал навистина срамно.... продадени се одприлика околу 44.000 примероци а конзолата била повлечена две години подоцна во 1997.

Дел од игрите за Bandai Pippin


 
@Ron Burgundy

Кога сме кај македонски елементи во други игри, една од најпознатите игри, покрај Far Cry, е и Halo. Во играта има човечка колонија на планета наречена Skopje :D. Очигледно не само што има македонци и после 540 години од денешен ден, него имаат и своја планета дури :D. Well, until some shit happens.
 
Последно уредено:
@Ron Burgundy

Кога сме кај македонски елементи во други игри, една од најпознатите игри, покрај Far Cry, е и Halo. Во играта има човечка колонија на планета наречена Skopje :D. Очигледно не само што има македонци и после 540 години од денешен ден, него имаат и своја планета дури :D. Well, until some shit happens.

epa pogledni go videoto pogore ;) od GG
 
Кулите кои што се појавуваат на почетниот екран на PS2, ги претставуваат игрите. Колку игри се играат, толку кули се додаваат, како и нивната висина, која се менува во зависност од времетрањето на играњето.

hqdefault.jpg



Final Fantasy франшизата, своето име го добила заради фактот дека Square Enix биле пред банкрот и решиле да ја направат нивната "последна" игра, но играта доживеала огромен успех и многу години подоцна, односно денес веќе е во изработка Final Fantasy XV. :)

Tomb Raider: Legend нема почетен cutscene, затоа што еден од програмерите заборавил до го внесе кодот во финалната верзија.
 
Maze Wars е првата FPS игра направена воопшто. Првата верзија е направена 1973, а десетина години подоцна е издадена верзија за Макинтош.
 
Супер Марио Брос - Поради ограниченоста на нинтендото, дизајнерите на оваа игра грмушките и облаците ги направиле во потполен ист облик, само боите им се сменети
 
Во GTA San Andreas одпрво биле планирани и направени само два града Лос Сантос и Сан Фиеро во финалните подготовки на мисиите дошло до предлог за трет град и така бил направен Лас Вентурас.
 
Penn & Teller's Smoke and Mirrors е игра која првично требало да излези за SEGA CD во 1995 година, но поради финансиски проблеми со спонзорите, никогаш не го дочекала тој ден. Сепак денес оваа игра може да се најде на интернет, а гејмплејот се состои од 6 миниигри од секаков вид поджарн... arcade schooters, side scrolling, puzzle, RPG...
Сепак една игра се издвојува од сите овие гореспоменати, а тоа е симулаторот Desert Bus. Целта на играта да возиш автобус од Тусон, Аризона до Лас Вегас, Невада. Се ќе беше во ред со играта, само ако возењето до крајната цел не траеше повеќе од 8 часа (нели, демек вистински симулатор), автобусот не вози повеќе од 45 милји на час, патот не содржи кривини, и нема други возила на него.... значи буквално возиш само право.
Целта на постоењето на оваа игра е еден вид на одговор на сите оние родители кои се жалеле дека видеоигрите содржеле премногу вознемирувачи содржини кои лошо влијаеле на нивните деца.... затоа како еден вид на заебанција е направена оваа игра :)


Гејмплејот :kruna:

 
Дискетата од играта Die Hard за Нинтендо, која на прв поглед неверојатно потсетува на немилите настани од 9/11/2001 година... Играта е излезена 1991 година.

1166477201-00.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom