
Intel е спремен да се преврли на DDR3 меморија во текот на наредната 2007 година, со што DDR2 меморијата ќе стане најкраткотраен DDR стандард. Но, за разлика од префлувањето oд DDR на DDR2, префрлувањето од DDR2 на DDR3 ќе биде многу поумерено. DDR2 ќе седи покрај DDR3 подолго oд една година. DDR3 мемориите ќе работат на DDR3-800, DDR3-1067, DDR3-1333 и се претставува дека максимумот ќе биде DDR3-1666. Овие модули треба да работат на 1,5v. 800Mhz ќе биде премостувачката брзина од DDR2 кон DDR3 и до средината на 2009 се очекува целосно префрлување на DDR3 и работен такт од 1333MHz. Mногу произведувачи како Infineon, Elpida и меморискиот гигант Samsung веќе прават DDR3 мемории и ги пишуваат специвикациите за други компании. Истотака има гласини дека и AMD ќе се префрли на DDR3 со што DDR2 стандардот ќе има најкратко употребуван стандард од DDR фамилијата.



