Интегриран образовен систем (учење албански јазик од I одделение)

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Ако македонците во сопствената држава морално го учат албанскиот јазик без избор .....
тоа ке биде поголема глупост од најголемата глупост во историјата на човековите глупости:helou:
 
зошто американците не го воведат за втор јазик,таму ги има повеќе него кај нас,ништо јас немам против учење на друг јазик но само ако е добрволно,зошто утре ќе почнат и србите да бараат да се учи српски,турците турски итн па ние ќе си немаме време да си го научиме нашиот македонски јазик
 
Е де, јас тоа го знам без никакви часови, па и повеќе од тоа.

Онтопик, јас сум за да се учи албанскиот јазик. Прво, затоа што сакале/нејќеле живееме со нив, па зашто да не ги разбирам како тие мене што ме разбираат кога зборувам? Второ, шансите за работа ќе ми бидат со сигурност поголеми во некои фирми, каде што освен англиски и македонски се бара и знаење на албанскиот, а такви фирми има се повеќе, барем во мојот град.
Според мене многу покорисно ќе им биде да знаат албански, од колку да учат веронаука.
za ova si vo pravo.
sepak se slozuvam kako izboren predmet da postoi, oti neznaes koga ke ti pritreba.
a i znaenjeto e mok neli?
 
Секој научен јазик ја оплеменува свестта и ги отвора видиците. Немам апсолутно ништо против тоа, него имам против европски комесари кои сакаат да ни оправат образование, кај нив којзнае колку е добро можеби образованието.
Еве јас лично освен пишувањето, читањето и основна математика за се сум самоук, можеби не е којзнае колку добро образованито кај нас ама знам да пресметувам и без дигитрон, на запад тоа не го можат така ми потврди братучед ми.
 
и што ќе им е албански да учат?? ај англиски признавам, секаде во светов англиски се зборува, а албански :tapp: живееме во македонија и има македонски да се зборува кој не сака патот под нозе и кај сака нека оди :pipi: кај нас в гимназија да воведат албански да учиме, нема шанси да стапнам на час :nenene:
 
Не е убаво во своја држава да се учи друг јазик, многу полесно е тие да го научат нашиот и така и треба да биде. Инаку јас не држев часови по албански јазик досега, но го научив на улица, не е баш за фалење ама можам комотно да разговарам на албански, а за пишување тешко малце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom