Информатика или правен?

  • Креатор на темата Креатор на темата LedZeppelin^^
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2011
Мислења
14
Поени од реакции
5
Возраст
32
Сакам да слушнам ваши мислења што би било подобро да студирам?
 
Сакам да слушнам ваши мислења што би било подобро да студирам?

Ова се толку различни сфери што навистина не знам како можеш да се мислиш измеѓу овие две струки. Полесно за мислење, амин. Да се мислиш дали да студираш IT или телекомуникации да сфатам, ама информатика и право :/
 
Па ако имате кој да ви го чува грбот правник. хх Актуелно е сега информатика, ако си мераклија иди. Ти си знаеш!
 
Ако те бива за математика и програмирање иди информатика. :)
 
Сакам да слушнам ваши мислења што би било подобро да студирам?

Прво се бира тоа што те интересира затоа што цел живот ќе го работиш.Сигурно не би сакал секој ден кога ќе се будиш за на работа да се пцуеш што си избрал погрешна професија.Правото ти е долг и мачен процес после 3 год обрзан си да запишеш и 2 год магистратура за да ги комплетираш тие 300 кредити па стажирање на спремање на адвокатски испит тоа е долгооо време.Имам другарчиња кој со 3год на информатика се вработија и за наши услови си земаат супер плата.Размисли си пред да се одлучиш и покрај нашите коментари сепак од тебе ќе зависи.Со среќа што и да одбереш :)
 
Ни информатичките факултети/смерови не се тоа што беа, еден куп дебили има што идат таму не зашто сакаат, повеќето идат дека е тоа сеа ин.

Се понеквалитетен кадар ќе излегува наредните години, уште кога ќе видам дека од бруцошите сега на ФИНКИ 40% се девојчиња ондак...

Така да друже иди што те интересира повеќе. Не иди информатика ако не те влече или не те бива.

п.с. без навреда до некои девојчиња тука што се на ФИНКИ ама дали 3% од девојчињата на ФИНКИ ќе бидат програмери.
 
Што сакаш да бидеш, информатичар или правник?

Тоа што носи повеќе пари :)

Правници во земјава има со лопата да ги ринеш.
 
тоа што сакаш ти да бидеш а не нешто што ке го прочиташ на форум.. јас сум на информатика и ми е топ добро ми иде сега за сега затоа што тоа што го учам го САКАМ И МИ Е ИНТЕРЕСНО.. да бев на правен немаше да положам ниеден испит пошо не ми се бубаат илјада страни едноставно неможам.. одбери тоа што те влече повеќе да го учиш,работиш и она што ти лежи повеќе и имаш некој предзнаења..
инаку како факултет можам со гаранција да ти кажам дека и двата се доста просперитетни не се секирај со правниците затоа што сеа им го вратија стариот режим со испити и нема да завршат толкав број толку лесно.. информатика исто така воопшто не ти е лесно, напротив е претежок меѓутоа е доста просперитетен во сегашноста и иднинава како што оди времево се на тоа се сведува.
 
Ако сакаш да учиш на памет ондак оди на правен,плус ако имат некој од твојте што е адвокат се исплаќа да одиш на правен иначе ти е долг процес дури да стигниш на едно ниво покрај олку адвокати,а ако ти фаќат глата барем малце,логика едно друго оди на информатика плус по исплатлива професија е.Само не можам да те сфатам како мојш да се двоумиш помеѓу овие две,до толку различни вкусови имаш или се запишуваш колку да се кажи дека во денешно време сите се запишуваат?!!!!
 
пријател. а ти да размислеше што сакаш да бидеш утре ден кога ке почнеш да работиш? шо дека ке ти кажеме ние правник или информатичар кога може нема да те влече струката па ке треба со сила да работиш а со сила у бавина не бива нели?
 
Помеѓу информатика и право....јас мислам дека треба да одбереш медицина!
 
прашањево е глупо.. оти ако ти незнаеш шо сакаш да учиш ќе се потпреш на мислење од некој сосема друг?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom