Индиската „Мадерсон груп“ влегува на македонскиот пазар

  • Креатор на темата Креатор на темата Трајче :)
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 август 2011
Мислења
232
Поени од реакции
79
Возраст
30
Индиската „Мадерсон груп“ влегува на македонскиот пазар

31.08.2011 - 15:33 |

Индиската компанија „Мадерсон груп“ денеска со поставување камен-темелник во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 го официјализираше влезот на македонскиот пазар.
euros_68655.jpg

Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која треба да се обезбедат нови 140 вработувања. Планирано е на површина од 2,7 хектари да бидат изградени два производствени погона во кои ќе се произведуваат делови за ретровизори, односно во еден од објектите ќе се произведуваат лимени делови за ретровизори, а во другиот стакло за ретровизори. Целото производство ќе биде наменето за европските производители на автомобили кои ќе ги добиваат готовите ретровизори претходно монтирани во фабрика на групацијата во Унгарија.
Новите објекти треба да бидат готови за една година, односно до август следната година.
Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, истакна дека е гордост што во Македонија влегува голем гигант како што е „Мадерсон груп“ којшто е присутен во околу 30 земји од светот и кој успеал секаде каде што отворил фабрика.
Новата инвестиција, според Груевски, има двојно значење за Македонија бидејќи од една страна ќе обезбеди нови вработувања и можни натамошни инвестиции најавени од страна на инвеститорот, а од друга страна ќе биде одлична препорака за останатите компании од Индија како брзорастечка држава.
- Чекор по чекор со политиките на Владата за привлекување странски инвестиции оваа индустриска зона си ја добива својата физиономија. Иако пред почетокот на глобалната економска криза беа резервирани речиси 80 отсто од компаниите, имаме нов бран крупни компании кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија по попуштањето на светската економска криза. Така што не случајно е и доаѓањето на три последователни инвестиции во Македонија во последниот период, подвлече Груевски.
Тој најави дека се во преговори и со поголем број компании кои се пред донесување на конечна одлука за инвестирање во Македонија.
Претседателот на индиската компанија Вивек Чаанд Шангал изрази надеж дека во Македонија ќе најде нов дом. Рече дека почнува со два проекта, но не ја исклучи можноста за натамошен развој.
Според вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денешната инвестиција е уште една потврда дека владините политики за привлекување странски инвестиции вродуваат со плод.
Претходно, во Владата на Република Македонија индиската компанија со претставници на македонските институции потпиша Меморандумот за разбирање и договорите за закуп за земјиште и за доделување државна помош.
„Мадерсон Групацијата“ е брзорастечка компанија со седиште во Индија, со над 90 производствени капацитети поддржани од центри за дизајн и канцеларии за поддршка во повеќе од 21 земја. Групацијата има над 40.000 вработени.
Ова е прва индиска инвестиција во Македонија од вкупно шесте инвестиции во ТИРЗ Скопје, а трета по завршувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија. Досега, во ТИРЗ Скопје 1 имаат инвестирано американската „Џонсон контролс“, британската „Џонсон Мети“, италијанската „Технокозе“, американската „Кемет електроникс“ и руската компанија „Продис“, дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“.
 
Само камења се ставаат последниве 3-4 години, а на апликациите за работа ретко кој враќа. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom