BloodyJesus
патенирана чепкалка
- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 1.206
- Поени од реакции
- 1.240
Брзата реакција на останатите пратеници во македонското Собрание денеска спречи законодавниот дом да биде местото на уште една физичка пресметка меѓу народните претставници.
Пратениците Џеват Адеми од владиниот коалиционер ДУИ и Имер Алиу од опозициската ДПА во последен момент беа спречени да влезат во физички дуел по жестоката расправија за време на Комисијата за политички систем на која се дебатираше за предлог Законот за лустрација.
Адеми говорејќи пред членовите на Комисијата рече дека најголем дел од политичките затвореници во фазата на испитување пред истражните органи биле принудени да потпишуваат изјави дека ќе бидат соработници на тајните служби.
Ваквата изјава на Адеми предизвика лутина кај опозиционерот Алиу кој реплицираше.
“Според ова што го кажавте излегува дека сите Албанци политички затвореци биле кодоши!“, рече пратеникот од ДПА.
Инаку, Адеми се обиде да објасни дека неговиот колега погрешно го разбрал, тоа не спречи да избувне вербален дуел со размена на навреди од најниско ниво. Двајцата пратеници се нарекуваат со секакви погрдни имиња, за потоа да излезат надвор за да она што не можеа да го решат со зборови да го разјаснат со тупаници.
За среќа, останатите членови на Комисијата не дозволија во Собранието да се случи уште еден скандал како оној од септември 2007-мата година кога за време на пленарна седница во Собранието се степаа пратеникот на ПДП Абдулади Вејсели и Садула Дураку од ДУИ.
Претседателот на Комисијата по инцидентот меѓу Адеми и Алиу даде 15-минутна пауза, по што се продолжи со работа во мирна атмосфера, но без присуство на Адеми.
Нека се изедат и нека си цицкаат крвта со сламка, души продадени.