Инат, тврдоглавост ...

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Оффф инат магарешки и тоа.А уште поинтересно е и што партнерот ми е па сеа види...
Се трудам колку што е можно да го контролирам, и да не бидам толку инат и да попуштам.
Во секој случај тврдоглавоста и инатот дефинитивно не водат кон ништо и не се многу арна работа во врската.
Затоа во Новата Година сите инати не водете инат.Фалааааа:pipi:
 
Прашање е кој како го користи инаетот, мада го сметам за добра карактеристика. Едноставно, си стоиш на твојот став и не се замараш што мислат останатите околу тебе.

Но, треба да се биде реален и да се признае кога сме во заблуда за нешто, а веќе докажано и покажано ни е дека грешиме.
 
Инает сум. И тоа голем.
Особено ако знам дека сум во право.
Неколку пати ми има наштетено во врска, но џабе не ми доаѓа памет.
Добро јес да сега гледам да попуштам колку можам ... но гордоста често не ми дозволува да попуштам до крај.
 
Ајде експеримент. Пак ист пост на иста тема по 8 дена.

Едноставно инаетот прави возбуда. Предизвик и од двете страни. Половно умствени игри. Ај споредба. Треба малце да се протресе авионот "Vrska Airlines" за да се направи на патниците да ми биде поинтересно возењето. Проблемот е што некои не ја знаат границата на издржливоста на авионот при тресење (дали поради неискуството на пилотот или пак на црврстината на авионот) па кога ке протресе се дешава кршлуц и авионот паѓа на земјата. Ако се најде таа граница помеѓу добриот и лошиот начин на инаетење ке се направи секој лет да биде возбудив, нов, интересен но и безбеден.
 
Не сум тврдоглава, понекогаш знам да водам инат, ама не ме држи долго, бидејќи ништо не добивам-само губам.
А инаетот и тврдоглвоста можат да и штетат многу на една врска.
 
Од една страна сум инает, од друга страна сум мирољубива личност ( рак во хороскопот ), па можеш да претпоставиш каква комбинација е тоа. Сепак се зависи од самата ситуација, кога сметам дека има простор за попуштање и дека вреди да се попушти, попуштам - бидејќи несакам да се карам, и несакам кавги. Но, кога знам дека сум во право, а друг сака да ме прави будала на здрав разум е тогаш нема шанси да попуштам, едноставно или го игнорирам или ќе си го истакнам сопствениот став - т.е. тоа го правам секогаш, но ако видам дека една личност неможе да ме разбере, а ниту тој може да се качи на мое ниво, ниту пак јас да се симнам на негово тогаш едноставно на игнор и готово... нека си тера по негово. Инаку што се однесува до инаетот и тврдоглавоста се едни од најголемите уништувачи на една врска, и тоа е факт... Затоа секогаш љубовта, довербата, искреноста и разбирањето треба да бидат посилни и поголеми од инаетот и тврдоглавоста ( барем кога станува збор за вистинска љубов ).
 
Инает и тврдоглава само ако сум сигурна дека сум во право.
И да си ја уништам врската нема да се каам воопшто.

А,за банални работи,обични излегвења секогаш гледам на компромис,дури и ќе премолчам некогаш.
 
Поради гордост инает и тврдоглавост никогаш нема да бидеш среќен во љубовта..Тоа е докажано...гадно се изговрев јас ..Гордоста ми беше пред се..али кога малце подобро ке размислиш ништо корисно нема од неа..така да..:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom