Име според родители

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Живееш во Македонија? Немам видено досега референца џуниор кај нас, што знам јас лично не би се одлучил да го крстам сопственото дете по мене или пак по сопругата со оглед на тоа дека ќе му наметнам глорификација на одредена личност во текот на неговото созревање односно подобро кажано околината во која ќе порасне ќе му го наметне тоа додека во некоја друга држава е сосема прифатливо и можам да кажам дури и традиционално.

Да, во МК и не е џуниор, туку изменета скратена верзија. :icon_lol:
 
Никогаш нема да крстам име по мама или тато.
Си иам определено имиња и за машки и за женски имиња, па коа ќе се родат, ќе си определам (добро ај и жената ќе определи:)).
А може и по мене да го крстам, само малку модифицирано, Џон.
 
moeto ime ( ASEN) e od pokojniot brat na tatko mi i toj se vikal asen... umrel na 8godishna vozrast.. inache toj bil najstar vo semejstvoto
 
Син ми е крстен по татко му (сопругот) а ќерката по нејзе :icon_lol:. Мислам тоа баби дедовци не проаѓаше во никој случај па си се договоривме по нас да си ги крстиме ддецата.
Син ми без проблем го крстив по татко му, ама ќерка ми не сакав да ја уклетам по мене :icon_lol:.

Ова со имињава им е својствено на чесите, сигурно имаш некаква фамилијарна поврзаност со нив.:toe: Тие на своите деца (поготово на машките) им ги ставаат своите имиња -каде името на таткото е исто со името на синот. Но, кај нас не сум сретнал или има ама се ептем реткост .
 
Мало човече,а да го крстиш Страшо!
Против за ставање имиња од свекрва и свекор,дозволено е само на моите имињата :icon_lol:
 
НИКОГАШ, НИКОГАШ не би го крстила детето според мајката или таткото на идниот ми сопруг. Јас сум крстена на мајка од татко ми те моја баба. ИмаВМЕ исто име и презиме. Немате појма, кога таа почина пред 3 години, колку беше грозно да си го гледаш сопственото име и презиме на некролози по бандери... ОДВРАТНО... се чувствував грозно и не би сакала моето дете да го доживее истото чувство
 
пример Јас сум крстена по името на баба ми...и сега чекам да наполнам 18 за да си го сменам :)
 
на мене презимето ми е од дедо ми само .. тој се викаше Миладин а јас се презивам Миладинов ..
и сега јас на пример нема шанси да му дадам име на мое дете по баба ми или дедо ми ..
двајцата ми дедовци се Миладин и Жаре ..
а бабите Ресија и Борјанка .. Ај ве молам :kesa:
 
Јок бре!!

Како ќе каже кумот така ќе биде и за мене а и за кумствата кои бајаги ги имам баба ме зарече,значи јас како кум ќе го изберам името по мој избор и родителите нема да дознаат се додека трипати не се откажам од сатаната-па после да го кажам името:)

А тоа име по баби дедовци веќе не важи!!
 
Искрено не сум крстен ни по баба ни по дедо...а моите деца како ќе каже кумот така...
 
Па крстена сум по прадедо ми и татко ми, во женска варијанта, ама сепак јас не би го крстила своето дете по име на дедо му/ баба му. И не сакам многу кумства, па јас и таткото би се одлучиле за името (:
 
пример Јас сум крстена по името на баба ми...и сега чекам да наполнам 18 за да си го сменам :)

И како ќе се прекрстиш...Ајша или Касандра?????
d015.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom