Имате ли пријатели Албанци?

  • Креатор на темата Креатор на темата Berov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 октомври 2012
Мислења
13
Поени од реакции
5
Возраст
37
Дали е возможно пријателство мегу Албанец и Македонец?
 
Да, имам многу пријатели
и не ми е битно што е по националност- важно ми е да е човек
Инаку , за твоја информација моите пријатели албанци се поголеми другари и од некои македонци
Туку, не ти ја разбирам поентава на темава-
зар вие бугарите немате пријатели турци?????
 
Зошто да не, имам живеено година дена во Истанбул и таму се здружив со двајца од Тирана, нормални дечки, никакви предрасуди.
Тука на факултет сум на здраво и празни муабети со неколку од Дебар, фини се, малку повлечени.
Сепак, има разлика од Албанец до Албанец, коа ќе ги видам во 64 ка дивјацине, ми се смачува од се, а камоли пријателство.
 
Дали е возможно пријателство мегу албанец и македонец?
Абе Бугар а тебе што те боли дали има или нема? Не ве капирам , или работиш за некоја бугарска служба па правиш истражување на јавно мислење. Очекувам следна тема да се отвори дали ако има вооружен судир меѓу Македонци и Албанци дали ќе се борите и дали сте спремни да убивате. Или да не јадам многу бурек да не искочи Борисов на Грујо 4ти критериум за добро сосетски односи да биде да не плукаме по Бугари:pos:
 
Јас израснав во Топанско, така да имам многу пријатели Албанци. Но обично остануваат на тоа, ретко Албанец да ти биде најдобар другар или пријател. Најчесто се делиме на 13-14 години со нив, ваљда доведуваат многу фактори до тоа, не знам.

Имав другар што спиевме еден кај друг, ручавме секој ден заедно и после останавме на некое здраво, спојување само за фудбал, баскет некој да се сврти и тоа е тоа. Кафиња мафиња, град искачање не.
 
Немам, имам познаници од факултет, кршиме по некој муабет чат-пат, ама дружба некоја никако.

Знаат они дека не ги сакам, знам и ја дека не не' сакаат, нема потреба од лицемерно, извештачено дружење, колку за атер на соживотот, што е чест пример последно време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom