Икона во вашиот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата Рамада
  • Време на започнување Време на започнување
Имам едно прашање,дали е убаво да има се икона во спална,те во соба каде што се спие?Молам за одговор!

Не е убаво да се има никаде икона.
 
Имам бе најглавна ми е од светецот заштитник кој што е воин (Св. Георгиј).
 
Јас сум барем „раат“ од таа работа.

Дедо ми кажуваше дека уште пред 70-тина и повеќе години ги собрал сите икони од куќата, ги однесов во црквата и ги „дарувал“ сите попови :pop::pop::pop: кој со по една, кој со по две икони, и така се ослободил од нив, а верувајте ги имал многу. И не само што тој се ослободил, туку и нас не ослободил од нив, па така нема потреба кандила:pop: да им палиме и сами да си зборуваме во собата без тие да ни одговорат.



Скраја да е.......луѓето (комшиите и роднините) кои што го виделе како ги „дарува “ поповите со икони, а и самите попови, го убедувале да размисли што прави, бидејќи ќе му се случело нешто лошо, дека за кратко време „иконите“ ќе му ја земеле душата, демек Господ ќе го казнел затоа што се разделил од нив и што им го сменил покривот и живеалиштето.........но иронијата да биде поголема......сите кои што му се закануваа (комшии, роднини и попови) ги над-живеа, живееше 93 години и освен дедоми и бабами која живееше приближно колку него, никој друг „ИКОНИТЕ“ не зедоа од фамилијата (сите сме здрави и живи, фала му на Бога). Умре задоволен од својот живот, Библијата ја читаше до последниот ден од неговиот живот и ја знаеше наизуст, и умре со вера, дека Исус и за него припремил место во вечноста, која за него започна уште пред 16 години.

Слава му на Бога, што му ги отворил очите, за преку него и нас да ни бидат отворени, и да бидеме „раат“ од тој товар и бреме, кој што го носат еден огромен број луѓе и не сакаат да се ослободат од тоа бреме, живеејќи во страв „иконата“ да не им го земе животот за кратко време.

Следејќи го примерот на дедо ми, и јас неколку пати сум ги дарувал поповите :pop::pop: со по некоја икона, во случаи кога други луѓе сакале да се ослободат од бремето на иконите, но немале доволно храброст самите да го направат „дарувањето“.


Еве што Исус ни порачува:

”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.“

(Матеј 11:28-30)





Со почит, Госпел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom