Икона во вашиот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата Рамада
  • Време на започнување Време на започнување
Ги имам повеќе дома,бидејќи и ги изработувам.
 
Да,имам,и тоа мајка Богородица со Исус во рацете.
 
Имаме неколку , кај мене во соба е од Св.Тројца :)
 
Икона во мојот дом сум ЈА! :D
 
Имам неколку, со Богородица и Исус
 
Ги има многу...а нормално ја има и на Св. Кирил и Методиј кој патем е моето име само без тоаЈ:)
 
Ја имам тајната вечера, на големо платно во рамка..
 
Куќна слава ни е св.Никола па имаме една поголема икона од тој светец.
 
Иконата (или образ) не е никаков идол. Зашто почитувајќи ја иконата не го почитуваме парчето дрво или бојата или платното, ами го почитуваме тој што е насликан на дрвото или платното или хартијата. Е, сега некој ќе рече, па и незнабошците им не се клањаат на киповите, ами на тоа што го претставуваат киповите, и зошто тогаш нивните кипови се идоли, а нашите не се? Епа нашите икони не се идоли зашто поклонувајќи им се нив ние се клањаме на Господа или на светецот кој е живописан на иконата, а незнабошците преку своите кипови им се клањале на непостоечки “богови“, односно на демоните кои се претставувале дека се “богови“. Од тие причини не смее да се поистоветуваат иконите со идолите.

Луѓето во своите домови чуваат икони од љубов кон оние кои се насликани на иконата. До некаде тоа може да се поистовети и со чувањето на портрети на оние „обични“ луѓе кои ги љубиме. Главната цел на иконата е да поттикнува на молитва и да не потсетува на некои настани што се одвивале за спасението на луѓето. Па така кога православен Христијанин ќе види икона на нашиот Господ Иисус Христос треба да се помоли со зборовите: „Господи Иисусе Христе, Сине (и Слове) Божји, помилуј ме грешниот!“, кога ќе види икона на Пресвета Богородица: „Пресвета Богородице (со Својата молитва) спаси ме грешниот!“, кога ќе види икона на некој светец: „Свети Божји угодниче (името на светецот), моли се за мене грешниот!“. Во никој случај не смее да се мисли дека иконата сама по себе ги освтува нашите домови. Не! Таа е обично парче дрво, но истовремено и прозорец кон идното Царство. Ако се молиме пред иконата и со побожност ја целиваме тогаш од неа ќе имаме корист, но ако ни стои само за украс, е тогаш подобро да си најдеме некое подобро украшение.

Иконата најдобро е да се чува на источниот ѕид, но доколку тој ѕид е зафатен, не е никаков грев да се постави на било која страна. Убаво е во секој дом да има икона од Господа Иисуса Христа, Богородица и светците заштитници на домот (славска икона и икони од имендените (светци или настани)). Пред иконата на Господа Иисуса Христа пожелно е да се стави кандило (може да биде обична чаша, наполнета со 2/3 со вода и 1/3 масло и во неа да има тапа и фитил), кое би се палело за време на службите во недела и друг празник.
Осветувањето на иконите е пожелно, но не и задолжително, особено ако на иконата читко е испишано името на светецот кој е насликан. Доколку дојде до оштетување на некоја икона и притоа истата да не може да се поправи треба да се запали, а пепелта да се истури на чисто место (најдобро во саксија со цвеќиња).
 
Икона од Св. Димитрија како го убива аждерот (не ја знам приказната). Куќна слава ни е Митровден, па затоа... Што е до мене и неа би ја немало, ама ајде традиција е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom