Игри и ваши импресии и приказни за нив

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Еве уште една нова тема за нови работи. Овде сакам да напишете која игра ја играта или сте ја играле и да кажете како таа конкретна игра влијаела врз вас, какви импресии ви оставила и какви играчки приказни имате со неа и играчите кои ја играле.

Значи не барам класични рецензии туку лично искуство кое може а и не мора да личи како рецензија.

Ве потсетила на нешто, сте сфатиле некоја интересна порака, разбудила некоја посебна емоција кај вас, сте имале случка во играта или со вашите пријатели со кои сте ја играле… Кажете ни за сето тоа.

Еве почнувам со Atom Zombie Smasher.
Тоа е стратешка игра во која вие спасувате луѓе од инвазија на зомбиња. Значи не е целта да уништите туку да спасите.
Па така со играта што ја понудува и со сатиричните стрипчиња играта има цел да го потсети играчот за значењето на човечкиот живот. И тоа не го прави директно туку на спротивен, ироничен начин. Тука идат значи стрипчињата од една страница кои прикажуваат трагикомични и апсурдни моменти од животите на случајни луѓе. Тука е играта во која ти брзаш да отепаш што повеќе зомбиња, а со тоа всушност спасуваш повеќе луѓе. Тука е и моментот кога некое зомби ќе се залета и ќе зарази неколку луѓе, а ако се тие настегани од едно зомби можат одеднаш да се заразат 30 луѓе. Гнасен момент кој секогаш пробувам да го избегнам.

Па тоа.
 
НБА 2К11. Да ова ми е омилена игра и со душа ја чекам да излезит 12кана.Инаку сум научил многу за кошарката од оваа игра и гледање натпревари на ТВ бидејки во слободно време често играм кошарка
 
Ех, вака еден куп игри ми оставиле посебни импресии и емоции. Ќе почнам хронолошки на оние што се сеќавам.

Омилена разонода ми станаа игриците уште со PS1 како дете, бев воодушевен од можностите и графиката од конзолата, Crash Bandicoot, Hercules, Tarzan, Rayman, Spyro сите тие игри ми се во драго сеќавање, децата од денешно време немаат можност да играат вакви игри артистички и детски дизајнирани со феноменална атмосфера, не прават веќе такви игри.

Во 5 одделение PS2 ми купија моите, но немаше некој преголем избор од игри на почеток, пројде некое време и тогаш еден од школските другари ми ја препорача GTA Vice City, ја купувам идам ја уклучувам дома и гледам разно разна слобода, прв пат бев запознает со Sandbox тип на игра и бев вчудоневиден од целовкупната слобода. Всушност PS2 како генерација на конзола беше обележана со Sandbox игрите и претежно тие и ги играв.

Во 7-8 одделение иако пак сеуште PS2 ми беше главен играчки медиум, почнав и на PC да играм игри, неколку FPS и со возење и Third Person Shooter, не ми оставија некој голем впечаток со исклучок на Max Payne серијалот.

Но, читајќи по списанија око ми фрли Star Wars KotOR 2, мислев дека е некој тип на Sandbox игра со Star Wars тематика (немав појма што е RPG тогаш). Првиот саат ептен ми беше глупава играта, дури мислев да ја баталам, но после некое време се навикнав на играта и Turn-Based механиката, но тогаш првпат се запознав со игри со длабока тематика од поле на приказна, реперкусии и избор во текот на приказната. Имаше некоја посебна атмосфера играта кога слетав на Dxun голем впечаток ми остави цела таа месечина.

Веднаш потоа се потрудив и првиот дел го најдов и испадна уште подобар од вториот, игра со најбоље Revelation момент некад. Дефинитивно моите омилени две игри на сите времиња. Игри кои ме натераа RPG-то да ми стане омилен жанр.

Civilization IV, ме запозна со стратегиските Turn-Based игри (пред тоа ги избегнував), после неколку непроспиени ноќи и Just One More Turn, почнав и стратегии почесто да играм, но Civilization IV ми остана омилена.

Читав за Elder Scrolls IV: Oblivion и ептен ми се допадна Sandbox + RPG концептот, но немав каде да ја играм, конзола немав, PC-то ми беше веќе Old Timer и во тој период почнав повеќе за хардвер да се интересирам пројде некоја година и си купив делови со јака графичка ATi X1950XT ги склопив и прва игра што ја инсталирав беше Oblivion и веднаш ми се допадна, атмосферата во Арената и во Dark Brotherhood-от и нејзините квестови беа феноменално изведени, Immersion ефектот беше тотално доловен. Заедно со сите експанзии ја имам повеќе од 250 саата играно.

Fallout 3, e игра исто така што ми се допадна од почеток па се до крај, атмосферата во Vault 101 и целокупната пост-нуклеарна депресија во DC многу ми се допадна, како и алтернативниот 50's стилизиран универзум на Fallout, крајот на многу луѓе не им се допадна, но за мене беше совршен епилог за една таква игра, DLC-то го уништи тоа.

World of Warcraft, имаше бесплатен период од 10 дена за играчите и решив да ја пробам и ми се допадна, набрзо ја купив и моментите што ги имаш додека го левелираш карактерот до макс левел се најдобри и неповторливи, моментите кога си нуб и се воодушевуваш од епиците на другите, дуелите во Goldshire, гилд четот, првиот Raid, првиот Dungeon, ден денес го памтам првиот пат во Deadmines, се осеќаше баш како авантура. Ја играв година дена и ми здосади, го изгуби novelty ефектот, све беше веќе исто.

Во поново време, Mass Effect, Assassin's Creed, Uncharted серијалот да не ги заборавам иако не ме запознаа со некој одреден жанр, пак се одлични игри кои вредат да се спомнат.

И тоа се моите импресии од моите омилени игри што сум ги играл и запознавањето со новите жанрови и концепти, денес сѐ ми е веќе познато од жанрови и концепти и се надевам дека ќе бидам пак изненаден од некој novelty ефект и од познатите концепти чекам убаво дизајнирана и формулирана игра која ќе ми го задржи вниманито.

Малце се заборавив со пишувањево, али нема везе. :D
 
ЛИЧНО ИСКУСТВО ЗА КАНТЕР СТРАЈК
не дека незнам да ја играм.имав прво стар компјутер се кочеше .иначи .закон е играта.АМА НЕКОЈ ЈА СМЕТААТ ЗА ЖИВОТ.многу фрикови има што се западнати во виртуелен свет.за жал и мали мн мали деца ќе страдаат осеќам.БРАТ МИ ИМА 4 ГОДИНИ И ИГРА КАНТЕР.
ФРИКОВИТЕ БИ ГО ПОФАЛИЛЕ НОРМАЛНИТЕ БИ СЕ КРСТЕЛЕ !!
 
Betrayal at Krondor . Олд скул РПГ, по грешка најдена игра на бесплатно ЦД што доаѓаше со списание. Ме научи на трпение и читање текст у игри . Интерфејсот на играта беше некој обид за 3D,а дејството презентирано како читање книга - страници текст со по некоја сликичка. Прв чекор во РПГ светот.
 
Mirror's Edge
Па незнам, ја симнав затоа шо ми ја препорачаа, била ко за мене и така. Стварно била ко за мене. Многу ми се допадна уникатноста на играта, freerun во прво лице. Навистина може да се почувствува the flow. Доста адреналинска, и Остава алтернативи за пат. Приказната е за Faith која е член на илегална група која оперира на самите врвови на зградите, во навидум блескав град. Само штета што е премногу кратка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom