Кризата го потресе пристапот на САД кон Блискиот Исток
01.02.2011
Безредијата во Египет може да иницираат промени што ќе ги поткопаат целите на американската надворешна политика и ќе направат позицијата на Вашингтон на Блискиот Исток да биде најслаба во изминатиот половина век, пишува „Волстрит џурнал“
Според весникот, овие закани за американската политика доаѓаат од повеќе области. Заминувањето на египетскиот претседател Хосни Мубарак ќе го загрози арапско-израелскиот мировен процес, другите американски сојузници во регионот ќе бидат ослабени од сопствените политички немири.
Актуелните и поранешни американски официјални лица особено укажуваат на Јордан, Обединетите Арапски Емирати во Персискиот Залив и Саудиска Арабија, како земји што се особено ранливи на политичката агитација, наведува весникот.
Доколку овие американски сојузници користат репресивни методи против своите политички противници, ќе бидат во спротивност со администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, која бара толеранција на политичките неистомисленици.
Таквите сојузници исто така може и да се оддалечат од САД со уверување дека блиските врски на Мубарак со САД се единствената причина за неговата непопуларност во Египет.
Секое ослабнување или оддалечување на сојузниците од САД ќе претставува пукнатина во единството против Ал каеда и Иран, кои Америка сака да ги изолира на Блискиот Исток.
- Демократската промена во Египет е од големо значење, но од аспект на реалполитиката, тешко е да се замисли дека новата египетска влада ќе продолжи да ги следи традиционално блиските односи со Вашингтон - оценува Дејвид Шенкер од Институтот за Блискиот Исток во Вашингтон, кој е и поранешен службеник на Пентагон.
Шенкер смета дека на ред е повторното создавање на американската безбедносна архитектура во регионот.
http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22195
--- надополнето ---
Датум: 03.02.2011, 09:31
Муслиманските браќа повикуваат на готовност за војна со Израел
Водечки член на Муслиманското братство во Египет изјави дека би сакал да го види Египет подготвен за војна против Израел.
Мухамед Ганем изјави дека Суецкиот Канал треба веднаш да се затвори и дека треба да се прекине дотокот на гас од Египет за Израел „за да се урне режимот на Мубарак“. Тој додаде дека „народот треба да е подготвен за војна против Израел“ и дека светот треба да сфати дека Египќаните се подготвени на с` за да се ослободат од режимот.
#
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A0D0425C29256641B5D458D61CD6D86D
Датум: 03.02.2011, 09:29
Америка ќе го брани Суецкиот Канал
Кликни на сликата за целосна верзија
САД ќе преземат „соодветни“ дипломатски, економски и воени мерки ако Египет го блокира Суецкиот Канал, изјави командантот на Централната команда на САД, генерал Џејмс Матис.
Централната команда на САД го контролира процесот на завршување на воените операции на американските сили во Ирак, воените дејства во Авганистан и други мисии во кои учествуваат американските воени сили на територијата на Блискиот Исток.
- Речиси и не можам да замислам од какви мотиви би се раководеле луѓето што управуваат со Египет ако се одлучат да го затворат Каналот. Ако тоа се случи, очигледно ќе треба да реагираме со дипломатски, економски и воени мерки - истакна генерал Матис на семинар организиран од аналитичкиот центар „Полиси ексчејнџ“ во Лондон.
Според него, САД немаат намера да ги дислоцираат своите сили поради немирите во Северна Африка.
Администрацијата на претседателот Барак Обама не ја крие загриженоста од можноста на власт во Египет да дојдат радикални исламисти, како што се случи во Иран во 1979 година. Американските воени аналитичари предвидуваат дека со таков развој на настаните ќе им биде нанесен тежок удар на стратегиските интереси на САД.
#
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E9629ED1E58C0B4DA6E3F96E24DBC3A4