Идеи и совети за фаст-фуд

  • Креатор на темата Креатор на темата Jovander
  • Време на започнување Време на започнување
се препозна? :P

Не, него го препознав комшијата којшто фрли 10.000 евра само заради истата одлука, да заштеди на 2 вработени кои имаат исксутво со тоа, него наместо нив ги вработи синот и ќерката, по што секој сендвич им изгледаше различно, и за истите се чекаше по 10 мин од парче најмалце, па сега ти види. Лесно е вака кога ќе си замислиш правење на сендвич спокојно, но кога има редица од 10 кои чекаат за истиот ќе видиш дали исксутвото нема врска и дали таа работа може да ја прави секој, како што треба. Квалитетот на сендвичите со ист материјал, напревени од кувар, и човек којшто нема исксутво со таа работа е големо, иако мастрафот е ист....загорени, недопечени, не-подпечени, засушени, застојани, сендвичи, плескавици, и што уште не друго. Значи кога се почнува со бизнис се мисли долгорочно, не да заштедиш 200 евра на месец за потоа истите да ги изгубиш за само неколку дена со тоа шо сите ќе те избегаваат заради трапавите и несоодветни вработени.....ќарот се гледа годишно, кога ќе направиш попис, со сите давачки.. не по месец.
 
имате ли некој линк каде што можам да најдам детали од Хасап системот?
 
you are absolutely right! :)
 
Фаст - фуд па би рекла дека е исплатлив бизнис, но сепак за да дојде до исплатливост треба професионалност, а тоа е нештото што некаде фали помалку а некаде повеќе.
Значи кога веќе се инвестира треба да се внимава на некои работи пред се на квалитет, хигиена, љубезност а не сето тоа да е додека да се стекнат муштерии, а потоа се е гола вода, знам повеќе такви примери.
Еве ќе набројам неколку работи кои стварно многу ми одат на нерви:
- прво и основно што најмногу ме нервира е кога ќе видам дека не се внимава на хигиената. Во неколку наврати на 2-3 места имам најдено влакно во сендвичот, што значи дека со тоа место е крај, има избор па затоа ќе бирам кај ќе јадам. Може, мислам треба да носат капи тие што ја приготвуваат храната а како што гледам на повеќе места тоа не го практикуваат.
- не треба да се штеди на мастраф. Кога веќе може да се стави цена 80-100 денари за сендвич, треба да си вреди за парите, а не ти го сплескаат таму за 2-3 минути и ај на здравје. (на почеток внимаваат додека да стекнат муштерии а потоа забораваат на тоа и гледат од кај може да скратат).
- љубезност. Тоа е уште еден значаен фактор на кој забораваат. Пред некој ден со една другарка отидивме на тост. Продавачката си седеше надвор, си пиеше кафе со продавачката од соседниот дуќан и си тепаше муабет а за работата мува не ја лазеше. Кога не виде нас, направи една кисела фаца и тромо се одвлечка да не услужи дури лута што наидовме и го прекинавме муабетот. Повеќе не и ни одам, нека си седи и нека си прави на раат муабет. Страшно ми одат на нерви вакви работи ама тоа е.
 
................зарем уште има такви????...
 
Ајде сеа вие како клиенти да ми кажете каков сендвич би сакале да јадете у сендвичара? ,сакам да имам некои нови типови на сенвичи и да има за секаков вкус /..
Marinela vo pravo si
 
..ako odis na SECIJ VKUS ke se izgubis..vo lovenje veternici, probaj da kreiras-kopiras-kupis, nekoja svoja ponuda, drzi se za onie artikli koi dobro odat, pravi gi kvalitetni, so standarden povtrorliv kvalitet, vkus i svezina po nekoja cena koja e prifatliva, neka e i povisoka, ako e sendvicot dovolno golem i dobar...t.e. kupuvacot da ne se cuvstvuva zafrknat i moses da ocekuvas uspeh. Ako e lokacijata na dobro mesto , objektot cist , ubavo dizajniran i osvetlen mozes da ocekuvas SIGUREN USPEH....:)
 
Веќе сум во овој бизнис, ама не со сендвичара, туку со готвени јадења...
Нека не те лаже некој дека HACCP се плаќа... имаш скрипти на сајтот од министерство за здравство во кои е објаснето што е НАССР... Не е само инокс кујна и ракавици...има 10000 други работи. Сам си го имплементирав и помина инспекција од Агенција за храна ми издадоа сертификат и завршена работа...

Математиката што ти ја направија до сега, скоро и да нема везе :)
Да отвориш фирма не те чини повеќе од 6000-7000 ден...ама не е само фирма. Опремата на старо не би те чинела повеќе од 600-800 еур... Ама потоа доаѓа тешката математика :)

Прво месо се купува од добавувачи на големо, се зема готова смеса за плескавици која не е повеќе од 140-150 ден...

Препорачливо е да имаш барем еден вработен (освен тебе) заради работното време...не можеш да пријавиш работно време повеќе од 8 саати на ден со само 1 вработен...

Математиката околу ќарот е многу посложена и не може да се онбјасни во еден пост...

Како и да е, со среќа и дај боже да заработуваш добро... Поздрав.
--- надополнето: Sep 6, 2011 10:39 PM ---
Кирија
плати
сметки (струја, вода)
фирмарина
Дезинфекција, дезинсекција (на 6 месеци)
ПП апарати (1 годишно)
Обезбедување (и да не сакаш ке ти дојдат)
Сметководител
амортизација на кујна
Елаборат за заштита на животна средина
Еколошки и не знам какви елаборати сертификати (сите коштаат од 10000-18000 - поединечно)

Подели ги овие трошоци на 365 дена и толку ти троши дуќанот дневно...ПРЕД ДА ОТКЛУЧИШ САБАЈЛЕ :)
 
Благодарам Буковец ми требаше информација од прва рака.Дали ке можам да ти се обратам на ПП ако ми треба некоја подетална информција ?
 
Веројатно најдобар одговор до сега. Инаку постои еден ексел документ - модел за пресметка на исплатливоста на инвестицијата што го видов на веб страницата на бизнис инкубаторот од Битола. Таму се вклучуваат сите трошоци и се предвидуваат продажбите. Ова второво е навистина тешко и бара малце истражување на пазарот. Лошо е ако предвидуваш дека ќе продаваш по 50 сендвичи на ден а ти всушност да продаваш само 15... Плус треба да го измислиш производниот микс и да ставиш вистинска цена!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom