ICANN го одби “.xxx”, а го одобри “.tel”

Статус
Затворена за нови мислења.

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Internet Corporation for Assigned Named and Numbers (ICANN) гласаше против креирањето на новиот .xxx домен за порнографски веб страни. Причината за ова беше дека ваков домен би предизвикал сериозна закана кон децата и легитимацијата на ваков недозволен материјал.
Оваа одлука е конечно решение после предлогот во јуни 2005 година кога се донесе и овој предлог. Одговорните лица на ICANN велат дека овој домен е одбиен поради фактот што одобрувањето би ги прекршило законите во многу земји во светот кои сеуште ја казнуваат порнографијата.
Инаку, од неофицијални избори се дознаваат дека ICANN го одобрил “.tel” доменот. Овој домен би се користел од страна на фирмите и фиксните и мобилни оператори кои се занимаваат со доставување информации во врска со телефонските модели, email и друго за индивидуалци и за копмании.
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Добро ќе беше да се оддели порнографијата од com домените. Првенствено поради ваквото одделување губат само компаниите што се занимаваат со издавање на порнографски содржини. (Не дека нема да најдат начин да се шмугнат во остатокот).
Дворак добро го објаснува во текстот Ubiquitous Porn: Alive on the Net
Меѓудругото во текстот спомената е организација која лобирала да се банира иницијативата за издавање на .xxx доменот Загрижени жени на Америка-Група на средовечни фригидни жени со богати мажи.
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
да но на таков начин би им се дал слободен пристап на децата и полесно филтрирање што би предизвикало хаос.... замисли едно дете да може да ги најде сите порнографски веб страни со пишување на само ова во google: inurl:.xxx (или нешто слично не ми текнува како беше командата за ова) . Што викаш на тоа?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
A вака тие што неќат да гледаат порнографски страни а им се уклучуваат како реклами ќе се спасат.
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Баш напротив на тој начин ќе се прават подобри филтри за програми и компјутери чии корисници се деца. Филтер www.*.xxx
Во моментов е многу полесно да се добие xxx содржина и така. Дејтинг сервисите се типичен наметлив начин на рекламирање на порно содржини.
Кога станува збор за филтрирање на порнографијата решението лежи во техничкиот дел а не во етичкиот дел. Значи наместо да се надеваме дека детето нема да ја најде Парис Хилтон, подобро е да го спречиш да не ја најде со тоа што ќе ги изолираш порнографите во еден кош.
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
абе децата не се до толку глупи да дознаат дека нема нови домени... така да пак ќе го најдат порничот кога тогаш :)
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
KaiTekk напиша:
абе децата не се до толку глупи да дознаат дека нема нови домени... така да пак ќе го најдат порничот кога тогаш :)
За тоа и зборам. Дете од 10 години сигурно подобро ќе најде порнич од мене. :)
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Glupo im bilo toa so go odbile xxx
 

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
РЕПЛИКА!

KaiTekk напиша:
да но на таков начин би им се дал слободен пристап на децата и полесно филтрирање што би предизвикало хаос.... замисли едно дете да може да ги најде сите порнографски веб страни со пишување на само ова во google: inurl:.xxx (или нешто слично не ми текнува како беше командата за ова) . Што викаш на тоа?
Значи вака сега: Да речиме дека сакаш да ставиш рестрикции а со тоа вашете дете да неможе да посетува ХХХ страни или кога ке напише да речеме порн да му показува дека за тоа има рестрикција или пак ако пишува SEX автоматски да го доставува на веб страна која предходно сметаш дека би требало да ја види мислам значи на некоја со еротика да речеме или некоја покултурна за пример.... Па за сето тоа не треба многу само едно програмче www.CYBERPATROL.com а исто така со оваа програма може да се набљудува кои страници се посетени кои зборови се користени нешто како keylogger како администратор на една мрежа вреди ова да се користи...

 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
Па и јас се сложувам што не го отвориле тој домен xxx мислам дека е мн премногу тоа за младината да се отвори мислам ќе се злоупотребува
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom