IB Програма за Меѓународна Матура - Јосип Броз Тито, Скопје

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мисија на Организацијата на Меѓународна матура:

Организацијата на Меѓународна матура има за цел да создаде љубопитни, образовани и чувствителни млади луѓе кои ќе помогнат да се создаде подобар и побезбеден свет преку интеркултурно разбирање и почитување.
Овие програми ги поттикнуваат учениците низ целиот свет активно да се образуваат во текот на целиот свој живот и да прифатат дека другите луѓе кои се различни од нив исто така може да бидат во право.

Бројна состојба:
Програмата за Меѓународна матура во ДСУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, во Скопје се изведува во две паралелки една во трета година III со 20 ученици и една во четврта година -IV со 12 ученици.


Настава:

Наставата според оваа програма се изведува во континуитет од две учебни години и на крајот од четврта година учениците полагаат меѓународна матура по сите предмети.
Наставата се изведува на македонски и на англиски јазик. Наставниот план и предметните програми се определени во согласност со програмата на Меѓународна матура и правилникот за училишта кои се верифицирани за изведување на настава според оваа програма објавен од страна на Организацијата на меѓународна матура.


Во текот на двете години во континуитет се изучуваат следните предмети:



Македонски А1 на високо ниво со неделен фонд од 5 часа
Англиски јазик Б на високо ниво со неделен фонд од 5 часа
Математика на високо ниво со неделен фонд од 5 часа
Хемија на стандардно ниво со неделен фонд од 4 часа
Географија на стандардно ниво со неделен фонд од 4 часа
Визуелни уметности на стандардно ниво со неделен фонд од 4 часа
Покрај овие предмети учениците задолжително имаат настава по предмет Теорија на спознанието со неделен фонд од 2 часа, а исто така мораат задолжително да остварат 150 часа слободни активности во текот на двете години. За да се стекнат со диплома на меѓународна матура учениците мора да изработат и матурска истражувачка работа од некој од предметите кои ги изучуваат во обем од 4000 зборови.
Во планирањето на наставата професорите поаѓаат од програмските документи -прирачници издадени од Организацијата на меѓународна матура, а се користат учебници и придружна литература која е посочена во прирачниците. Учебниците се набавуваат од Австралија или Велика Британија.



Бидејќи сум при крај на втора година, сакам да се посоветувам со вас(ако има некој што завршил во ЈБТ во Меѓународна па да сподели искуство уште поубаво), дали да се определам за Меѓународна Матура или да одам во некои од другите насоки во гимназијата.
Се замислив за Меѓународна матура бидејќи имам планови да студирам во Америка. На почетокот од годинава имав некои понуди трета година да се префрлам во Америка, во South Eugene High School, но не ми менува тоа многу околу студирањето во Америка, бидејќи истиве предмети кои ги нуди Меѓународна Матура се изучуваат и во 3та година во Америка.
За факултетот е лесно за финансии и такви работи, ќе добивам стипендија од пливањето.

Ваше мислење?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Од 10,000+ члена зар никој не бил на Меѓународна?:jaj:
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Јас, PoisonGrl и П.Овердрајв имаме учено во IB од оние на форумот што ги знам. Незнам за другите (иако мислам дека не се далеку од мојот став) но јас најубавите 2 години од школството си ги поминав таму. Си има одредени пропусти и негативни страни, но што нема?
Ако си сигурна дека сакаш да студираш во Америка, и знаеш на кој факултет, убаво провери дали таму ја признаваат дипломата од IB зошто може да ти прават проблеми.

JeEnU GiRl напиша:
Бројна состојба:
Програмата за Меѓународна матура во ДСУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, во Скопје се изведува во две паралелки една во трета година III со 20 ученици и една во четврта година -IV со 12 ученици.
Тоа е овогодинешната бројна состојба. Инаку, максимум е 20 ученици во една паралелка. Ние бевме 19.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
3
jaс не учам во јбт учам во нова а кај нас исто имаме IB, потполно исто е само што кај нас е на англиски. најдобрата другарка ми е во IB и да ти кажам дека таа програма е за луѓе што се стварно амбициозни и подготвени за многу непреспиени ноќи. колку што можам да видам доста е тешко, ама па сеа кој си може тој. се става голем акцент на практично знаење, нема да мора да бубаш туку на пример ќе имаш поише проекти и такви работи.
ама да ти кажам дека сите што завршија IB годинава се примени на универзитети во европа немаше ниеден за америка. IB повеќе важи за европска програма. дури знам и дека некои од попознатите универзитети во америка не ја ни признаваат. ако си за амрика подобра ти е другата програма AP (advanced placement) со која ти е загарантиран влез во американски универзитет ( посебно зошто ќе ти имаш и стипендија) ама ми се чини дека ја нема таа во јбт.
па тоа од мене и со среќа!!
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
ја сум во Америка моментално и завиршив IB во ЈБТ.....поздрав од Пенсилванија
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ме интересира, дали Ксенија Хаџи Тошева Аврамчева предава во оваа програма? Ако предава, дефинитивно одам таму!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Предава, да :)
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Супер, таму ќе одам :)
А ќе остане класна на сегашниот клас што го има?
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Баш пред малку се вратив од IB собиранка.. како што е ред, во Piazza. Уште се истите закон луѓе со кои пројдов 2 години :)

Fraulein Anna напиша:
А ќе остане класна на сегашниот клас што го има?
Ако нејзините сега се 4та, да.. со тоа што на новата генерација класна најверојатно ќе им биде Ангелина (подобра и нема :)).

Speaking of which, има нови регрути од форумов? Луѓе спремни цела трета година да ја пројдат по журки/свирки/кафиња/кафани, а цела четврта во правење проекти, буклети, тетратки и дела по Visual Arts, пишување есеи, пополнување дневник за CAS..

За таквите, неколку совети од чичко Овер..


  1. Пожелни се челични нерви за справување со испади на професори и соученици, посебно во периодот од јануари до мај во четврта година кога честа појава е седење по две смени во Piazza, носење на термос(и) со кафе на часови (кога се оди) и собирање во нечиј дом за учење/пополнување тетратки.. во тек на неколку последователни денови :)
  2. Учете математика од почеток.. најмногу од овој предмет зависи дали ќе положите на крај.
  3. Не дозволувајте да ве фати мрза, или да станете индиферентни.. бар не 2 недели пред испити :)

Ај со среќа на новите жрт.. *cough* IB students.
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ако нејзините сега се 4та, да.. со тоа што на новата генерација класна најверојатно ќе им биде Ангелина (подобра и нема :)).
Не, туку втора... (Мене ми е класна, па затоа прашувам...)
 
Член од
21 март 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
Се мислам наредната година да се запишам на IB во ЈБТ, сега сум втора во гимназијата во Куманово.. Прочитав многу до сега за оваа програма, ама сепак сеуште размислувам дали да одам на IB тука или некаде во странство.. само имам прашање дали се плаќа партиципација (или што и да е - некоја школарина) за да учиш по оваа програма, знам дека ова е државно училиште али имам слушнато дека се плаќа около 1000-1500 евра, што е доста помалку од НОВА, али ипак сакам на време да си знам.
Очекувам брз одговор,
фала многу :))
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
11
Се плаќа и во јбг. Али мој совет! НЕ оди на ИБ во ЈБТ! Едноставно срање е! Немаш никаков избор на предмети, мораш да земеш математика на високо ниво, што не е за сите и професорите не се обучени да предаваат иб, а да не збориме за англискиот. Споредено со ИБ во НОВА, резултатите од ЈБТ се доста послаби. И да, можеш да идеш со ИБ и во америка, признато е секаде.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
фала многу стеф, одлучив веќе дека не одам во јбт, слушнав многу коментари, се распрашав многу и не ми се свиѓа.. не ми се свиѓа тоа што мора да учиш хемија и географија кои кога би имала можност за бирање не би ми биле ни на крај памет.. исто знам дека ИБ е многу јака програма, ама колку разбрав ова ИБ што се учи во јбт е ништо во однос на училиштата низ Европа или пак приватната НОВА.
И фала многу, само ми ја потврди одлуката, ова ми беше потребно за целосно да се решам :)
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
11
:). И некако не иде ликовно на виско ниво заедно со математика на високо. И да, последната изложба на ИБ учениците го потврдува моето мсилење. Во рок од 2 години сите имаа по 8 слики максимум кои само ги нашлакале, за раслика од изложбата во нова.
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
11
:). И некако не иде ликовно на виско ниво заедно со математика на високо. И да, последната изложба на ИБ учениците го потврдува моето мсилење. Во рок од 2 години сите имаа по 8 слики максимум кои само ги нашлакале, за раслика од изложбата во нова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom