Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Само еден ден пред доаѓањето на бугарскиот претседател Георги Прванов во официјална посета на Атина, „Елефтеротипија“ објави анализа за сојузништвото на националистичките кругови од Грција и Бугарија против Македонија
Сојузништвото меѓу Грција и Бугарија против заедничкиот „непријател“ - Македонија - се должи на националистичките ставови на кругови во двете земји оти државата го краде бугарското и грчкото историско наследство.
Ваква анализа деновиве беше објавена во грчкиот весник „Елефтеротипија“ под насловот - „Што сакаат Бугарите“. Најинтересно е што анализата, која не е карактеристична за благиот национализам во кој се обоени грчките медиуми, беше објавена само еден ден пред доаѓањето на бугарскиот претседател Георги Прванов во официјална посета на Атина. Очекувано, една од темите за разговор меѓу Прванов и неговиот грчки колега, Каролос Папуљас, беше Македонија. Како што пренесоа грчките медиуми, Папуљас му ги пренел на Прванов грчките позиции во однос на спорот за името.
Во исцрпната анализа на „Елефтеротипија“ за сојузништвото меѓу Атина и Софија се вели дека не само „ерата на Самарас“, туку и „ерата на Дора“ ја милувала политиката на бугарскиот национализам кон Скопје. Четворицата автори на анализата се зачудени од писмата што ги добивале од бугарските националисти во кои им испраќале историски докази за „бугарското минато на ФИРОМ“. Тие наведуваат дека ваквите писма ги сметале за безначајни сé додека не ги увиделе сериозните докази за грчко-бугарското сојузништво.
Овде ја наведуваат изјавата на Андреас Ловердос, еден од најблиските соработници на грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека „национализмот на Скопје не и пречи само на Грција, туку и на Бугарија“. Како доказ за грчко-бугарското сојузништво се наведува и книгата „Македонското прашање и Бугарија - тајни документи“, која заеднички ја издадоа бугарскиот архив и Центарот за македонски истражувања од Солун, а ја презентираше поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани.
Во анализата стои дека критички чекор за подгревање на бугарскиот национализам бил изборот на владата на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој пак, како министер за дијаспора го постави Божидар Димитров, автор на книгата „Десетте лаги за македонизмот“. „Елефтеротипија“ пренесува дел од интервју на Димитров во грчкиот весник „Прото тема“ во кое тој вели дека нашата држава треба да престане да ја „фалсификува“ историјата, ако сака да влезе во НАТО и ЕУ. Весникот наведува дека бугарскиот национализам во спорот со Скопје веќе е факт и доаѓа од истите „антископски“ кругови, коишто учествуваат во моменталната бугарска влада и се претставени од грчките националисти како сојузници во заштита на историските права.
Ив.К.