King B
Bears. Beets. Battlestar Galactica.
- Член од
- 24 јануари 2011
- Мислења
- 1.801
- Поени од реакции
- 4.076
HTP (house-tree-person) тестот е проектирачка техника која овозможува дијагностицирање на човековите емоции, внатрешни конфликти и скриени карактеристики.
Проективните тестови потекнуваат од психоаналитичката психологија, која тврди дека луѓето имаат свесни и несвесни ставови и мотивации кои се затскриени во однос на свеста и свесното делување.
HTP тестот е дијагностичка алатка која може да се искористи и за мерење на процентот на оштетување на мозокот и генералното ментално функционирање.
Субјектите добиваат кратка, општа инструкција да нацртаат куќа, дрво и фигура на личност.
Откако субјектот ќе заврши со цртање, треба да ги објасни сликите кои ги нацртал.
Претпоставката врз која се темели оваа техника е дека кога субјектот црта, тој го проектира својот внатрешен свет на листот хартија. Задачата на оној кој го задал тестот е, потоа, користејќи ги своите претходно стекнати вештини да го протолкува субјектот врз основа на неговите цртежи.
Во првата фаза од тестот, од субјектот се бара да нацрта три одвоени цртежи на три посебни листа, еден од куќа, еден од дрво и една човечка фигура. Притоа тестаторот му напоменува на субјектот да ги направи своите цртежи што подобро.
Во втората фаза од тестот, тестаторот му поставува прашања на субјектот околу неговите цртежи, на пример "Дали е оваа куќа среќна?", "Дали е дрвово живо?", "Како се чувствува оваа личност?" итн. Постојат голем број на прашања кои искусните тестатори можат да му ги постават на субјектот додека црта или по завршувањето на цртежите, сé со цел да се добијат појасни резултати и подобра слика за мотивите на субјектот додека ги создавал цртежите.
HTP тестот се бодува и на објективен квантититативен начин, но и на субјективен квалитативен начин. Квантитативната шема на бодување вклучува анализирање на деталите на цртежите за да се постигне генерална евалуација на интелегенцијата, користејќи претходно внимателно смислен метод на оценување.
Примарната корист од HTP тестот, всушност, е поврзана со квалитативната шема на бодување, во која тестаторот субјективно ги анализира цртежите и одговорите на прашањата на тој начин што добиените информации му помагаат во создавањето на генералната слика за личноста на субјектот.
На пример, многу мала куќа може да означува чувство на отфрленост од домот. Дрво со тенко стебло, но со големи и разгранети гранки може да означува потреба за сатисфакција и уживање во животот. Цртеж од личност на кој има особено многу детали на лицето може да ја означува потребата на субјектот да се претстави себеси во прифатливо светло пред општеството.
Други методи на интерпретација се фокусираат на функциите на различни делови на секој од цртежите.
Во цртежот со куќа, покривот може да ја претставува интелектуалната страна на субјектот, ѕидовите можат да прикажат слика за силината на егото на личноста, а вратите и прозорците го претставуваат односот на субјектот со надворешниот свет.
Во цртежот со дрво, разгранетоста на гранките можат да ја означуваат желбата за комуникација, додека стеблото може да ја претставува внатрешната сила.
Како што е случајот и со останатите субјективно бодувани тестови за личноста, постои мала поддршка околу валидноста на овој тест. Како и да е, постојат докази дека HTP проектирачката техника се покажала како одлична во диференцирањето на луѓето со специфични типови на мозочно оштетување во однос на другите луѓе. Поточно, се покажала како ефективна во однос на утврдувањето на степенот на мозочно оштетување присутно кај шизофреничарите и кај луѓе со слични типови на ментални нарушувања.
Цртежот со куќата е поврзан со домашните случувања на субјектот и врските во семејството, како и на ставот на субјектот кон ситуацијата во домот; врската со родителите и останатите роднини.
Покривот ја симболизира фантазијата на субјектот. Колку повеќе детали, толку е субјектот посклон кон фантазирање, додека недовршен покрив или покрив без многу детали симболизира евазија на апстрактни идеи.
Големината на куќата е исто така важна. Мала куќа симболизира чувство на оддалеченост од семејниот живот, додека голема куќа често значи дека личноста се чувствува потисната од страна на семејството.
Тенките ѕидови на куќата симболизираат кршливо его, додека задебелени ѕидови ја претставуваат потребата на субјектот да ги зајакнува врските.
Присуството на прозорци, врати и патеки кон куќата индицира на отвореност кон интеракција со други луѓе.
Детали како грмушки, ролетни, завеси и огради ја означуваат колебливоста во отварањето кон другите.
Цртежот со дрвото го допира јадрото на личноста на субјектот, неговиот концепт на битиствување и комуникациските вештини кои (не) ги поседува (Paul Schilder, 1935)
Големината на стеблото говори многу за егото на субјектот; мало стебло симболизира слабо его, додека големо дебело стебло симболизира силно его.
Доколку стеблото е видно поделено на две големи гранки, симболизира поделба на личноста и тенденција кон внатрешни промени, нестабилност.
Претставување на гранките е исто така важно, скршени или мали гранки означуваат потешкотија во комуницирањето, големи гранки означуваат склоност кон претерано поврзување со луѓето, остри, шилести гранки индицираат непријателство а мртви гранки претставуваат емоционална изолација.
Присуството на листови на дрвото претставува успешна комуникација со луѓето, ако дрвото нема листови се толкува како чувство на празнина, а паднати листови означуваат недостиг на нега и внимание.
Нормални корени претставуваат приземјена личност, отсуството на корени симболизира нестабилност, пренагласени корени означуваат опсесија со преиспитување на реалноста и потреба од константност во животот додека мртви корени покажуваат дека личноста се чувствува комплетно отстранета од реалноста.
Цртежот со фигура на личност всушност претставува автопортрет кој личноста апстрактно го изведува притоа портретирајќи ги своите карактеристики кои потсвесно ги смета за најдоминантни.
Отворени, раширени раце претставуваат склоност кон поврзување со други луѓе; прекрстени, затворени раце значат непријателство; раце откачени од телото претставуваат чувство на немоќ.
Стегнати раце или тупаници претставуваат непријателство, додека скриени дланки или дланки во ракавици симболизираат антисоцијални тенденции.
Важни се и деталите на нозете и стапалата; фигури отсечени на крајот на листот симболизираат немоќ, нестабилност додека преголеми и премали стапала симболизираат потреба за стабилност.
Ширум отворена или голема уста симболизира зависност, затворена уста симболизира отфрлање на потребите додека рассечена уста или нагласување на забите индицира склоност кон вербален напад.
Детално нацртаното лице означува потреба за претставување во прифатливо светло.
Овие интерпретации се основни и се само дел од целосниот спектар на информации што можат да бидат извлечени од цртеж. HTP проектирачката техника е комплицирана и за да биде убаво изведена неопходно е тестаторот да има дополнително знаење од оваа област со цел да извлече што повеќе од цртежите.
--- надополнето: 7 јули 2013 во 22:20 ---
Точки на кои тестаторот треба да се осврне при евалуација на тестот:
Куќа
- Нарушувања во менталното функционирање се препознаваат во степенот на оштетување на покривот
- Преголем покрив, го надвиснува остатокот од куќата
- Отсуство на покрив, низок и ненагласен покрив, задебелен покрив
- Силината и нагласеноста на ѕидовите, оштетени ѕидови
- Неадекватна периферија на ѕидовите, проѕирни ѕидови
- Вратата е деталот на куќата кој овозможува директен контакт со надворешноста, позиционирана високо над тлото и недостижна, отсуство на скалички
- Преголема или премала врата, присуство и нагласување на квака и окце
- Прозорците се секундарен медиум за комуникација, нагласување на кваки и решетки, претставување на затворени завеси или ролетни, комплетно отворени незаградени прозорци, големина на прозорците
- Нагласен чад од оџакот, искривен чад што асоцира присуство на силен ветер
- Перспектива од која е гледана куќата; птичја, жабја или човечка
- Позицијата на куќата во однос на тлото го претставува степенот на контакт со реалноста
- Детали како ограда, грмушки, дрвја итн. кои не биле спомнати во инструкциите, патче до вратата кое постепено се стеснува кон неа, оградите како метод на самоодбрана
Дрво
- Симбол на животот и растот
- Отсуство на гранки, скршено дрво како резултат на бура
- Стеблото како симбол на внатрешната моќ и сила на егото
- Гранките како чувство за способност за црпење сатисфакција од околината (помалку свесно ниво на отелотворување на оваа особина е претставено преку дланките и рацете)
- Дупки во стеблото (од кои излегуваат животни)
- Пренагласување на допирот или поврзувањето на корењата со тлото, проѕирни корења
- Тенки, слаби линии укажуваат на недостиг од енергија
- Гранки кои покажуваат нагоре, минимално разгранети во страна
- Сегментизација на гранките, недостиг од разгранување
- Шилести гранки или гранки со трња
- Отсечени или прекршени гранки
- Прегуста структура на гранчиња во однос на мало стебло или обратно
- Бремени жени често цртаат овошни дрва, додека депримирани личности се склони кон цртање жални врби
- Третина од децата на предшколска возраст цртаат јаболкови дрва
- Староста на дрвото често ја рефлектира психичката старост на личноста
- Дали е дрвото живо?
Личност
- Субјектот го портретира психолошкиот аспект од својата личност
- Агресивни, демонски ликови, ликови кои потсеќаат на кукли, цртеж на кловн
- Личноста седи или лежи наместо да стои
- Тинејџерите најчесто цртаат развиени мускулести фигури, додека тинејџерките цртаат женски фигури во фустани (его идеал)
- Големината на човечката фигура зборува за самодовербата; необично големи фигури симболизираат агресија, понекогаш анксиозност и ниска самодоверба, конфликт
- Полот на фигурата (околу 90% од субјектите го цртаат својот пол)
- Глава: симбол на интелектуална и фантазирачка активност, импулс и емоционална контрола, социјализација и комуникација. Премала или преголема.
- Коса: непостоечка/пренагласена
- Неприродно големи или мали очи, отворени или затворени
- Носот нацртан како копче, триаголник или непостоечки
- Присуство на уста, рассечена уста, необично мала или голема уста, нагласени заби, насмевка
- Ушите често се изоставени, што ако се пренагласени?
- Необично големи гради нацртани од маж симболизираат сексуалност, нацртани од жена често симболизираат комплекс, но најчесто мајчинство или силно чувство на женственост
- Сегментирано тело со одделени екстремитети
- Гениталиите се често изоставени, најчесто ги цртаат студенти по уметност и нимфомани
- Положба на рацете, широко отворени, прекрстени, зад грбот, во вис
- Раце во ракавици често симболизираат репресија на агресивни чувства
- Дланки во облик на клешти означуваат агресија или свесни обиди за контролирање на лутината
- Пренагласување на должината на нозете или рацете, пренагласување на големината на дланките и стапалата
Останато:
- Колку е притискано со моливот; силни линии означуваат вишок енергија, слаби линии означуваат недостаток на енергија
- Толкување на потезите во текот на цртањето (кратки потези, долги потези или линии), нагласување на вертикални/хоризонтални линии
- Континуитет на линијата
- Присуство на детали
- Позиционирање на цртежот (на средина на листот, кон страните или ќошињата)
- Присуство на сенки во обид да се создаде чувство на тридимензионалност на цртежот
- Провидност на цртежите (типично за мали деца)
За поголемиот дел од деталиве погоре не најдов толкување, можеби вие имате претпоставка што би можеле да значат?