Haziran gecesi - Јунска ноќ

  • Креатор на темата Креатор на темата bi-44
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јуни 2011
Мислења
65
Поени од реакции
23
Локација
Скопје
junska.jpg
ЈУНСКА НОЌ​
Број на епизоди: 62​
Љубов... уцена... суровост... невиност... завера... една врела јунска ноќ ги менува животите на сите. Оваа серија ја раскажува приказната за една голема и трагична љубов. Хавин е 23-годишна студентка која живее со својата пријателка Лале. Тие двете заедно се борат за својата егзистенција, заработуваат за кирија и други трошоци за заедничкиот живот. Лале наоѓа работа кај едни политичари. Хавин се двоуми, но потоа ја прифаќа работата затоа што очајнички и требаат пари. Работејќи како хостеса, Хавин го запознава Баран, син на еден политичар на таа забава во една јунска ноќ. Хавин и Баран се вљубуваат еден во друг, стануваат особено блиски и потполно се предаваат еден на друг планирајќи ја својата венчавка иако мајката на Баран не ја прифаќа Хавин за снаа. На патот кон местото кадешто треба да се одржи нивната венчавка, двајцата доживуваат тешка сообраќајна несреќа. Двајцата преживуваат, но Хавин е тешко повредена. Кумру, мајката на Баран прави договор со Хавин. И се нуди да и помогне во сиромашниот живот само ако таа се тргне од нејзиниот син засекогаш. Несреќната девојка сепак го прифаќа предлогот на лошата Кумру и на Баран му е кажано дека девојката не преживеала. Баран не може да се помири дека неговата сакана е мртва, но по некое време се жени со Дујгу, која му ја заблажила тагата по изгубената љубов и за која свекрвата Кумру секогаш мислела дека е добра прилика за нивното богато семејство.​
Години подоцна, Баран има три деца и живее среќен живот со сопругата. По игра на случајноста, Баран повторно ќе ја сретне Хавин. Таа ќе се врати во неговиот живот, но под друг идентитет. Сега е Сибел. Баран ќе се вљуби во Сибил, не знаејќи дека таа е неговата Хавин.​
Улоги: Özcan Deniz (Баран), Naz Elmas (Хавин), Nebahat Çehre (госпоѓа Кумру), Burcu Kara (Дујгу)
 
Таа ќе се врати во неговиот живот, но под друг идентитет. Сега е Сибел. Баран ќе се вљуби во Сибил, не знаејќи дека таа е неговата Хавин.

Ваууу, колку романтично :tapp:
 
Таткото ја убива мајката,ќерката гледа.Останува без родители и станува курва.Да ти ебам почетокот.Уште една насилна серија.
 
Јунска ноќ, Џанан, Под лисјата од сенките на врбите, Лале, Султанот Сулеман е од овие нема поглупи серии.

И прифаќам една две да има турски да се гледаат ама после А1 сите телевизии само турски серии даваат, претераа!
 
Само Езел ја прифаќам како турска серија бидејќи стварно како да е од холивуд испадната, другово се е гола вода. :/
 
Another one? Really?
До кога бре веќе, до кога!?
 
junska.jpg
ЈУНСКА НОЌ​
Број на епизоди: 62​
Љубов... уцена... суровост... невиност... завера... една врела јунска ноќ ги менува животите на сите. Оваа серија ја раскажува приказната за една голема и трагична љубов. Хавин е 23-годишна студентка која живее со својата пријателка Лале. Тие двете заедно се борат за својата егзистенција, заработуваат за кирија и други трошоци за заедничкиот живот. Лале наоѓа работа кај едни политичари. Хавин се двоуми, но потоа ја прифаќа работата затоа што очајнички и требаат пари. Работејќи како хостеса, Хавин го запознава Баран, син на еден политичар на таа забава во една јунска ноќ. Хавин и Баран се вљубуваат еден во друг, стануваат особено блиски и потполно се предаваат еден на друг планирајќи ја својата венчавка иако мајката на Баран не ја прифаќа Хавин за снаа. На патот кон местото кадешто треба да се одржи нивната венчавка, двајцата доживуваат тешка сообраќајна несреќа. Двајцата преживуваат, но Хавин е тешко повредена. Кумру, мајката на Баран прави договор со Хавин. И се нуди да и помогне во сиромашниот живот само ако таа се тргне од нејзиниот син засекогаш. Несреќната девојка сепак го прифаќа предлогот на лошата Кумру и на Баран му е кажано дека девојката не преживеала. Баран не може да се помири дека неговата сакана е мртва, но по некое време се жени со Дујгу, која му ја заблажила тагата по изгубената љубов и за која свекрвата Кумру секогаш мислела дека е добра прилика за нивното богато семејство.​
Години подоцна, Баран има три деца и живее среќен живот со сопругата. По игра на случајноста, Баран повторно ќе ја сретне Хавин. Таа ќе се врати во неговиот живот, но под друг идентитет. Сега е Сибел. Баран ќе се вљуби во Сибил, не знаејќи дека таа е неговата Хавин.​
Улоги: Özcan Deniz (Баран), Naz Elmas (Хавин), Nebahat Çehre (госпоѓа Кумру), Burcu Kara (Дујгу)
Аман бе девојче има серија што не ја гледаш?
Види какво е надвор, излези прошетај, радувај се на животот. Разбирам баби да гледаат вакви серии, ама млади луѓе никако. Ај една ок, ама сите?!
Или па ти си од твпакет?
 
Почнувам да се сомневам дека Латас или евентуално Александар Блажевски имаат отворено акаунт на форумов. :facepalm:
 
Леле бе :pos: па уште случајно кога пред некој ден на тв видов дека има некоја си нова под сенката на врбите... :icon_lol: :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom