Да речеме дека баџанакот ми е Хрват ,католик, а јас сум Македонец агностик по уверување со некакви православни "жички" од обѕир кон најблиската средина.
Католичките и националните празници ги честитам и славам со човекот како знак на почит и прифаќање. Истото и он го прави со мене. Не станува збор за едноставна куртоазија, дел е од мојата, нашата култура и начин на живот.
Каде ти гледаш "недоволен капацитет на умот, себенепочитување, натпочитување на другите, „чаталење“, неукост" во ситуацијава?
Еден ден Ѓорѓија ќе излезеш од edgy периодот и ќе ти заврши пубертетот, ќе прифатиш дека за многу работи никој не те шливи 5%. Ќе научиш дека твоите лични ставови и грешки се само твои и се доста небитни. Светот ќе продолжи да се врти и луѓето ќе си живеат на начин кој нив им одговара. Ако не ти чини можеш во ќош да си плачеш, никој не ти брани.