Гушење во пријателство

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Имало многу теми за пријателство на форумов, долги дискусии и навистина добри и издржани ставови и мислења.
Со оглед на тоа што лично јас во последно сè повеќе се соочувам со оваа појава, добив желба да започнам нова тема во која ќе продискутираме за тоа колку е важно да се знаат границите дури и во пријателство.

Ви се случило ли да се осетите загушени од најблискиот круг на пријатели? Добивате ли некогаш желба одреден период да не се гледате со нив затоа што сметате дека претеруваат со навлегувањето во вашиот живот дури и кога вие не го сакате тоа?

Јас веќе неколку месеци како се имам тргнато настрана од најблиските поради тоа што никогаш не разбраа дека долгогодишното пријателство не значи дека секоја слободна минута од денот треба да ја потрошам на нив. Се осетив загушен од оние кои највеќе треба да те разберат кога сакаш да бидеш сам. Се осетив окупиран од најдобрите другари/другарки бидејќи за нив не беше нормално да не им го кажам и најмалиот детаљ во рок од пола саат без притоа да се налутат.

Сметате ли дека некогаш другарството може да биде многу напорно и вознемирувачко доколку луѓето не знаат кога да престанат да ти го нарушуваат личниот простор, независно од тоа колку сте блиски?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Да,сметам дека некогаш е многу напорно,заради сличен случај како твојот изгубив другари што ги "знаев,, со години.А сега сум среќен поради тоа што ги изгубив.
 
Напорно е доколку од старт не се постават граници. Супер е да сме блиски со луѓе но во оној момент кога муабетот оди „што правеше пред 20 мин?/со кого беше излезен?/може да дојдам со тебе вечер?“ тогаш веќе почнувам да се чувствувам заробен и полека се дистанцирам од луѓето. Можда на некои им одговара тој режим но мене не
 
Јас никогаш не дозволувам луѓето толку многу да ми се приближат, со тоа што ќе си земат за толкаво големо право да почнат да ме замараат со најбанални прашања, и таа дружба да прерасне во гушење.
Едноставно никогаш не дозволувам никој да е толку многу близок со мене и да си земе за право да почне да ме распрашува глупости од типот кај беше / со кого / беше / што правеше ... затоа што мразам таков тип на прашања, тоа за мене претставува контрола на некој начин, сакаат да знаат увек се за тебе.

Епа кај мене не оди тоа така, си има ствари што сакам да си ги зачувам само за себе и не сакам да ги споделувам со никој друг, затоа и секогаш се дружам со многу луѓе, али секогаш поставувам јасно дефинирана граница до кај смеат они да ми се приближат, и секогаш се држам до таа граница, и многу ми е боље овака, ем се дружиш стално, ем не те замараат со дебилни прашања ;)
 
Ако пријателите те сметаат за толку близок и бараат од тебе се да им кажеш и се да знаат, зошто тогаш не им го кажеш она што навистина го мислиш?

Колку и да ти се пријатели/другари, колку и да минуваш време со нив, сепак тие се само другари. Денес се тука за тебе, утре не се. Она што секогаш ќе остане е твојата борба за твојот живот, нешто лично кое и не треба да се споделува со секој, освен со родителите (ако сакаш, секако). Затоа кога ќе почнат да се распрашуваат, да те тераат со сила нешто да им кажеш, веднаш сопри, стави граница, покажи им до каде можат со тебе, а до каде неможат. Колку и да ти се другари најотворено кажи им дека има работи кои се премногу лични и едноставно неможеш да ги споделиш со нив.

Крај краева ако ти се толку добри пријатели/другари ќе сфатат, ако не ќе се лутат, ќе се оддалечуваат и ќе воочиш дека се обични серадознали луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom