„Гугл“ го обновува антички Рим во 3Д
Според „Гугл“ вака изгледале Колосеумот во Рим и побогатите куќи во центарот на големата империја
Новата иновација на „Гугл ерт“ ветува патување низ времето до Рим во 4 век. Големи напори беа вложени за да се претстават античките згради во 3Д, а резултатите, сепак, се измешани.
Сега антички Рим може да се посети виртуелно - како 3Д модел достапен преку „Гугл еарт“. Во соработка со универзитетот Вирџинија, различни истражувачки институции, и неколку компании специјализирани за 3Д графика, „Гугл“ конструираше реплика на градот во 320 година н.е. Во тоа време, градот беше во врвот на архитектонската и технолошката слава. Проектот официјално започна во четвртокот со многу помпа и благослов од градоначалникот на Рим.
Бернар Фришер, директор на проектот „Прероден Рим“ на универзитетот Вирџинија, зборуваше за дигиталното откривање како „уште еден чекор во креирањето виртуелна временска машина која нашите деца и внуци ќе ја користат за проучување на историјата на Рим“.
Сепак, шетањето низ дигитален Рим не е целосна радост. Видливи се само дел од над 5.000 згради, а тие потсетуваат на картонски кутии. Дури и кога се користи најсофистициран хардвер, зградите исчезнуваат додека се пробивате наоколу, како 3Д компјутерска игра програмирана во 1996 година. „Гугл“ препорачува користење компјутерски систем што би натерал дури и најзакоравен компјутерџија да се воодушеви. Останатите можат да преферираат да се ограничат на брз преглед, или подобро да ја прелистаат големата книга. Повеќето згради се без површинска структура, па дури и најдеталните реплики како Колосеумот и Константиновата порта, го имаат шармот на архитектонските цртежи или картонски модели. Еден поглед кон оригиналниот шаблон, моделот „Прероден Рим“ на Универзитетот Вирџинија, јасно става до знаење што треба да гледаме: верно претставени реплики со површинска структура и цврсти, уверливи згради.
Подетален модел на Рим може да се види во форма на неодамна објавениот комплексен филм во 3Д анимација, кој наскоро ќе биде прикажан во специјален театар веднаш до Колосеумот во срцето на стариот Рим. Најкорисниот дел од Рим на „Гугл“ се испишаните текстови: со кликнување на жолтите маркери корисниците можат да добијат интересни информации за поединечни згради на нивниот екран, а понекогаш и линкови за натамошно информирање. (Шпигел)